Со каква потврда докажувате раководно место во приватен сектор? Конкретно јас 12 години сум сопственик и овластено лице на своја фирма. Дали е доволен историјат од аврсм или да прикачам и текивна состојба? И дали полагал некој испит за адм .управување скоро?
@Petrojka ,те молам ако имаш инфо,за В04-Пом.соработник кое ниво од англиски јазик се полага,ниско или средно?
Дали при интервју во документацијата што се доставува потребно е да се достават договори за работа? И дали се чека 3 часа меѓу доставување на документи и спроведување на интервју?
Дали ако имаш аплицирано на 3 огласа а не се појавиш за полагање на испитот на ниеден, ќе може да аплицираш на друг оглас и да полагаш? Слушнав имало некакво ограничување дали е вистина?
Па во принцип не вреди,заради тоа што најмногу може да се игра со бодовите во третата фаза односно на интервјуто.Така да и да ги имаш максималните поени добиено во претходните 2 фази нема никаква гаранција дека ќе бидеш избран,Без врски нема некоја поента да минуваш низ сите тие фази. Чест случај е и тоа да ја поништуваат постапката особено по спроведување на 2-ра фаза се додека не помине 'нивниот' кандидат.
Ednas probav da vi dokazam deka za na drzavno treba vrski i partija ama mi rekovte ne ne e taka.. znaenje treba.. ok... Treba znaenje na luge mnogu..
Не сум многу активна на форумот. Јас знам дека треба врски ама мислев можеби некој така влегол ,по се изгледа тоа е како 7 на лото. Инаку, имам слушнато дека и зависи која ти е врска и на тоа има ранг хаха
Зависи врската од кај иди.. ако е од министер или премиер е најјако..после имаш од директори тие помалку поени и на крај од чистачи шофери најмалце поени..
Да бе од сите партиски избрани кандидати таму.. баш тебе те најдоја пикадо принцип.. маваја пикадо и баш на твоето име се закачи..
Здраво дечки. Има оглас во судот и иако немам никакви врски би сакала да пробам. Можи да ми кажите дали сертификат/уверение за компјутерски вештини, може да издава и приватна фирма или некои посебни институции? Многу е глупаво да фрлам пари за ова бидејќи на работа тоа и го работам моментално, ама гледам дека треба. И уште едно прашање, во врска со доказ за работно искуство. Дали е доволен документот што ќе го извадам од ПИОМ како доказ за стаж, или можам да им го доставам и договорот за работа? Фала ви однапред, стварно не знам кој би прашала.
Не вреди. Јас имав аплицирано многу оддамна така. Имав најмногу бодови во првата фаза и во втората фаза. Во третата фаза (интервјуто) ми дадоа најмалку бодови. Тие огласи ги отвараат за нивни луѓе. Баш за мојот оглас човекот веќе работел во таа институција. Само не можеле да му дадат поголема функција и плата. Го "отпуштаат" од работа. Отвараат нов оглас за него. Беше Албанец. Кога дојде на втората фаза не знаеше англиски, бараше помош од тие таму што работеа што беа одговорни за спроведување на тестот (иако тоа е спротивно на нивните правила). Немаше соодветно образование. Единствено нешто што беше "релевантно" за неговото работно место беше што на фб профилот имаше повеќе слики со орли, како покажува орел со раката, слики со карти на голема Албанија. Не се мачи, не си ги троши парите и времето, освен ако не ти кажале во партија дека тоа место е за тебе.
Вие што аплицирате на места со средно образование како ги правите документите да ви бидат двата листа (предна и задна) на еден фајл? Направив така со една страна на интернет и ме одбиле не биле целосно прикачени ни диплома ни свидетелства, а убаво се прикачени. Си мислам да не не им ги отворало убаво? Ама па така ќе пишеа дека воопшто немам прикачено. Се изнервирав многу...