Здраво, може ли некој да ми каже како оди ова за упис на факултет, колку се плаќа годишно ако си во државна квота а колку ако си во приватна квота, дали за вонредно се плаќа дупло ? Дали може на пример да работам , и да сум осигурена, а пак да студирам? Благодарам.
100 евра по семестар државна квота, 200 приватна. Иста цена е и за вонредно, ако факултетот има опција за вонредни студии. И секако можеш без пречки да работиш и студираш.
За сестра ми прашувам. Пред 5 години има полагано матура, дипломираше веќе на еден факултет, но сака да запише друг факултет сега што смета дека ќе и биде попросперитетен. Со овој нема најдено работа и мисли дека можела да направи подобар избор. Дали матурата ќе и се бодува исто со оглед на сегашните измени што ги имаше последно време за матурските полагања?
Пишува упис со успех од средно прв рок на 30 и 31, а со успехот од средното образование и според проверката на знаења и умеења. Јас што сум со гимназија а сакам ветерина значи треба да се запишам до 31ви?
Со проверка на знаење се мисли ако има приемен испит, провери на страната дали ветеринарен факултет има приемен, ама мислам дека нема.
Во август при крај ко шо памтам јас аплицирав. Можеше и последните денови од јули мислам. Го имаш цел август за тоа, рано е сега.
Многу поголеми шанси да се упишеш на факултет по твој избор од Македонците. Ако не си Македонка или планираш да лажираш, тогаш имаш опција да се упишеш на кој факултет сакаш со многу пониски поени отколку Македонците јер ено опшество за сите. Секако ова не е гаранција, има и други членови на обесправени етнички заедници или Македонци кои сакаат да го искористат системот и ќе ти бидат конкуренција. Пример еве, за Македонец да се упише на општа медицина му требаат 99 поени, ти како Албанец/Србин/Ром/Турчин/Кинез/Банту можеш да се упишеш со 70, секако во зависност од конкуренцијата од таа етничка заедница.
Девојки, дали има многу Албанци кои се запишуваат на општа медицина на УКИМ (низ годиниве наназад)? Прашувам за пријателка која има план на национална да влезе. Фала ви многу
Албанците не се дел од тие квоти, тоа е за малцинства, тие се во огромен број. Другарка од средно Босанка така се запиша, но го отпиша одма факултетот, џабе влегуваат во тие квоти со послаби поени, само пари да им земат за семестар. Ако немаш од средно високи поени, значи немаш некоја навика за учење, медицина не е лесно, затоа се примаат луѓе само со високи поени. Плус тоа е за луѓе со врски да пикнат таму, подобро ти е за Штип да си пробаш, па и полесно ќе ти е таму. Имам во фамилија многу медицинари, од нивно искуство ти кажувам. Немам поврзаност лично со факултетот.
Дали знае некој како се пресметуваат поениве за екстерните предмети? Знам дека си пишува на конкурсот ама навистина не ми е јасно не можам убаво да пресметам, некако броевите ми излегуваат неточни