Сигурно идните бруцоши сте поупатени со информацијата за излегување на конкурсот за уписи оваа година. Кога да се очекува? Јас кога се упишував дури во јуни го купив, ама знам дека порано излегува.
Ај дајте ми линк да ги видам сите конкурси на факултетиве баш ме интересира. Инаку вие каде и на кој смер?
Презентација на проектот ми е презакажана за некој ден од наредната недела. И така не бев подготвена за оваа сабота, вака барем викендот ќе се подготвам подобро. Јас планирам да продолжам фармација, па ќе видеме.
Ја на Економски на УКИМ, финансиски менаџмент. Ми кажаа дека квотите ќе бидат исти како лани, ама ме интересира за другиве факултети што-како, а и официјално да видам за мојов, што е сигурно-сигурно е Ако ги најдете квотите онлајн пратете линк овде
Лелееее па што не ми кажа ја не видов никаков додаток Ај ако ти се при рака ко ќе можеш напиши ми ги за Економски, да видам дали се исти како лани?
Општо на економски во државна квота се 698, приватна 465, а конкретно на финансиски менаџмент се 104 со 63. А за плаќањето, (годишно) 200Е плаќаат оние што се во државна, а 400Е приватна квота.