Јавно признаваш па и се фалиш дека не си ја работела својата работа како што треба, напротив си ја работела сосема спротивно од твоите задачи. Лудница.
Не е лудница. Само споделува како и било нејзе колку непотребен стрес и не сака и на другите така да им биде. Викаш не си ја работела работата како шо треба, а шо у вукојебинава наша се работи ко шо треба? Барем она имала совест за разлика од некои...
Какво револуционерно мислење! Други не си ја работат работата па нема ни јас! Европо чекај не, доаѓаме... за 50 години можеби. Епа после не се жалете дека се е дисфункционално во државата.
Кога ќе излезе конкурс на УКИМ си пишува се’. Мислам извод, државјанство, сведителства 1-4, диплома, и останати документи кои се од самиот факс
Знам. Ама не бев сигурна. Сакав да прашам конкретно, за извод и државјанство, колку време не требаше да бидат постари?
Оф, или 3 или 6 месеци, ама не ме фаќај за збор. Ако можеш извади си додека нема гужви. Потоа во август е хаос и им паѓа системот или немаат струја
Ајде кажи каде прочита дека не сум ја работела својата работа, почнато на време, завршено на време, мобилните телефони им беа земени, имаа пауза по 5минутки, еден по еден излегуваше, немавме никакви неегуларности. А, ако не си строг или ако им кажеш некое прашање не е ниту правно казниво, нит неетички... Исто така пред да предаде секое дете тест проверував дали пишувал печатно или ракописно, дали заокружил се во решетката, дали решетката е на првата страна... што сакаш мисли, едноставно сакам да им олеснам на децата И набљудувачите кога поминуваа ако ги прашаа децата одговараа и не беа вообразени така да валјда не ги знаеш правилата
Па сама кажуваш дека си им кажувала прашања на учениците, нели ви кажаа дека тоа е строго забрането, дека треба да спречувате препис а не да учествувате во него? Види, не сакам да се замеруваме ниту да ја терам дискусијата на страна од темата, верувам дека тоа што си им помагала било од алтруистички причини и сето тоа го разбирам и го почитувам, но матурата постои со причина, меѓу другото и за да се види знаењето на учениците за понатамошно студирање. Со тоа што влијаеше на процесот ти помогна на една група да добие подобар но и нереален резултат додека други групи во кои тастерите си ја вршеле работата т.е. не дозволувале препис, се сега оштетени иако и во таа група имало ученици кои се спремале и учеле за испитот и се надеваат на добар резултат за упис во некој факултет со силна конкуренција. Системот е лош, би го сменил уште денес но тоа е што е.
Системот дефинитивно е лош. Безразлика колку многу денови трошиш за матурава, секогаш има такви кои без никаков труд си препишуваат и влегуваат на посакуваните факултети. Треба еднаш засекогаш да се укине матурава и да се воведат ПРИЕМНИ ИСПИТИ!
но матурата постои со причина, меѓу другото и за да се види знаењето на учениците за понатамошно студирање. ---- Хахаха, значи дека ако не знаеш у момент да напишеш есеј од 500 збора ради блокада на мозок и стрес и паника, нема да можеш да влезеш на Градежен, Економски, Машински ? Не пишуј глупости молам те олабави од темава, од тие 15 листови матура ти зависи животниот пат.
За жал целта на матурата е тотално промашена . Дефинитивно не може да се провери знаењето на матурскиот тест што ученикот го стекнал. Јас разбирам дека треба да постојат такви типови на испитувања , но матурата дефинитивно не е мерило на знаењто . Ќе беше многу подобро да имаше приемни испити на факултетите и секој ќе се спремаше стриктно за тоа што сака да го продолжи понатаму . Никој неможе да оцени некој со 15 страни што се полагаат три-четири сати , а материјалот од 4 години . Матурата е најголемата глупост дефинитивно треба да има приемни и секој ќе знае на што е . А тоа за просекот ако некој сака да се спреми ќе се спреми јас лично бев преспремна македонски , а и англиски ама сепак нереално е да се оценува ученик на материјал од 4 години.