Да ги прашам тие што знаат, сакам да поднесам пријава за државен службеник дали во делот на степенот на образование се ставаат кредитите што се бараат во огласот и што ако имаш повеќе кредити од тие што се бараат ? Дали ќе сум земена во понатамошната селекција доколку ставам повеќе кредите од тоа што бараат ? Help me please,,,,
e vaka mi stigna na e-mall deka ke se polaga na 25 dekemvri a na listata ja nema istaknato datata nitu pak gradinkata pa dali nekoj znae dali ako odam ke mi bide ovozmozeno da polagam
Се ставаат кредитите што се бараат за работното место. Баш кога ќе кликнеш кај кредитите, излегува оваа порака:
Поздрав и многу успех до сите што моментално се подготвуваат за полагањето. Сакам да ви се пофалам дека по напорни три недели „гњурење“ по законите, па потоа учење, го положив испитот за јавен службеник со максимум, 60, поени. Воедно и да ги предупредам тие што ќе го полагаат истиот, дека ми се паднаа 2 прашања кои што не беа објавени на страната на Агенцијата, односно во прашањата за полагање на испитот за јавни службеници. Среќа што тоа беа прашања кои претходно случајно ми паднале во очи, а беа некако вака: (1.Колку проценти од основната плата ќе му се исплати на државниот службеник во првата година од вработувањето и 2.Според кој закон на државниот службеник му се одредуваат денови за одмор). Кога дојдов дома уште веднаш ги побарав и ги најдов во прашањата за полагање на испит за државен службеник, токму во оној дел во законот за државен службеник (што ние јавните службеници го имавме законот за јавни службеници). Тоа е мое лично искуство и сметав дека треба да го споделам со вас. А имам и едно прашање до оние кои биле повикани на интервју или пак имаат слушнато нешто во врска со тоа.!? Што мислите, дали со тие максимум поени и успех 7,82 имам шанси да ме повикаат на интервју? Фала и извинете на малку подолгото излагање.
Државниот архив на Република Македонија има статус на ... a) самостоен орган на државна управа b) управна организација c) орган во состав на Министерството за правда извор - Закон за орга.низација и работа на органите на државната управа Кој раководи со работата на министерствата? a) Министри избрани од Владата на Република Македонија; b) Министри избрани од владеачката партија; c) Министри избрани од Собранието на Република Македонија ; извор - Закон за организација и работа на органите на државната управа
здраво Девојки, ме интересира дали знаете што точно треба да се учи за полагање за државен службеник, кои се прашањата? На денот на полагањето што документи треба да си носам со мене? фала ви многу!!!!
^Се паѓаат прашањата за ЕУ, е сега зависи како компјутерот ќе ти ги одбере. Инаку spicegirlll, сите информации ги имаш на сајтот на Агенција за администрација. Таму ги има сите прашања што треба да ги научиш, а на полагањето треба да носиш само лична карта.
81. Уредбата за описот на звањата на државните службеници, Владата на Република Македонија ја донесува на предлог на ... a) Министерството за информатичко општество и администрација b) Министерството за правда c) Агенцијата за администрација 2. Содржината и начинот на подготовката на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места ја пропишува... a) министерот за информатичко општество и администрација b) министерот за правда c) директорот на Агенцијата за администрација извор nekoj da mi gi odgovori ovie dve prasanja.
(5) На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација (во натамошниот текст: Министерството), Владата на Република Македонија донесува уредба за описот на звањата утврдени со овој закон. Јас го најдов ова дека е точно првото под а)
Каков е соодносот на државната администрација и јавната администрација? а) Државната администрација е централно јадро на јавната администрација б) двете администрации се едно исто в) не постои никаков сооднос помеѓу тие две администрации Кој е одговорот и каде се наоѓа? Слепа сум очигледно
Го имаше постирано и претходно, нмв ќе ти го пишам јас сега. Државната администрација е централно јадро на јавната администрација
Европската заедница за јаглен и челике е формирана во: a) 1950 година; b) 1951 година; c) 1952 година; извор - „Европа од А до Ш“ - прирачник за европска интеграција. Заедничките надлежности на ЕУ и земјите-членки се во области како што се... a) внатрешниот пазар, земјоделството, енергетиката b) правилата на конкуренција, монетарната политика на евро-зоната и заедничката пазарна политика c) образованието, индустријата, здравството извор - Вашиот прирачник за Договорот од Лисабон Колку комесари има во Европската комисија? a) 20; b) 22; c) 18; jas mislam deka prvoto e pod b a drugite dve pod a dali e tocno
Кој врши инспекциски надзор на примената на Законот за заштита на личните податоци и прописите донесени врз основа на истиот? a) Државниот управен инспекторат b) Дирекцијата за заштита на лични податоци преку инспекторите за заштита на лични податоци c) Министерството за правда