Па не сум на тие смерови, не знам како е за учење, најдобро да ти каже некој што го запишал тоа веќе. Мислам дека имаат опција за вонредно, барем тие на медф што се. За тоа дали се исплати нешто е дискутабилно. Се зависи кој кај ќе најде работа, колку си снаодлив, колку те бива во работата итн..
Би требало мислам, можеби во приватната квота само ќе си . Ти чим прашуваш и за вонредно, таму мислам големи шанси за упис имаш. Еве нешто од последниот уписен рок годинава успеав да ти најдам да видиш отприлика. http://medf.ukim.edu.mk/конечни-ранг-листи-од-втор-уписен-рок/
Дали има некој што сега ќе биде првс година на машински смер индустриски дизајн? Ако има нека ми пише.
Не се гледа предметот туку оцената од проектната. Што и да избереш е океј, иако убаво е да ти е нешто складно со факултетот што сакаш да го запишеш, за додека ја правиш проектната да си научиш нешто плус чисто за себе што може да ти послужи понатака .
За биологија баш имаш многу идеи... Можеш за некој синдром, на пример за Даунов синдром, синдром Патау... Или некое друго нарушување. Има многу што да се пишува.
Aко некој знае или има некој кој знае да ја прашува дали можеш да запишеш на две факултети еднаш во УКИМ и еднаш да присуствуваш на предавања во двете? Ве млм кажете ми ако имате инфо нешто
Медицина, фармација, градежен, правен, стоматолошки, ФИНКИ исто така имаш опција да завршиш со 3 години. Moжеш да запишеш два факултета, но на едниот мора да си редовен, а на другиот вонреден.
Имам стар прирачник македонски од сестра ми што е постара. Имало некој нов, тој морам да го купам или со овој ќе научам исто? Има нешто плус во новиот прирачник?
Колку што се сеќавам пред неколку години немаше, сега искрено да ти кажам не знам, некој што скоро полагал матура прашај.