Луѓе дали е битно која цел на дознака стои на уплатниците, малце ја утнав работата и напишав на сите исто, може ли е да ми направат проблем?
Дали за распоред на документите го следите тој од изјавата за пополнети документи или од веб страната на факултетот?
Предметите треба ќе ги најдете на веб страните Тие за индекс и легитимација се лепат, но ако ви пишува посебно имајте ги посебно и носете си лепак со вас во случај да ве вратат http://medf.ukim.edu.mk/?page_id=2461
Фала ти и јас така направив. Внимавај само кај изјавата за веродостојност, на изјавата не е спомната а на страната на ФИНКИ стои дека треба да се стави.
И јас така мислам и се надевам така е, само за последната уплатница пишуваше цел на дознака за другите немаше наведено и помислив за сите треба така исто да се напише
За тие што сте на медицински факултет, дали утре ќе ги носите и изјавите со документите или не? Бидејќи не пишуваше за нив…
Здраво на сите. Јас се уште не сум регистрирана во iknow системот, а сакам да се запишам на еден од факултетите во втор уписен рок но немам опција за регистрирање во iknow системот на уким. Ве молам доколку сте информирани да ми напишете дали има некаков технички проблем или не можам да аплицирам бидејќи досега се немам регистрирано во системот.
https://www.upisi.ukim.mk/Account/Login.aspx?ReturnUrl=/ Пробај на овој линк. Затоа што кога бараш iknow може да ти излезе системот за више запишани студенти. А ако несака ова најдобро јави се за да прашаш.