Па, јас тоа го велам дека не беше фер за претходната генерација и за оваа а верувам и за следните две... претходната генерација штрајкуваше и барем успеаа да добијат скратена програма, во најмала рака и ние го заслужуваже тоа (воедно и ние ги поддржувавме). И да нема логика што претходната генерација полагаше матура како што реков треба да престанете да барате логика во нештата бидејќи кај нас ја нема.
А ако не полагаме државна матура шо ќе биде со тие шо сакаат странство да се запишат? Конкретно еве за мене сакам Словенија и најважен ми е резултатот од матурата а ако не полагам ќе се промени нешто или јок Словенија...?
Епа токму за во странство матурата воопшто не ти е потребна бидејќи во странство претежно имаат приемни испити. Она што ви е потребно е диплома која кај нас ја земаме дури во јули поради матурата. Не знам како е точно за во Словенија меѓутоа лоши резулатити од матура може негативно да ти влијаат, а не фактот дали ќе полагаш или пак не.
Аоо е ова не сум го знаела. Сеа барам некој познат шо е 2001 шо не полагаа матура а се запишаа странство, не ми текнува.... Не знам кај да проверам за сигурно
Матурата колку и да не е објективна сепак прави некакво рангирање при уписи. Без матура (а и без приемни испити) сите што биле 5.00 конкурираат и настанува општ хаос особено на факултетите каде има огромна конкуренција. Знаеме како се ставаат 5ки кај нас па така влегуваат секакви по факултетите а оној што навистина треба да влезе нема да влезе. Матурата е потребна за тие што сакаат да се запишат во високото образование а за оние кои не планираат да одат на факултет можат да си земат завршен испит.
Факт е дека и на матурата се прават далавери, ама не можи да не постои. Јас сум да се зголеми тежината на прашањата, малку да биди покомплексна, да бара солидно мислење и примена на претходни знаења, логика, снаодливост и сл. На ужасно ниско ниво е сведено знаењето од средно, сите се максимално распуштени, па тие од четврта година едвај се јавуваат на училиште, камоли да учат.
Дали некој знае дали е можно да студирам вонредно во Македонија а да живеам во друга држава и дали ако после земам мастер во другата држава ќе ми се важи дипломата?
Здраво, дали некој знае кога е последен рок за полагање на интерни испити. Дали се завршува до 23 јуни или покасно?
Македонски имаше еден прирачник од тој спремавме матура порано, а за англиски вежбавме со професори од сите книги што ни биле 4г.
Vlegov vo edna, ama ovaa ko da ne e za prepishvenje. Nekoj koj znae nekoja za prepishvenje, neka mi pishi. Barem za 3ce ili 4ce (po mozhnost i temata od esejot da ja doznaam predvreme), nishto poveke.