Ќе морам да пишам едно мислење по друго, но што да правам Имате некакви информации во врска со Англиски , што ќе има за пишување ?
^ За тоа ништо не се знае, и лани ништо не знаеа, само македонски кажуваат, а вториот екстерен не. Затоа и ги учиме сите типови есеи 4 се, има и свои подтипови и најтешко е да се препознае на есејот темата каков тип ќе бара, а различно се пишуваат, со различни линкинг-зборчиња, кај некои смее свое мислење и осврт, кај некои само факти (бројки, проценти најчесто измислени) како што пишуваме ние сега пр. за Невработеноста во Македонија, за криминал и така.
Фала ти Плавуша . Гледам дека ти си најполна со информации. Ако дознаеш нешто ново обавезно да пишеш тука.
^ еее па и ти сега, инаку се што дознавам пишувам тука таман работа не ќе криеме секој колку може помага, макар и да не е точна некоја информација ќе ја напишам за секој случај па ако испадне неточна и тоа. Боље ишта него ништа а инаку за ова англиски колку што памтам од другаркиве лани ништо не знаеа за есеите ни вооопшто за тестот, а и ништо не ни учеа општо само од курс и часови што си знаат и извадија високи 4ки и 5ки, имаа само неколку часови за видови есеи и кој есеј како се пишува и викаат само тоа го учиш и можеш да прочиташ уште нешто, нели јазик широк поим и тоа А нема ни што да се каже во врска со есеите додуша, ако ни го кажат типот на есеј пр. Expository и сите ќе знаеме како се пишува и затоа не кажуваат
Па да во право си. И сестра ми не обрна многу внимание на англискиот па доби петка. Голем минус кај мене е тоа што не ме бива за пишување, а јазикот си го знам перфектно.
Ќе се снајдеш, а и најголемиот дел од тестот е читање-ридинг компрехеншн и пишувањето два текста. Само да нема молба, жалба, известување и сл. ако е формално писмото, ако е СВ за вработување и некако ајде тоа стои во програмата. Сепак повеќе сакам неформални да се писмата, на пр. постер за концерт или реклама, за промоција на некаков производ, нечиј дневник (тоа со тајм-тејбл во 2ч. тоа и тоа, во 3:30 п.м. тоа и тоа, онака неформално) и така, тоа полесно е, а и може да се импровизира, а кај формалното писмо мора да е така како што треба.
Чисто да се вмешам за англиски, едното ќе ви биде за комуникација, значи писмо, а другото е есеј. Досега формално дале само еднаш како што јас знам, се е неформално и треба да одговорите на покана, да напишете белешка да ви го вадат цвеќенцето, на пример ... Мали се овие, до кај 90 збора. Мислам дека намерно даваат неформално за да обрнете повеќе внимание на есејот. Кога пишувате есеј, видете дали е прос енд конс, дали само причини и примери објаснувате и набројувате. И обавезно параграфи и линкинг уордс. Треба да имате издвоено вовед, главен дел и заклучок. Главниот дел после делете го. Пример, ако треба да пишувате прос енд конс, главниот дел ќе ви има два параграфа, едниот прос, другиот конс.
Луѓе да прашам. Сестра ми е матурантка и ќе полага матура нели. Има некој досега во овие години што паднал? Или сите си поминуваат?
Не, не проаѓаат сите, кај мене знам за 1 што паднал англиски, и неколку математика, меѓу кои и една другарка.
Добро, и треба да паѓа некој. Во средно пола и повеќе со единици, и после гледам сите положиле. И како што читам препишувале, срамота.
Ме интересира дали ви ја имаат кажано темата за есеј по македонски за оваа година? Кај нас професорката спомна нешто дека ќе се паднела тема од роматизмот, односно делата ’Гарванот’, ’Странствувањето на Чајлд Харолд’ и ‘Евгениј Онегин‘