Не одлучуваат со заклучок туку со решение, и се што не е решение е погрешен одговор. Не ми треба ни по закони да барам, го знам ова наизуст, учено ми е и полагано на факултет. Управниот судија на крајот на судењето донесува акт, тој акт се вика решение. Заклучок се донесува во второстепена постапка, односно по жалба на решение. За второто мислам дека е под а) еден месец, ама не сум сигурна, провери во закон за општа управна постапка мора да има.
Бидејќи и јас сум засегната со точниот одговор на првото прашање, според ЗОУП, точен одговор е со ЗАКЛУЧОК. Види Член 223. Поздрав Прашање 72 е под Б ......Согласно Член 247 од ЗОУП !
XIII. ЗАКЛУЧОК Член 223 (1) Со заклучок се одлучува за прашања што се однесуваат на постапката. (2) Со заклучок се одлучува и за оние прашања што како споредни ќе се појават во врска со спроведувањето на постапката, а кои не се решаваат со решение. Прашањето не е со кој акт одлучува по постапката, туку со кој акт одлучува за прашања што се однесуваат на постапката. Со решение се одлучува за предметот на постапката ((1) Врз основа на фактите утврдени во постапката, органот надлежен за решавање донесува решение за работата што е предмет на постапката.)
УШТЕ ЕДНАШ ДА ВЕ ЗАМОЛАМ ЗА ПОМОШ ОКОЛУ ОВА ПРАШАЊЕ 23) Дали имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација, ако информацијата се однесува на личен податок? a) Не b) Само доколку неговото откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци c) Да Извор - Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер Ова е и моето размислување како што веќе претходно кажав - мислам дека е под Б , бидејки само тогаш важи, ама може да биде и под Ц. Не сум сигурна, баш се двоумам. Поздрав
Се извинувам, не сум го прочитала прашањето убаво, автоматски помислив на актот кој се донесува на крајот на постапката, а тука друго со барало. 72. е два месеци, го најдов и јас во општа управна постапка. Mими 23тово еве го во член 6 5. Исклучок од слободен пристап до информации Член 6 (1) Иматели на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на: (1) информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност; 3 (2) личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци; (3) информација за архивското работење која е утврдена како доверлива; (4) информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка; (5) информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, за спроведување на управна и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката; Пологично би било под б, зашто е целосно опфатено.
Извор-Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер. Логично ми е дека точен одговор е под c, затоа што се однесува на одбивање на барањето. Значи може да се одбие барање за давање информации од јавен карактер а тек после се причините за тоа .
Личен податок е и име и презиме, адреса на живеење и број и ЕМБГ. ЕМБГ не смее да се открива, а останато не е забрането да се споделува. Затоа според мене само да не е доволен одговор, кога веќе има понудено и зашто да не може да се сподели. Инаку да, прашањево е многу глупаво и двосмислено, не знаеме они со која логика разонуваат и кое го сметаат за точно, зашто според мене и двете се точни, само под б е малку поточно. Еве и во членот 10 јасно кажува со кои инфомации кои се лични може да се споделуваат, тука спаѓаат и маил, телефон, факс и многу други 2. Посредување на информации Член 10 (1) Имателот на информации е должен да ја информира јавноста за: - основните податоци за контакт со имателот на информацијата и тоа: назив, адреса, телефонски број, број на факс, е-маил адреса и адресата на веб страницата; - начинот на поднесување на барање за пристап до информации; - прописи кои се однесуваат на надлежноста на имателот на информации, поврзани со регистарот на прописи објавени во службеното гласило; - предлог на програми, програми, стратегии, ставови, мислења, студии и други слични документи кои се однесуваат на надлежноста на имателот на информации; - сите повици во постапката за јавните набавки и тендерската документација утврдени со закон: - податоци за неговите надлежности утврдени со закон; - организацијата и трошоците на работењето, како и за давањето на услуги на граѓаните во управната постапка и за своите активности; - издавање на информативни билтени и други облици на информирање; - интернет страницата за објавување на одлуки, акти и мерки со кои се влијае на животот и работата на граѓаните и - други информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на имателот на информации. (2) Секој имател на информации е должен да овозможи бесплатен пристап до информациите од ставот (1) на овој член.
Ете и јас мислам дека сите прашања се двосмислани и не се знае кој одговор е точен.Мислам намерно се направени така за да збунуваат .Секако кој е точен одговор знаат само партијците од В.М.Р.О. Зависи кој полага и кој бодира.
Хипстер фала многу на деталново објаснување. Инаку и на мене повеќе за ДА ми беше под Б, ама малку ме збунуваше тоа зборчето САМО, па мислев поради тоа да не е некоја мамка.
Ви благодарам многу за помошта на одговорите но исто така сакам да ве прасам и за друго прашање 9) Кој врши инспекциски надзор на примената на Законот за заштита на личните податоци и прописите донесени врз основа на истиот? a) Државниот управен инспекторат b) Дирекцијата за заштита на лични податоци преку инспекторите за заштита на лични податоци c) Министерството за правда мислам дека одговорот на ова прашање е под б 79) По жалба против првостепено решение на орган во состав на органот на државната управа a) решава државниот секретар на органот на државната управа b) решава функционерот кој раководи со органот на државаната управа c) решава Комисија за решавање во управна постапка при Владата на Република Македонија искрено за ова прашање би заокрузила под ц, но членот 227 од законот за општа управна постапка е изменет Член 7 Членот 227 се менува и гласи: „(1) Доколку со закон не е утврдено право на жалба на решение на орган на државна управа, може да се поведе управен спор. (2) По жалба против првостепено решение на орган во состав на органот на државна управа, со својство на правно лице, решава функционерот кој раководи со органот на државната управа. (3) Против првостепено решение на орган во состав на органот на државната управа, без својство на правно лице, не може да се изјави жалба, но може да се поведе управен спор. (4) По жалба против првостепено решение на правно и друго лице со јавни овластувања решава органот на државна управа надлежен за соодветната управна област за кое е донесено решението. (5) Против решение на Владата на Република Македонија не може да се изјави жалба, но може да се поведе управен спор. (6) Доколку со закон не е пропишано право на жалба на решение од орган над кој органот на државната управа не врши надзор (самостојни државни органи), може да се поведе управен спор. (7) Во сите случаи во управната постапка кога не е предвиден орган за решавање во втор степен, странката против првостепеното решение може да поведе управен спор.“
I sakam da ve prasam dali znaete sto tocno se polaga opst ili poseben del ili i dvata. Inaku jas aplicirav za pomlad sorabotnik vo Ministerstvo za finanansii, no slucajno na forumot vidov deka poseben del za pomlad sorabotnik i za tie bez iskustvo ne se polagalo. Ke ve zamolam ako nekoj znae dali za ovaa rabotna pozicija se polagaat i prasanjata od informatika ili se polaga samo VIII oblasti do kancelarisko i arhivsko rabotenje. Onapred vi blagodaram mnogu
Ve molam za odgovorite na slednive prasanja: 76) Инспекциските надзори во управната постапка се вршат... a) по службена должност и поднесени преставки, предлози и иницијативи од граѓаните b) само по службена должност c) само по претставки, предлози и иницијативи поднеси од граѓаните 72) По жалбата на решение донесено на управна постапка, второстепениот орган мора да се произнесе... a) најдоцна во рок од еден месец сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок b) најдоцна во рок од два месеци сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок c) најдоцна во рок од 15 дена сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок 28. Годишниот финасиски план по квартали за користење на средства по сметки, буџетските корисници од централната власт го доставуваат до Министерството за финансии во рок од: a) 25 дена од денот на донесувањето на Буџетот на Република Македонија b) 15 дена од денот на донесувањето на Буџетот на Република Македонија c) 30 дена од денот на донесувањето на Буџетот на Република Македонија 24. Од кои членови е составен Европскиот суд на правдата? a) 15 судии и 8 правобранители; b) 15 судии; c) 15 судии и 8 јавни обвинители; 72. Заедничките надлежности на ЕУ и земјите-членки се во области како што се... a) внатрешниот пазар, земјоделството, енергетиката b) правилата на конкуренција, монетарната политика на евро-зоната и заедничката пазарна политика c) образованието, индустријата, здравството
HELP !! Од кои членови е составен Европскиот суд на правдата? a) 15 судии и 8 правобранители; b) 15 судии; c) 15 судии и 8 јавни обвинители; (sudot go socinuvaat 15 sudii i 8 JAVNI pravobraniteli ) A) ili B) Колкав е бројот на генерални директорати во Европската комисија? a) 30 директорати; b) 35 директорати; c) 28 директорати; Заедничките надлежности на ЕУ и земјите-членки се во области како што се... a) внатрешниот пазар, земјоделството, енергетиката b) правилата на конкуренција, монетарната политика на евро-зоната и заедничката пазарна политика c) образованието, индустријата, здравството
НА ОВАА ТЕМА ЗАГЛАВИВ ЗА ОВИЕ ПРАШАЊА. МОЖЕ МАЛКУ ПОМОШ ОКОЛУ НИВ??? Plssss ............. 11) Органите на државната управа … a) можат да го уништат документарниот материјал по истекот на рокот за чување и по добиената согласност од Државниот архив на РМ b) можат да го уништат документарниот материјал по истекот на рокот за чување c) не можат да го уништат документарниот материјал 14)Документарен материјал се нарекува целокупниот изворен и репродуциран матерјал кога од него ќе се издвои архивскиот материјал a)неточно b)точно
Значи вака! Веќе во неколку наврати на форумов е разговарано за овие прашања. И констатацијата е следна: 1) Што се однесува до првото прашање, секаде е наидува на податок дека Европскиот суд на правдата е составен од онолку судии колку што има членки и 8 јавни правобранители..... Незнам каде ти си нашла дека има 15 судии??????,....... би те замолила да ми дадеш извор да прочитам ззошто утре и мене ми е на ред да ја учам Европска Унија. 2) А што се однесува до Генерални директорати треба да се 35! 3) Трето прашање е под a) .
MIMI EVE http://www.aa.mk/WBStorage/Files/Strucen_ispit_P22.pdf Ubavo si pisuva 15 sudii i 8 Javni pravobraniteli strana 346
Ти благодарам , незнам како, но јас не сум наишла на овој податок. Тогаш дефинитивно е под А). Поздрав.
Здраво,ве молам некој ако знае да ми одговори.Аплицирав за едно раб. место ама не ми стигна смс,телефонот нешто ми се расипа,не можев да примам пораки баш тој период и сега не знам дали ми пратиле или не.Дали знае некој дури и ако ме нема на список за полагање,ќе ми дозволат да полагам,па макар и да не е за тоа раб. место туку онака да си го полагам испитот?