Јас не полагам , туку се заинтересирав кога почнав да гледам понудени одговори... Дали се ТОЛКУ неспособни или нарочно даваат опции кои врска немаат со реалноста, навистина не ми е јасно. Со вакви одговори, оди докажи дали точно или неточно си одговорил, кога НЕМА точен одговор во понудените на тестот.
Јас го полагав на 1ви и до ден денес не ме имаат контактирано исто и другар што полагаше со мене со максимум поени.
интервјуата за полагањето на 1-ви завршија и јас имав максимум поени ама не ме викнаа, ја викнаа другарка ми (она имаше масимум поени ама и 9,5 просек од факултет) ги викаат само најдобрите од тие со максимум поени
Фала на информацијава, барем да не сме по 24 часа со мобилен во рака надевајки се дека ке се јават за интервју
Decki, znaete od prilika kakvi prasanja postavuvaat na intervjuto? Ako si megu prvite 5 kandidati, vednas naredniot den posle polaganjeto ti pisuvaat mail za intervju.
Se e gola voda zenski koga jas polagav imase edno devojce od Prilep padna na ispitot posle dve nedeli i se javija za intervju i eve zavcera izlegoa odlukite na stranata na agencijata i taa e primena na rabota e kazete mi sega dali gi primaat samo najdobrite.....
Не знаев каде да го поставам прашањево, ако има посоодветна тема ве молам префрлете го. Ви го отвара ли сајтот на Агенцијава за администрација? И дали при пријавувањето заглавувате кај работното искуство? Нит можам да внесам нешто, нит да одам понатаму, а огласот е за место без работно искуство.
можно е да има многу што се пријавуваат.Почекај до полноќ. МОже им паѓа системот. Исто провери си дали се пополнуеш како што треба
Секогаш кога има нов оглас е така,не отвора сајтот некое време, но утре мислам дека ќе можеш да аплицираш кога ќе се намали гужвата. Јас полагав,положив со максимум поени, ме викнаа и на интервју на кое што имаше девојки кои што не знаеја ни за кој оглас се викнати бидејќи наводно аплицирале пред една година па не се сеќавале,но не биле без родители,а огласот беше баш за тоа и полагав и психолошки тест значи 3 пати се макнев до Скопје по патишта и на крајот знаете што? На тоа работно место за кое што аплицирав јас вработија девојка од Скопје за во Битола и над сето тоа не е без родители,а огласот беше за вработување на 50 деца кои што се без родители низ цела Македонија. Јас немав ниту една врска ,сакав чесно да си аплицирам и да пробам и искрено откако ме викнаа на интервју се чудев ,па на психолошкиот уште повеќе,но се е јасно дека некои ги викаат само да се каже дека викнале некои луѓе, а претходно си имаат наместено веќе свои .Не сакам да разочарувам никого,но ако немате книшка и врски џабе е се.За жал така функционираат работите во нашата држава.
ама и со книшки па сега кој нема книшка?????Дали се бара знаење тоа ми е? сите имат книшки па некој се кријат за не дај боже ако се смени власта, па тогаш па се татини дебили ќе примат.
Девојки да ве прашам кога се плака полагањето за испит? Откако ке полагате или пред тоа и има ли некоја која се вработила на овој начин?
А дали воопшто некој од овде се има вработено без "партиска книшка" и "вујко владика". На форумов имаше луѓе со максимум поени (ајде ок, тестот и не е нешто тежок ако добро се подготвиш), но имаше и коментари за луѓе со 9,5 просек од факултет кои супер поминале на интервју и.т.н. ... Што е со тие кандидати, дали се примени? (а секако со просек 9,5 заслужуваат да бидат примени) На сајтот на агенцијата кога се објавува ранг листата од најуспешни кандидати кои треба да го полагаат психолошкиот тест нема никакво бодување врз основа на кое е направено рангирањето, така што се доведува во прашање транспарентноста на процесот на селекција... Би ве замолила да споделите искуства
Може ли да ми кажете дали сите што имате аплицирано за полагање на испитот сте дипломирани ?? Зошто на моменталниот оглас за државни службеници пишува дека може да се аплицира со висока стручна спрема или 180 ектс ....Меѓутоа кога ја потполнувам електронската апликација задолжително ми ги бара полињата со број да диплома, институција која ја издала дипломата итн..
Ако твоите студии биле во траење од 3 год. (т.е. здобиени 180 ектс) тогаш истото ке го селектираш во електронската пријава и ке ги пополниш полињата за институцијата (т.е. Универзитетот) што ја издала дипломата, а исто така ке ги пополниш и полињата на кој факултет и на кој насока си студирала. Баш и не ти го разбирам прашањето, па незнам колку мојов одговор ке биде од помош Ако сум ја промашила поентата, слободно прашај што те интересира, ке се потрудам да ти помогнам