Здраво девојки, ми стаса маил како да се најавам на microsoft teams и се направив како што треба, но на крај за ресетирање на лозинка го дава ова, дали некоја има слични искуства? Фала ви!
Не се секирај, на сите ни беше овака. Треба да одиш на заборавена лозинка и автоматски ти праќа линк на маил (твојот личен) и имаш 30 минути да ја смениш лозинката.
Да го направив тоа но после не ми кажува успешно променета лозинка туку “невалиден токен за ресет на лозинка”..:/
Оди повторно на заборавена лозинка и штом ти стигне на маил веднаш ја ресетирај. Има одредено време колку е валиден токенот, 30 минути мислам беше откако ти е пратен
Мене веќе ми ги дава задолжителните погоре и професори но кога ги вметнувам изборните,кредитите не ми се совпаѓаат
Во тој случај најдобро е да прашаш некој од колегите што имаат да кажат и кај нив каква била ситуацијата.
здраво, како да ги запишам предметите на iknow кога воопшто не се појавуваат? ми пишува дека имам 0/35 кредити и нема опција за предмети. исто така во делот со запишување семестар нема опција за бирање (бидејќи во упатството вели дека треба да се избере и кликне “внеси”) туку само си го пишува зимскиот семестар.
Тоа со запишување на семестар кај сите е така, не можеш да избираш кој семестар ќе го запишеш туку можеш само зимскиот што доаѓа сега. И затоа кај сите дава само внеси. Прво кликни на тоа внеси и треба да ти излезе дека семестарот е успешно запишан. Потоа оди кај запишани предмети, тоа ти е поле до тие за соопштенија и запишани семестри. Таму со стрелките ќе ги запишеш предметите. Ама запишувањето на предметите прави го од на компјутер, бидејќи на телефон не ги покажува предметите.
Тоа 35 кредити ти е лимитот на колку кредити може да имаш во еден семестар. Не значи дека треба да ти е точно 35 може да ти биде 30 зошто типична бројка на кредити ти е 6, бар така е на мојот факултет. Значи јас ако имам 5 преднети и еден вреди 6 кредити тогаш тоа ти е 30 кредити. Имаш и предмети по 2, 4 кредити. Сепак зависи до твојот факултет, погледни си ги предметите за прв семестар колку кредити имаат и дали кодовите ти се совпаѓаат со тие во iknow.
Немам опција за “внеси,” и кај запишување предмети дури и од компјутер нема опција со стрелки и предмети.
na iknow predmetite mi se avtomatski najverojatno zapisani od fakultetot, ja nemav opcijata so strelkite. no, ne mi e vnesen izborniot predmet i ne znam kako da go vnesam otkako se e zapisano. nekoj vo ista situacija?
Дали на твојот факс има за прв семестар изборни? Бидејќи доколку имаш доволно кредити не треба изборен
Дали некој има некаква информација за прв академски час на ФИНКИ, дали воопшто ќе има, немаат никаде ништо објавено.
Некој што е на економски знае ли како да знаеме кои кодови да ги ставиме на teams, затоа што за секој предмет има по 2ца професори а незнаеме кој ни е?