Откако ќе не внесат во системот ќе стигне mail за да можеме да си направиме акаунт на iknow. Мислам после таму ќе стигаат информациите ама не сум сигурна. Барем вака е на економски.
Дечки, ве молам помош! Каде можам да добијам потврда за редовен студент? И ако треба да се прати барање, каде го има образецот за барање за потврда за редовен студент бидејќи јас во iknow не можам да влезам после уписи, блокиран е сајтот.
Ќе мора да одиш на факултетот. Јас вчера извадив не ми требаше барање. Мислам само на студентски прашања треба да одиш и таму ќе ти кажат што како.
како да извадам уште еден договор за студирање? биедјќи пишува дека треба два примерока..дали треба нов да купам уште еден или што?
Од линков ќе си симнеш и испечатиш два примерока од соодветниот договор http://medf.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/09/Запишување-на-примени-кандидати.pdf
Конкурс за прием на студенти во државните студентски домови - Кои документи се потребни ги има овде. За бруцоши не требаат само под број 3 и 4.
Поднесе некој документи за упис вчера? Апдејт за фотографиите? Залепени или не? Како приемно бројче го пишувате бројот од пријавата за конкурсот или на лице место даваат друго приемно бројче?
Зависи за кој факултет те интересира бидејќи на секој факултет поднесувањето на документи беше разчично, барем така мислам
Па во книжара ти ги даваат потребните документи плус индекс и студентска легитимација ( на овие треба да ги залепеш сликите) потоа ги потполнуваш пријавите. Сите документи ги ставаш во плик кој ти го даваат во книжара и на него пишуваш име и презиме плус бројчето што ти го даваат во индексот. Ќе го однесеш пликот на факултет и толку
Дечки за вториов уписен рок тие што сте, на iknow можете ли да ja потполните пријавата? или само кај мене не може..