И јас одбранив со 12бода т.е 5ка. А за факултет се мислма нешто од медицинските смерови, а можеби и општа, се зависи матурата.
Значи мислењево го пишав у темана „Кој факултет да го одберам“ Добро е, на мојот смер квотите исти како лани. Супер, фала ви женски. Освен Економски, другата желба ми е Електро. Неостварена ќе ми остане, да завршам Електро, го сметам за најважен, најтежок и најдобар факултет, а потоа и најбарана професија, докажано. Ама ех, кој да го заврши. Него, уште малце ни остана па завршуваме, кој ќе учи за матура Ете пишува примаат само 30 редовни студенти со кофинансирање - плаќаат 400 евра. А за смерот на факултетот види по другите теми
Јас дури во четврток ќе го бранам проектот. Вчера го учев, уште неколку станички ми останаа. Го учам на памет, знам дека е лошо тоа, ама не знам на друг начин. Преска зедов да и’ го раскажувам на другарка ми, се сопнав уште во воведот. Малце ми е тежок воведот, треба уште малце внимание да му обратам.
Инаку да се пофалам, денес ја одбранив проектната со максимум бода А по другиве предмети, македонски си читкам по 1 дело од литература секој ден и добро ми оди, а хемија ќе треба убаво да седнам и да повторам се
Јас ја бранев во саботата.И задоволна сум од одговорот,само малку на крај се закочив. Али ништо страшно не беше, комисија полесна амин. Се надевам на 5ка, неделава треба резултати. А за учење,одвоив време само вечерта пред да ја бранам наредниот ден.. И така
ЗНАЕ ЛИ НЕКОЈ НА КОЈА ДАТА СЕ УПИСИТЕ НА ФАКУЛТЕТ? овде: http://www.fakulteti.mk/Documents/Upisi ... 2-2013.pdf пишува СЕ, само не дата/и! (освен ако ептен не сум слепа па да не видов) Исто така знаете ли кога се уписите за во студентски дом? Кои документи се потребни за таму? Благодарам однапред!
30 и 31.8.2012-прв уписен рок, 13 и 14.9.2012-втор уписен рок, 21.9.2012-трет уписен рок Имаш табела, а под неа и Документи за пријавување и запишување, точки IX и X
значи ова се датумите откако ке ве примат па тогаш отиде да уплаќате итн.. датумите за пријавување се всушност кога ги поднесувате документите (да не се збуни некој)
да да, знам и јас сега видов датумите за конкурирање се 16,17 август за прв рок а за студентскиве домови да не знаете случајно каде можам да прочитам кои се процедурите за таму?
И кај мене успешно одбранета проектна со 12 бодови. Го научив целиот проект, а само 5 мин. се задржав таму. Од воведот само 2-3 реченици кажав, ме прашаа зошто сум ја одбрала оваа тема, што за мене претставува Мисирков и која е целта на проектот. Многу ми беше страв, се тресев целата, ама фала Богу помина.
Браво за сите нас што најуспешно ја пројдовме проектната Веројатно македонски нема да има молба, жалба... такви некои глупости. Колку што знам пред 3 години имало, од тогаш наваму не. Само уште 9 работни дена до последната недела од школо а вкупно 13 од кои последните 3 тешко дека ќе ги одам, може 10-11, ле-лееее!
Можно е да има ама не знам колкава. И до полагање ќе знаеме за кои дела ќе имаме прашања?(ми се чини тешко)