Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање на испит за државен службеник

Дискусија во 'Барање работа' започната од elygj, 17 септември 2010.

  1. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    13.б
    5.ц

    69. Секретарот, односно функционерот кој раководи со органот на државната служба донесува решение за вработување на пробна работа...

    а. по завршување на постапката за избор
    б. по завршување на пробната работа
    ц. по завршување на интервјуто

    помош?
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Како прво, не беше провокација туку искрен совет за да си го олесниш самата патот до интервју, а до него можеш да стигнеш преку положениот испит.
    Мене ми е жал што ти не сакаш ниту да признаеш дека сум во право и дека е многу подобро самата да научиш како што треба, отколку само да научиш на памет нешто а да не го разбереш.
    Убаво си кажа и АнаКаренина, одговарајќи ги прашањата стигнала да повтори пак за Лисабонскиот договор, може баш тоа да те прашаат на интервју а ти врска ќе немаш, можеби ќе те прашаат за Мастришки договор или за ЕЗЈЧ (Европска заедница за јаглен и челик)а ти пак врска ќе немаш, или пак ќе те прашаат преку колку вето помина Англија за да влезе во ЕУ и кој се и ставал вето, а ти пак врска ќе немаш. Значи поентата ми беше дека не е се во учењето на памет на понудени одговори, треба да ги разбираш нештата кои ги учиш на памет. Мораш да бидеш во тек со законските прописи и со нивните измени и дополнувања. Понудените одговори можеби веќе не се валидни поради променети закони,па сигурно ќе биде понуден променет одговор, затоа треба да си ги симнеш законите и да си ги бараш одговорите. А да ги симнеш законите е лесно, регистрирај се на страната pravo.org.mk и симнувај.
    Јас не жалам што потрошив неколку минути да ти укажам, можеби мојот совет ќе вроди плод, но ќе жалам ако се случи спротивното.

    Точен одговор е -врз основа на Уставот и законите, бидејќи Деловникот се донесува за внатрешна организација и утврдување на начин на работа, и тој се донесува врз основа на Уставот и законите, сите права и должности треба да бидат врз основа на Уставот и законите.
    Ова го пишува во Уставот на Република Македонија во чл.88, дел за Влада на РМ:

    Значи се разгледуваат пријавите, се добива оцена за образование, следи испит за државни службеници, со петте најуспешни од испитот се свикува интервју и во рок од 3 дена по интервјуто, Комисијата за селекција доставува ранг листа од 3 најуспешни кандидати до надлежниот функционер / секретарот кој треба да го изврши изборот и тоа најдоцна 3 дена по добивање на ранг листата.
    Незадоволниот кандидат има право на жалба против одлуката на функционерот во рок од 8 дена од објавата на одлуката на веб страна или на огласна табла за АЗА.
    Против одлуката за избор незадоволниот канидат има право на поднесување тужба пред надлежен суд во рок од 15 дена од добивање на конечното решение.
    И по завршување на целокупната постапка, функционерот донесува решение за вработување на пробна работа (бидејќи жалбата по одлуката го одложува извршувањето на одлуката )
     
  3. ruzki748

    ruzki748 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Здраво на сите го прочитав форумот и многу ми помогнавте со вашите ставови и размислувања, но ве молам да ми помогнете. Сакам да полагам за државен службеник, аплицирав за некои огласи но неможам да ги најдам прашањата, на страната на агенцијата дава само 59 прашања. Ве молам да ми помогне некој каде да ги најдам прашањата. Однапред ви благодарам на сите
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Како бре 59, дај разгледај малку пред да избрзаш со ваков погрешен одговор. Ти не си ги разгледала прашањата, само си го видела бројот на последното прашање (практичниот дел од информатика има 59 прашања) а тие пред него не се баш 59. Значи ве мрзи дури и да ја разгледате цела страна а камоли да ги одговорите :x

    Прашања за државен службеник:

    http://www.aa.mk/default.asp?ItemID=95F4604B0AD0CF49BE7AFE7AB73D7125

    И прашањата биле ажурирани на 1 јуни 2013 година, што значи има некои промени кои се поради многуте измени во законите, инаку материјата останува иста а и повеќето одговори се останати исти.
    Значи не купувајте готови одговори, туку најдете си ги во закони или за нејасно прашајте тука.

    Прашања за јавен службеник:

    http://aa.mk/default.asp?ItemID=31B945A5A5A4C64B9F2544C81552BC21
     
  5. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    THANK YOU ABEJA! :* ИIма ли други нејасни прашања? Повелете да си споделиме :hai:

    каде да ги најдам симулациите на тестирањето, барав и не успеав да ги најдам.
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Ако си барала на фемина нормално дека нема да ги најдеш, ама на страната на агенција за администрација ги има, баш каде што ги гледате активните огласи за вработување, горе десно, кај што се листа на огласи, исправки на огласи и симулации.

    http://prijava.aa.mk/default.aspx
     
  7. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    Дава само 10 прашања мислам дека и сите исто да ги одговорам дава различен број бодови. Не барав на фемина многу јасно, ги најдов преку чичко Гугл. :tmi:
    И не се ова симулацијава само од тие прашања, има кохабитација (а на мојот испит за јавен службеник ми се падна за Анархија, а во прашањата не сретнав такво прашање)
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Abeja бе на време реадактирав, не ме карај :wasntme:

    Туку, сакав да ве прашам за 16то прашање од Закон за управна постапка:

    Тој што во текот на управната постапка потешко ќе го наруши редот или ќе стори поголема непријатност, може, покрај отстранувањето, да се казни со глоба во износ од
    a) 100 евра во денарска противвредност
    b) 200 евра во денарска противвредност
    c) 300 евра во денарска противвредност

    Е сега јас во сите закони што ги симнав, значи со најновите измени и дополнувања, го пишува ова:
    Член 114
    (1) Тој што во дејствието на постапката потешко ќе го наруши редот или ќе стори поголема непријатност може, покрај отстранувањето, да се казни со глобата од 1.000 денари.

    :?:
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    100 евра во денарска противвредност е точен одговор
     
    На Abeja и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  10. ivanovaivana

    ivanovaivana Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    а) 100 евра
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    1000 денари беше до донесување на Измените и дополнувањата на законот за општа управна постапка од 02.09.2008 година кога се смени на 100 евра, затоа пак ќе повторам многу е важно да се следат измените на законите.
    И не сум те карала, далеку од тоа, само сакав да ви го кажам точниот одговор, после видов дека си корегирала ;)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ivanovaivana

    ivanovaivana Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Јас ги имам купено прашањата шо се 300 денари, знае ли некој како можам да ги закачам на форумот па сите да ги имаат?
     
  13. revoltmk

    revoltmk Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Опис:
    ПРАШАЊА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ДРЖАВНИ И ЈАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
    Поради личен револт кон Агенцијата за администрација !
    Ги продавам одговорите на ПРАШАЊА за ДРЖАВНИ И ЈАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
    Односно ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
    И ЈАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
    Прашањата се во електронска форма во Word
    Се продаваат за 10 ден може и попуст :)
    Контакт само преку маил revoltmk@hotmail.com
    Поздрав
    http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=690973
    http://www.pobaraj.com.mk/oglas/knigi/% ... 0%98/26851

    Како што имам наведено прашањата се дадени поради лицно мое незадоволство кон агенцијата за администрација и новната работа
    Според тоа што мене ми се деси на полагањето на испитот за јавен службеник тоа е страшна работа како лугето го полагаат испитот некои со дадени прашања од напред некои се врачани после испитот пак да го полагаат некои со уцене мене ми тебаш 2 недели да го научам ама не вреди да се седне и да се учи за тоа кој сака можам комотно да му ги пратам одговорите нека ме исконктактира само на маил и ги има прашања.
    Поздрав

    Ova e napisano od moja strana
    Sega na mene mi treba pomosa ako mozes da mi gi pratis prasanjata za drzaven sluzbenik zasto gledam deka se izmeneti i deka ima novi temi ma mjot mail revoltmk@hotmail.com posto ima luge koi uste mi pisuvaat da im gi pustam prasanjata i za mene da si gi imam ce mi bide od golema korist
    Pozz revoltmk
     
  14. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    Може малку помош за овие прашања?

    9. Што обезбедува начелото на владеење на правото:
    a) Почитување на законите и остварување на политиката во границите на правото;
    b) Усоглаеност на законите со Уставот;
    c) Почитување на политиките на политичката партија на власт;

    9. До Судот за човекови права во Стразбур...;
    a) Може да се обрати само правно лице кое неможе да ги оствари своите права;
    b) Може да се обратат физички и правни лица без претходна спроведена судска постапка во Република Македонија ;
    c) Може да се обрати секое лице кое што смета дека му е загрозено некое од правата што ги гарантира Европската конвенција;

    10. Пред Судот за човекови права...
    a) Лицето ја тужи државата којашто повредила некое од основните човекови права;
    b) Лицето тужи друго лице за повредени имотно-правни односи;
    c) Лицето го тужи работодавачот кога му е повредено право од работен однос ;

    1. Претставничка демократија значи:
    a) Владеење на народот преку претставници;
    b) Непосредно владеење на народот;
    c) Непосредно владеење на народот; (два пати понуден ист одговор!?)

    4. Кога две партии наизменично се менуваат на власт, во услови на примена на мнозински систем на избори, станува збор за:
    a) псевдопартиски систем;
    b) двопартиски систем;
    c) повеќепартиски систем;

    15. Државната изборна комисија запишување, дополнување и бришење во Избирачкиот список и по барање на граѓани...
    a) врз основа на поднесено барање ;
    b) врз основа на лична карта и патна исправа;
    c) врз основа на поднесена претставка ;

    17. Изборите се, главно, непосредни, а тоа значи дека граѓаните:
    a) ја изразуваат својата волја преку претставници;
    b) непосредно ја изразуваат личната волја на избирачкото место, без каков било посредник помеѓу нив и нивните претставници;
    c) ја изразуваат својата волја со помош на посредник;

    1. На начелото на строга поделба на власта се заснова:
    a) Претседателскиот систем;
    b) Парламентарниот систем;
    c) Мешовитиот систем;

    2. На начелото на флексибилна поделба на власта се заснова:
    a) Собранискиот систем;
    b) Парламентарниот систем;
    c) Претседателскиот систем;

    3. Врз начелото на единство на власта се заснова:
    a) Собранискиот систем;
    b) Парламентарниот систем;
    c) Претседателскиот систем;


    4. Начелото врз основа на кое се уредени односите меѓу органите на државната власт е:
    a) Начелото на супремација
    b) Начелото на поделба на власта;
    c) Начелото на единство на власта;

    Има уште од овие прашања, ги поставувам за да ги погледнете за да не се чудите ако се падне некое од овие, како што ме зезнаа за јавен службеник (ама сум ги трефнала точни). Ќе поставам уште од овие прашања се надевам нема да пречи?!
     
  15. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    16. Кое е најефикасното средство на Собранието за контрола врз Владата?
    a) „Моќта над ќесето“, односно донесувањето на буџетот;
    b) Можноста да врши притисок врз министрите;
    c) Можноста да менува влади по своја волја;

    21. Што претставува релативно мнозинство пратеници во Собранието на Република Македонија?
    a) две третини од пратениците;
    b) мнозинство од присутните пратеници, а најмалку една третина од вкупниот број пратеници;
    c) повеќе од половина пратеници од вкупниот број пратеници;

    22. Што е квалификувано мнозинство пратеници?
    a) двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници;
    b) мнозинство од присутните пратеници;
    c) најмалку една третина од вкупниот број пратеници;

    25. Со апсолутно мнозинство, Собранието на Република Македонија избира:
    a) само Претседател на Собранието на Република Македонија, од редот на пратениците;
    b) Претседател и потпретседатели на Собранието, од редот на пратениците;
    c) само потпретседатели на Собранието на Република Македонија, од редот на пратениците;

    33. На законите кои се донесуваат со апсолутно или со квалификувано мнозинство:
    a) Претседателот на Република Македонија има право на вето;
    b) Претседателот на Република Македонија нема право на вето;
    c) Претседателот на Република Македонија има право на селективно вето;

    11. Претседателското право на суспензивно вето е..
    a) единственото овластување на Претседателот во процесот на донесување на законите;
    b) обврска на Претседателот во процесот на донесување на органските закони;
    c) Претседателот нема право на суспензивно вето;

    12. Дали Претседателот на Република Македонија има право на селективно вето (item veto)?
    a) нема;
    b) има, само кога станува збор за помали закони;
    c) има;

    2. Зборот министер, потекнува од латинскиот збор minister што значи...
    a) слуга;
    b) владетел;
    c) организатор;

    3. Коалициона влада е составена од:
    a) коалиција на политички партии кои имаат мнозинство во парламентот;
    b) претставници на различни политички партии;
    c) претставници од две партии;

    4. Концентрациона влада е составена од:
    a) претставници на најмногу две партии;
    b) претставници на коалиционите партии;
    c) претставници на сите партии во парламентот;

    5. Кога Владата е составена од стручни и компетентни експерти, а не од членови на политички партии, се нарекува...
    a) чиновничка влада;
    b) експертска влада;
    c) влада на „Народно единство“, „Демократско единство“, и „Граѓанско единство“;


    6. Влада составена со коалиција на политички партии кои имаат мнозинство во парламентот, се нарекува:
    a) коалициона влада;
    b) концентрациона влада;
    c) хомогена влада;
     
  16. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    9. Кој одлучува за имунитетот на министрите и на Претседателот на Владата на Република Македонија?
    a) Владата на Република Македонија;
    b) Собранието на Република Македонија;
    c) Уставниот суд на Република Македонија;

    11.Која е најиманетната надлежност на Владата на Република Македонија?
    a) Дејствување преку министрите, а според барањата на граѓаните;
    b) Донесување на закони;
    c) Извршување на законите и на другите прописи на Собранието;

    17. Контрола врз работењето на Владата на Република Македонија врши...
    a) Претседателот на Република Македонија;
    b) Претседателот на Собранието на Република Македонија;
    c) Собранието на Република Македонија преку пратенички прашања и интерпелации;

    14. Процесот на концентрација на власта во заеднички државен центар се вика:
    a) Концентрација;
    b) Централизација;
    c) Децентрализација;

    4. Кој одлучува за имунитетот на судиите?
    a) Уставниот суд на Република Македонија;
    b) Собранието на Република Македонија;
    c) Владата на Република Македонија

    1. Што значи политичка децентрализација?
    a) помала моќ на централната власт за сметка на локалната ;
    b) помала моќ на локалната власт за сметка на централната;
    c) еднакви ингеренции на целтралната и локалната власт;

    2. При донесување на одлуки на седниците на Советот, Градоначалникот:
    a) има право да одлучува;
    b) нема право да одлучува;
    c) има право да одлучува во исклучителни ситуации;

    има уште 20 и некое прашање ќе ги поставам и нив, малку пауза :emo:
     
  17. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    1. Системите на државна служба можат да се категоризираат како:
    a) систем на кариера и систем на работни места;
    b) систем на државна служба и систем на јавна служба;
    c) систем на компетенции и систем на заслуги;

    2. Во системот на работни места државните службеници се вработуваат;
    a) во раната младост и имаат серија различни работни места во текот на нивната кариера;
    b) во најниското звање и хиерархиски напредуваат во повисоки работни места;
    c) заради извршување на определена работа на конкретно работно место;

    2. Правилата на управната постапка се применуваат....:
    a) при донесувањето на општите управни акти;
    b) кога во управните работи се решава за правата, обврските и интересите на граѓаните, правните лица и други странки;
    c) при одлучување во работните спорови;

    3. Крајна цел на управната постапка е:
    a) донесување на законито и правилно решение во еден конкретен предмет;
    b) донесување на конкретни решенија кои во иднина ќе користат како начелен став за решавање на такви предмети во иднина;
    c) донесување на општи управни акти во законска процедура;

    4. Систематизираните правила за општата управна постапка се содржани во:
    a) Законот за општата управна постапка;
    b) Законот за јавните службеници;
    c) Законот за организација и работа на органите на државната управа;

    5. Двостепеноста на управната постапка значи:
    a) Право на тужба против решението донесено во втор степен;
    b) Право на жалба против решението донесено во прв степен;
    c) Конечност и извршност на првостепените одлуки, без право на жалба;

    6. Кој решава за судирот на надлежностите меѓу органите на државната управа?
    a) Владата на Република Македонија;
    b) Управниот суд на Република Македонија;
    c) Врховниот суд на Република Македонија;

    8. Порамнувањето во управната постапка има сила на:
    a) правосилно решение;
    b) извршно решение донесено во управната постапка;
    c) конечнно решение;

    9. Како се поднесуваат исправите што се издадени на странски јазик?
    a) во заверен превод;
    b) во оригинал ;
    c) во фотокопија;

    10. Редовно правно средство со кое незадоволната странка има можност да го исправи провостепеното решение е:
    a) жалба;
    b) тужба;
    c) ревизија;

    11. Управните спрови се водат пред:
    a) Редовните судови ;
    b) Управните судови;
    c) Уставниот суд на Република Македонија;

    12. Предмет на управен спор е:
    a) Конечен, конкретен управен акт;
    b) Правосилна судска пресуда;
    c) Општ управен акт;

    13. Управен спор се поведува со:
    a) Известување;
    b) Тужба;
    c) Жалба;

    8. Со какво мнозинство Собранието го донесува буџетот?
    a) квалификувано мнозинство;
    b) апсолутно мнозинство;
    c) релативно мнозинство;

    15. Законодавната власт врши ревизија на извршната власт преку:
    a) Државниот завод за ревизија;
    b) Управата за јавни приходи;
    c) „Контролата над ќесето“;

    16. Со Државниот завод за ревизија раководи.:
    a) Главен државен ревизор;
    b) Управител на Државниот завод за ревизија;
    c) Директор на Државниот завод за државна ревизија;

    17. Колку трае мандатот на Главниот државен ревизор?
    a) 4 години;
    b) 10 години;
    c) 6 години;

    18. Кој ја врши државната ревизија?
    a) Овластени ревизори;
    b) Овластени инспектори;
    c) Државни службеници;

    19. Даноците се делат на ..:
    a) две групи: директни или влезни даноци и индиректни или излезни даноци;
    b) три групи: директни даноци, индиректни даноци и даноци на имот;
    c) две групи: даноци на приходи и даноци на расход;

    20. Утврдувањето и наплатата на данокот во Република Македонија, го врши:
    a) Управата за јавни приходи;
    b) Државниот завод за ревизија;
    c) Народна банка на Република Македонија;

    25. Царината се плаќа според:
    a) царинска тарифа;
    b) Закон за царинење;
    c) царинска декларација

    29. Кој ја издава акцизната дозвола?
    a) Управата за јавни приходи;
    b) Царинската управа;
    c) Министерство за транспорт и врски

    Тоа е тоа, се извинувам што го запоседнав форумов но мислам дека е во полза за сите што ќе полагаат деновиве. Некои одговори веќе ми се познати но сепак ќе ги барам по закони, секоја помош е добрдојдена! :$
     
  18. ruzki748

    ruzki748 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Абеја благодарам за помоста но кај мене навистина отварасе само 59.Како и да е сајам да ве прасам дали прасанјатаи
    Одговарате од соодветниот извор (законќустав) сто е под прасанјето.Јас сеусте не сум поцнла со одговорите но претпоставувам дека изворот сто е наведен под секое прасанје е со измените. Ако не е така ве молам писете ми да не талкам бадијала по законите и да си ги симнам право.орг.Благодарам
     
  19. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    Абеја ми треба твој помош за прашањата кои ги напишав претходно :sweat:
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Точни одговори:

    9. Што обезбедува начелото на владеење на правото:
    a) Почитување на законите и остварување на политиката во границите на правото;


    9. До Судот за човекови права во Стразбур...;
    c) Може да се обрати секое лице кое што смета дека му е загрозено некое од правата што ги гарантира Европската конвенција;

    10. Пред Судот за човекови права...
    a) Лицето ја тужи државата којашто повредила некое од основните човекови права;

    1. Претставничка демократија значи:
    a) Владеење на народот преку претставници;

    4. Кога две партии наизменично се менуваат на власт, во услови на примена на мнозински систем на избори, станува збор за:
    b) двопартиски систем;

    15. Државната изборна комисија врши запишување, дополнување и бришење во Избирачкиот список и по барање на граѓани...
    b) врз основа на лична карта и патна исправа;

    17. Изборите се, главно, непосредни, а тоа значи дека граѓаните:
    a) ја изразуваат својата волја преку претставници;

    1. На начелото на строга поделба на власта се заснова:
    a) Претседателскиот систем;

    2. На начелото на флексибилна поделба на власта се заснова:
    b) Парламентарниот систем;

    3. Врз начелото на единство на власта се заснова:
    a) Собранискиот систем;

    4. Начелото врз основа на кое се уредени односите меѓу органите на државната власт е:
    b) Начелото на поделба на власта;

    16. Кое е најефикасното средство на Собранието за контрола врз Владата?
    a) „Моќта над ќесето“, односно донесувањето на буџетот;

    21. Што претставува релативно мнозинство пратеници во Собранието на Република Македонија?
    b) мнозинство од присутните пратеници, а најмалку една третина од вкупниот број пратеници;

    22. Што е квалификувано мнозинство пратеници?
    a) двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници;

    25. Со апсолутно мнозинство, Собранието на Република Македонија избира:
    b) Претседател и потпретседатели на Собранието, од редот на пратениците;

    33. На законите кои се донесуваат со апсолутно или со квалификувано мнозинство:
    b) Претседателот на Република Македонија нема право на вето;

    11. Претседателското право на суспензивно вето е..
    a) единственото овластување на Претседателот во процесот на донесување на законите;

    12. Дали Претседателот на Република Македонија има право на селективно вето (item veto)?
    a) нема;

    2. Зборот министер, потекнува од латинскиот збор minister што значи...
    a) слуга;

    3. Коалициона влада е составена од:
    a) коалиција на политички партии кои имаат мнозинство во парламентот;

    4. Концентрациона влада е составена од:
    c) претставници на сите партии во парламентот;

    5. Кога Владата е составена од стручни и компетентни експерти, а не од членови на политички партии, се нарекува...
    b) експертска влада;

    6. Влада составена со коалиција на политички партии кои имаат мнозинство во парламентот, се нарекува:
    a) коалициона влада;

    9. Кој одлучува за имунитетот на министрите и на Претседателот на Владата на Република Македонија?
    a) Владата на Република Македонија;

    11.Која е најиманетната надлежност на Владата на Република Македонија?
    c) Извршување на законите и на другите прописи на Собранието;

    17. Контрола врз работењето на Владата на Република Македонија врши...
    c) Собранието на Република Македонија преку пратенички прашања и интерпелации;

    14. Процесот на концентрација на власта во заеднички државен центар се вика:
    b) Централизација;

    4. Кој одлучува за имунитетот на судиите?
    a) Уставниот суд на Република Македонија;
    b) Собранието на Република Македонија;
    c) Владата на Република Македонија

    Ова прашање не е точно поставено, туку гласи вака:
    4. Кој одлучува за имунитетот на судиите?

    a) Уставниот суд на Република Македонија;
    b) Судскиот совет на Република Македонија;
    c) Владата на Република Македонија;

    1. Што значи политичка децентрализација?
    a) помала моќ на централната власт за сметка на локалната ;

    2. При донесување на одлуки на седниците на Советот, Градоначалникот:
    a) има право да одлучува;
    b) нема право да одлучува;
    c) има право да одлучува во исклучителни ситуации;

    Градоначалникот може да одлучува за прашања од надлежност на советот доколку советот се распушти па се до избор на нов совет, но тука има исклучителни ситуации (не може да одлучува за прашања што се однесуваат на располагање со сопственост на општината, да одлучува во прашања во кои тој или негов брачен другар,деца или роднина во втор степен странична линија има финансиски или друг интерес и не може да донесува прописи предвидени со чл.36 како што се статут, буџет итн..)
    Вака поставеното прашање го има болдираниот одговор, но ова што го напишав плус е ако се распушти советот.