Некој спомна дека штом имаме матура дипломите од натпревари не се важеле. Единствено ги земале во обзир пред 2 години кога матура не се полагаше
Дечки, на документите за веродостојност и согласност, во делот "место" го пишавте вашето родно место или градот во кој се наоѓа вашиот факултет?
Zdravo. Sakam da prasam za studenti sega shto ke se zapisuvaat prva godina treba da se odi vo Skopje da se odnesat dokumenti i koga dali moze nekoj da objasni. Blagodaram mnogu
Треба да се запишеш прво преку iknow потоа се носат таму, е сега незнам дали треба на 30ти август или после откако ќе те примат.
Зависи од факултетот, на некој треба да се носат на 30ти на некој не. На медицински на пример треба и на 30ти да се носат па потоа доколку те примат дополнително се носат други документи. Најдобро јавете се прашајте во факултетот.
Здраво, јас сега ќе се запишувам на факултет, и сакам да се пријавам преку iknow системот, но има еден проблем. Во средата се регистрирав и после требаше да се најавам, лозинката не ми беше точна, а вистинската ја напишав. Пробав со опцијата заборавен лозинка но ништо не ми стигна на маил за да ја сменам, па затоа се регистрирав уште еднаш со друг маил и друга лозинка и се беше во ред, се најавував и одјавував без проблем. Денес, седнав повторно да дополнам се она што ми остана од пријавата за да ја завршам, и кога го внесувам матичниот број ми јавува грешка. Ми се отвора прозорец во кој пишува дека матичниот број не е точен затоа што имало и друг профил со тој матичен број. Успеав да се најавам и на другиот, но повторно истото се појавува. Ве молам помогнете ми, цел ден се нервирам и си патам поради тој проблем навистина би била пресреќна доколку некој е расположен да ми помогне на било каков начин и да ме советува затоа што се ближи и времето, а денес е сабота не можам секако да се јавам во студентската служба, а не знам ни дали ќе може да се оправи мојот проблем. Ве замолувам за помош. Поздрав и благодара однапред.
Здраво би сакала да прашам кога треба да се уплатат уплатниците при упис на уким? На денот на уписите или може порано? Благодарам
Здраво, не ми е јасно електронското пријавување на iknow, на последната страница има прикачување на документи, тие документи се печатат и се скенираат на iknow или се носат лично на денот на уписите?
Прашај на факултетот, затоа што слушам дека на некои факултети годинава не требало ништо на iknow да се прикачи
За да се пријавиш онлине треба да платиш околу 400 денари во пошта и ќе ти дадат уплатници кои ќе треба да ги скенираш, а после ако те примат на факултет плаќаш прв семестар.
Здраво, па мислам требаш да го најдеш лозинката на прв профил, бидејќи за нешто друго не мислам дека има опција.
Истото и јас се прашував. Ги скенирав сите документи како pdf фајлови и кога сакам да прикачам ми вели дека има грешка и не ми дозволува да прикачам ништо.