Вака пресметано јас англиски екстерен би имала 10.0242 поени а имам 4ка. А другарка што има 5ка има низок перцентилен ранг, т.е 21.3. Прашањето ми е доколку поднесам јас приговор, а имам високи перцентили, дали ми се исплати да имам пример 5ка со ниски перцентили или воопшто да не поднесувам приговор? Логички 5ка би била подобра од 4ка ама штом низок перцентилен ранг носи помалку поени не сакам да се зафркнам и на крај со приговорот да имам помалку поени
Прати приговор, подобруваат и перцентили и оценка, а колку што се сеќавам двете ти требаат за пресметка. Не, не носат поени
По кој предмет 5ка е со 21.3? Изгледа за различни предмети гледаш. Ако поднесиш приговор и ако ти се усвои ти се зголемува перцентичниот ранг, а можно и е оценката да ти биде 5ка. Пример (бројкиве се онака да имаш претстава) англиски имаш 4ка со 85,56, најслабата 5ка е со перцентилен ранг 88.11, е сега ако тебе ти усвојат приговор ќе ти качат 88.11 перцентичен ранг и оценката ќе ти е 5ка. Перцентилниот ранг значи колку твојот тест е подобар од останатите матурски тестови. Нема 5ка со перцентилен ранг 20, а 4ка со 80 по ист предмет.
Она полагаше германски а јас англиски. Мене ме збуни тоа што ако се запишуваме на ист факултет на пример, таа 5ка ќе и носи 7.278 поени, а мене таа 4ка ќе ми носи 10.02. Штом се зголемувал перцентилниот ранг и не може да се намали со зголемување оцена е добро.
Носи помалку таа 5ка дека има многу низок перцентилен ранг, малку чудно, ама така е различни предмети.
Поднеси, ништо нема да изгубиш освен 1500 денари ако не ти го прифатат приговорот. 5 во секој случај е подобро од 4, не би можеле да ти се намалат поените ако ти стават поголема оценка, логично. Јас знам луѓе на кои им поправија, е сега дали така по пропис или со врски не знам...
Како е можно луѓе лани да влегувале на факултет со 100 бода? Некој професор во училиште ми спомена дека на матура не можеш да добиеш 100% и ме зачуди?
Здраво не можев да најдам соодветно место каде да праша.На пример сега јас сакам да се запишам на факултет во Штип,но бидејќи немам некој познаник за да делам стан.Имам пријатели што ќе се запишуваат Скопје,па дали се исплаќа да живееам во Скопје,па да патувам со Абтобус до Штип.И ме интересира дали постој можност да се вадат месечни карти за автобус?И дали се исплаќа?
Можеш да патуваш ама напорно е, обично прва година оние кои немаат познаници одат во студентски дом, наоѓаат другари и одат наредна година под кирија. Има месечни, секоја компанија си има свои цени. Најчеста беше Струмица Експрес, прашај некој нивен возач за месечна.
А има ли некој така што патувал да знаеш до сега ? И дали е возможно така пошо ја имам стан во Ск и сега размислувам дали да се патува или стан да земам Штип под кирија.
Zdravo. Ne znaev kade da se obratam oa sakav da prasam dali moze nekoj znae dali decata so posebni potrebi se oslobodeni od polaganje matura?
Има деца што патуваат од другите градови за Скопје така секој ден. Напорно е, дали сега се исплаќа не знам, цените за карта не ги знам. Најдобор е да се распрашате, затоа што зависи и колку би патувале, на кој факултет ќе сте, како ќе биде наставата од октомври, колку ќе се оди физички.
Dali moze da mi kazete na koj nacin moze da se prefrli od stip vo skopje na medicinski opsta medicina
Да, познавам такви луѓе што патуваа Скопје-Штип секој ден, се постигнува но исцрпувачки е. Јас мислев исто да патувам така ама ништо не излезе од планот.
Исто така гледав дека медицинскиот факултет во Штип обавува и некој дел од праксата во Систина во Скопје.Дали тоа е точно или?