Феминки сигурни сте дека ќе биде Странствувањата на Чарлс Харолд или Евгениј Онегин? Од кај се толку професорите информирани?
Како што пишав во СДК, значи ја одбранив проектната матурска задача со 5 со сите можни 12 бода, за тоа се согласија сите професори. Кај сите комисии е различно, зависи од професорите, кај мене се одеше како што треба, како што е предвидено, освен тоа што ми кажаа одма дека ми ги даваат сите бодови од што беа задоволни, најмногу зошто ги одговорив опширно сите нивни логички прашања кои не беа во проектната, а беа поврзани со неа, а обично излегуваш барем по економскиве предмети е така, се договараат тие меѓусебе кој-колку ќе даде а додека презентираш ти ја разгледуваат проектната и може да запишуваат што ќе те прашаат (кај мене не пишуваа) и потоа менторот излегува и ти кажува што оценка имаш и со колку поени. Без нервози, без стрес, барем кај мене како што седев на елипсоидната голема маса и сите тројца карши мене пред да влезам имав онака страв и возбуда, откако влегов не почувствував ништо, само на почетокот додека се прилагодив, ама откако почнав немав гајле. Гледав и во нив во очи, и во книгите позади нив, и кроз прозор...се на се зависи од комисијата, прашајте другите од вашиот предмет како поминале, зошто пр. по Вовед во право ги прашувале прашања, а тие прашања се всушност пасуси од проектната и така раскажуваш, ама секако не кажуваш се туку тоа што ќе те прашаат, јас не би сакала така, би сакала да си раскажам се. Имав многу практични примери покрај теоријата, каква и да е проектната се ценат примерите, знаеме нели дека теоријата и праксата одат заедно. Е сега, не даваа толку поени на оние кои ги имаа набубано проектните, или не одговориле прашање по она што ги слушнав. Отприлика 10тина минути се збореше, другите 10 се за прашања барем кај мене беше нешто пола-пола, после раскажувањето доста опширно ги одговарав прашањата, па затоа. Се зависи од проектната и комисијата дефинитивно, ама како и да е не треба паника и страв! Ја што сум голема паничарка чим тоа го кажувам, значи така си е!
И јас си ја бранев во петокот. Добив петка . Не беше ништо страшно, напротив сите беа опуштени па дури и професорите. Ова беше како почеток на полагањата, тешкото допрва не чека.
Луѓе јас утре сабајле ја бранам проектната. Вака нешто битно кога е ми се случува да заборавам најбанални работи. Па така еднаш на едно полагање си го заборавив името . Се надевам нема и утре вакво нешто да ми се случи
Ајде со среќа женски не се сомневајте во своето знаење секако ако сте ја научиле убаво, па на крају краева ваша проектна и од тоа конкретното што е во проектната колку и да знаат комисијата за таа тема, не може да го знаат она што сте го вметнале внатре повеќе од самите вас Поддршка! Па чекам да пишете дека сте прошле и вие со 12ка
Еве и мене ми потврди професорката по македонски дека темата за есејот поврзан за романтизам ќе биде за Евгенј Онегин и Чајлд Харолд, а што конкретно ќе ни кажат на денот на полагањето.
Па тие се информирани за се’. Еве и мене ми потврди професорката и Плавуша истото го напиша, значи сигурно е.
Кај нас никои ништо не спомнува за есејот, се надевам дека ќе биде Евгениј Онегин, не е некоја досадна книга(за мене), а и двете ги имама читано, дури за Чајлд Харолд ми се има паднато на писмена.
Значи се работи за лектири и дела. Како што знам делата одат во есејот за матура, а лектирите не. На пр. лани за реализам беа „Злосторство и казна“ и „Чичко Горио“, што мислиш нема други дела од реализмот освен тие? Има секако, ама се обрнува внимание обично на 2 дела. Не сите средни (гимназии и стручни) ги работат истите книги. Еве на пр. Старбакс ја немаат работено Вертер, а ние ептен опширно ја работевме, додека пак тие ја работеле Егениј Онегин, а ние досега не па ќе ја работиме пред крај. Значи не може во есејот за матура за 5 книги паралелно да пишуваме, а вака претпоставувам ќе биде нешто како лани низ тие 2 дела, или компарација или контраст, често сме пишувале (барем во нашето школо) така тема за писмена низ 2 дела. Ама ова е за есеј само, не за цел тест! Во тестот може да има за било кое дело, така што есеј ќе спремам низ овие 2 дела, а од прирачникот ќе учам отприлика се.
Среќа што постое прирачникот, ние има доста дела што немаме работено. Еве скоро читав во прирачникот го има делото на Шекспир „Ромео и Јулија“ ама ние го немаме работено, од него ги работевме „Хамлет“ и „Сон на летната ноќ“(кое го нема во прирачникот). Секое училиште различно.
И кај мене истото го кажаа, тие 2 теми се со сигурност.. И во останатите училишта истото им го имаат кажано!
Да се пофалам денеска стасаа резултатите и 5ка со 12 бода. Е сега сакав да ве прашам нешто, јас најдов 2 книги - прирачници за матура едниот е постар од Билјана Богданоска а другиот е понов од Ленка Панчевска.Лани во моето училиште нагласиле да се користи овај поновиов затоа што имало изменети работи. Па да се советувам и со вас што планирате ,од кој да учите ?
И нас лани ни беше пофален новиот, дури имаше и масовни порачки на книгите преку училиште. Лично јас, бидејќи доста рано почнав да учам, го прочитав прво стариот, а новиот го ископирав од тие што купија и го прочитав и него. Воглавно се истите работи, не паметам да имаше некоја битна разлика. Не паничете воопшто, прашањата што се паѓаат не се скриени „во левиот агол под сликата“, туку баш она да се види колку си научил и разбрал. Ехх да можам да си се вратам во средно, би полагала уште 10 матури и тоа без ронка страв (сигурно и факс кога ќе завршам истово ќе си го велам за испитите ). Поздрав матурантки, па за некој месец само за одлични резултати да читаме
Јас ја бранев проектната во петокот и еве денеска резултатите ги добив дека ја поминав со 12 бода ! многу сум среќна , значи ми се исплати трудот...