Аплицирав на оглас и се пријавив за полагање на јавен служеник. Сега треба да ми стигне меил за да известат кога треба да се полага? Колку време даваат? Ќе има ли време да барам одговори и да ги учам?
Мој совет, почни уште од сега. Има многу прашања, не чекај да ти кажат кога ќе полагаш, ма да мислам дека оставаат недела-две, барем другарка ми аплицирање во септември, полагаше во октомври, некои 2 недели имаше луфта да ги учи, ама почна одма уште кога аплицирање. Не знам што си по професија, ако си правник голем дел од прашањата мене лично ми е боза, зашто ги имавме учено ан факултет, но има и доста на кои не се сеќавав па ни јас не знаев да ги одговорам, ама ги има во законите, со точни одговори, според мене не се двосмислени. Почни уште од денес-утре, ништо не губиш само можеш да добиеш. Едит-не видов убаво ти си пишала за јавен службеник, а јас сите што ги знам полага за државен, можеби а ова нема толку прашања не знам, ма да според мене истово би го применила и за јавен, почни што е можно побрзо, време ќе ти остават сигурно за полагање, ама зашто да брзаш.
Ќе почнам одма тоа сигурно, но дали ги има некаде одговорите, или пак некој да ги има да ми ги препрати? Јас ќе си ги одговарам, но плашливка сум голема да не згрешам некое
Значи никој ги нема одговорено Јас сега почнав да ги одговарам,ама многу тешко ми иде,времето што го губам барајќи ги одговорите,ќе го потрошам на учење.Се надевам ќе се најде некој што ги има и што ќе сака да ги сподели,да ни олесни на сите.
Почнете да ги одоговарате, има прашања кои сигурно ќе ги знаете, има прашања кои ако не ги знате, ќа прашате, ќе ви помогнеме. Не е ништо страшно или невозможно да се одговори. Не знам дали се сите прашања тука, ама првиот дел е стварно прелесен, можеби ќе заглавите на поглавјата за ЕУ и буџет, ама конкретно првите 9 според мене се полесни и попознати. http://www.aa.mk/default.asp?ItemID=31B ... C81552BC21 Еве ви го прирачникот http://www.aa.mk/default-mk.asp?ItemID= ... 139&sRes=1 Читајте го, убаво се објаснети детално работите.
Здраво на сите кои се спремаат за полагање на испит за државни службеници,јас ги имам прашањата со одговорите во електронска и писмена форма,99 % сум сигурна во одговорите бидејќи сама го барав и 3 пати ги проверив, така да ако некој сака да ги размениме одговорите да си ги провериме и да се консултираме пишете ми во лична порака.поздравче за сега
Здраво...Сакам да прашам нешто во врска со аплицирањето на огласите за државни службеници дали доколку во еден оглас има повеќе работни места кои ви одговараат на вашиот профил аплицирате со една апликација за сите работни места, или за секое работно место аплицирате со посебна апликација? Многу ќе ми значи одговорот, бидејќи во голема дилема сум
Мила, со една иста апликација се аплицира, само на крајот ќе си ги штиклираш сите бројчиња на работните места што ги сакаш.
Јас полагав за државен службеник лани, некаде после 10.01 беше, чекавме со друштво Нова Година во Бугарија, јас по патот и таму кога можев читав прашања . Потоа ме викнаа во потесниот круг за работното место, усно полагав за државен сл. и се испостави дека тоа било само да се исперат нашиве ни служби, дечкиве веќе си работиле на работните места ние што аплициравме и не викнале само за да се покријат они демек ете викнавме некои на усно полагање . Сеуште аплицирам, ама НЕ ВЕРУВАМ во ништо, треба прво врски да си бараме, да си се вработиме па после за нас специјално да отворат оглас на страната за Агенција за администрација .
Да ги прашам тие што знаат, сакам да поднесам пријава на два огласи, едниот за државни службеници, другиот за јавни службеници. Дали треба да се полагаат два испити, за државни и за јавни или како? Едниот оглас излезе неколку денови по другиот па бидејќи се работи за различни огласи мислам дека е така.
Испитите за државни и јавни службеници се различни така да доколку во едниот оглас се бара државен, а во другиот јавен службеник ќе треба да ги полагаш двата. Со лесно
Ве молам за помош околу следниве прашања: 1. Каков е соодносот на државната администрација и јавната администрација? a) државната администрација е централно јадро на јавната администрација б) двете администрации се едно исто в) не постои никаков сооднос помеѓу тие две администрации Извор: Закон за јавните службеници 35. Лицата кои имаат право на надоместок за одвоен живот имаат право и на надоместок за закупнина на стан a) неточно b) точно Не можам да разберам што значи ова што го најдов во законотНадоместокот на трошоците за одвоен живот и надоместокот за закупнина на стан меѓусебно се исклучуваат)? извор - Закон за извршување на Буџет на Република Македонија за 2013 година 23) Дали имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација, ако информацијата се однесува на личен податок? a) Не b) Само доколку неговото откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци ??????????????????????? c) Да Извор - Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Kolku sto gledam na sajtot na Agencija za administracija gi ima samo prasanjata, 100 na broj, no PRIRACNIK nema staveno. Od kade se simnuva?
Јас најдов некој линк каде што го има и на албански и на македонски. Ама прирачникот нема ни да ти треба, учи ги само прашањата. Со тоа што не се 100, туку околу 700.
Aко некој ги знае одговорите на некое од прашањава,го молам да ми помогне 39. Одлуката за користење на средства за финансирање на програмските активности на здруженијата на граѓани и фондации ја донесува: a) Собранието на Република Македонија b) Владата на Република Македонија c) Министерството за финансии 40. Програмата за користење на средства за реконструкција на згради на владини органи, Владата на Република Македонија ја донесува на предлог на: a) Министерство за финансии b) Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија c) Министерство за транспорт и врски 33. За работниците ангажирани со договори за отстапување на работник за привремени вработувања средствата за исплата на солидарна помош на вработените ги обезбедува: a) Агенцијата за привремени вработувања b) Владата на Република Македонија c) Работодавачот 25. Средствата за вработување на припадниците на заедниците кај буџетските корисници од централната власт се користат по претходно одобрение од: a) Министерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор b) Координативното тело за соодветна и правична застапеност c) Министерот за финансии 42. Во случај на потешки последици од елементарни непогоди, во смисла на Законот за заштита и спасување, на државниот службеник му се исплатува еднократна парична помош во висина на: a) три просечни месечни нето плати на државниот службеник b) една последна исплатена просечна месечна нето плата во органот каде што е вработен c) две просечни месечни нето плати на државниот службеник
полаган ми е испитот за државен службеник, само заборавено ми беше за колку време те повикуваат за полагање на испитот од кога ќе заврши огласот, секако нели ако ги исполнуваш условите? а резултати одма даваа така?
Девојки помошшш!! Испитот нели се состои од два дела, општ и практичен дел... кој е практичниот дел, може да ми помогне некој, да ме упати???
25. б 33. а 39. б 40. б 42. б Ги имам одговорите на сите прашања, во план бев да го полагам испитот ама нешто се предомислив во последен момент, ако ти треба одговор за некое друго прашање пиши ми.