Полагање на испит за државен службеник

Дискусија во 'Барање работа' започната од elygj, 17 септември 2010.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    17.611
    Пол:
    Женски
    Сакам само да искоментирам околу болдираново.
    Не е точно дека се бараат само партиски врски од ВМРО-ДПМНЕ, такви партиски врски во тој случај сдсмовски, се бараа и кога СДСМ беа на власт а и поранешна моја пријателка што беше тежок комуњар се вработи партиски преку сдсм додека вмро беа на власт. Затоа доста со таа партиска поделеност и плукање само по сегашната власт кога станува збор за партиски вработувања, и едните и другите вработуваа и вработуваат партиски, си работат за нивни интереси.
    Македонците одамна се иселуваат од овде уште од осамостојувањето на државата и едно големо браво за нив што успеале да се тргнат и од сдмсмовци и од вмровци.
    Се иселуваат бидејќи овде реално-нема живот за сите. А нема живот бидејќи сдсм почна да ја уништува државата откако ги затвори фирмите кои беа егзистенција за нашиот народ а вмро сега ќе ги уништи така што наместо да го врати она што сдсм го уништи тие уште повеќе мислат на небитни работи а не се занимаваат со крупните прашања за невработеноста. Едните ги избркаа од работа и ги оставија на улица а другиве па ги оставија на улица бидејќи не се замараат многу за да ги вратат.
    На Македонија не и се потребни уште државни службеници, и овие што ги има и се многу, зошто да се трошат буџетски пари за вишок вработени, зар не треба да заживее приватниот сектор.
    Еднаш кажав и пак ќе повторам-станавме држава само на административни службеници. Овде само тоа се вработува и тоа нечесно се вработува, како и секогаш.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rat4e

    rat4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    56
    ај ве молам помош за прашањава
    . Како е определен суверенитетот во член 1 став (2) од Уставот Република Македонија:

    a) неделив, неотуѓив и непренослив;
    b) променлив, деллив и непренослив;
    c) неделив, променлив и неотуѓив;

    . Според Уставот на Република Македонија, суверенитетот е:

    a) граѓански и повеќенационален;
    b) неделив, неотуѓив и непренослив;
    c) национален;
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    17.611
    Пол:
    Женски
    Па ова прашање го имаш во член 1 од Уставот на РМ, срамота е ако не успеа да ја прочиташ и првата реченица од Уставот.
    http://www.sobranie.mk/?ItemID=A431BEE83F63594B8FE11DA66C97BEAF
     
  4. rat4e

    rat4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    56


    значи не бев сигурна за второто прашање се двоумев помеѓу а и б....пошто во уставот не сретнав никаде дека суверенитетот е граѓански и повеќенационален... а секако дека прочитав повеќе од една реченица од уставот ;)
     
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Abeja, моето искуство е вакво, не знам за твоето, ама мене НИКОЈ во живот не дошол да ми бара да ме напише во список заради СДСМ, ама заради ВМРО двапати! И од сите што ги знам (а не се малку) слушам и гледам, ова што им го прави ВМРО и нив и на државата е ужас. Затоа, мене не ми се споредуваат тие две работи. Сигурно и СДСМ вработувал партиски, ама ова сега е како за времето на Сталин. Јас сум барем малку настрана од тоа, приватно работам, ама и во тоа има голема разлика и СЀ оди надолу последниве години.
    Во твоето искуство не се мешам, ама ни ти не можеш МЕНЕ да ми кажеш дека СДСМ биле полоши или дека сега е подобро. Не е, за жал. И да, МНОГУ повеќе луѓе се сега преселени отколку во времето на СДСМ. Најверојатно до крајот на годинава и јас ќе бидам една од нив и многу, многу добро знам што зборувам...
    А за полагањево-дај Боже да се вработи некој без врски, ама тешко. Фарса голема е, мачкање очи, како и сѐ друго. Но сепак, никому не би му рекла да не пробува. Борете се, пробувајте, полагајте, што друго останува?
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  6. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    Член 1

    Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Суверенитетот на Република Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив.

    Абеја, ама срамота е и да и викаш срамота кога и ти не ја прочита :)
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.665
    Допаѓања:
    140.950
    А локум колку изеде :)
    зезам...
    Во времето на сдс се вработуваше по заслуга на родителите, они рмбаа за децата, полно е комуњари сега по администрација(посебно у општината) што за инат не работат, на боледувања се, само да оди назад работата, а не можеш да ги избркаш оти одма нафтаат со медиуми дека ке пријават и ке избие скандал. А сите до еден вработени од бившиот градоначалник и на високи позиции у есдеето, на интернет објавени. Така што, не ми дели вмро - есдеес. Јас кажав што имав за можно вработување само со просек и успех. АКо си друга опција од владеачката, и да те вработат, ке контраш како претходниците.
     
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    17.611
    Пол:
    Женски
    Ако погледна малку подобро ќе видеше дека прашањето и го одговорив, затоа и беше болдирано. А и реков дека не прочитала, токму затоа што и го одговорив и и реков каде се наоѓа.
    Прочитај и размисли за што ќе пишуваш па потоа пишувај а не пишувате колку да има нешто да се чкртне. Значи уште еднаш подобро погледни дека прашањето и го одговорив, болдирано е. ;)
    Ти изгледа не си стигнала до вториот член од Уставот, бидејќи тука е одговорот на второто прашање :rofl:
    Член 2

    Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.

    Значи едно прашање е како е определен суверенитетот во член 1, а друго прашање е како е определен суверенитетот во Уставот, што можеш да го увидиш од текстот на уставот, не само од член 2. Така што твојот одговор погоре обоен со црвено не е точен за тоа прашање.


    .
    Лајонес, срцка од порано те читам во политичкиве теми и знам колку си загорена по сдсм :lol: и јасно ми е дека не можеш да бидеш објективна. Често доаѓам до мислења кои го одвраќаат човек од читање во политичка тема на форумов. Овде не си ниту да бидеш за власта ниту против власта (ама и против сдсм), значи автоматски не смее човек да биде против сдсм ама мора да биде против власта а во исто време никако да ги оцрни сдсм, за да ве задоволи. Да кажеш дека во време на вмро се вработувало партиски а за време на сдсм не се вработувало партиски е навистина смешно и изгледа многу нереално. И како шала еве, ако толку ти биле полоши вмровци, зошто сдсмовци не ти понудиле да те стават на список за работа? Ама сдсмовци не ги заболело за тебе овие другиве барем помислиле на тебе. Ова е како поговоркана-на поклонет коњ забите не му се гледаат :rofl:
    Тебе изгледа не ти се прави муабет за врскаџиство во минатото и денес, туку ти се величи сдсм а ти се плука по вмро. Мене не ми се прави таков бесмислен муабет, од причина што знам и разбирам кој што правел и прави а тие приказни за мали деца, дека порано течело мед и млеко, ти оставам да ги филуваш и понатаму. Немам ништо против. За одредена група членови, форумов секогаш ќе биде место каде што не смее да се писне нешто против сдсм (без разлика дали зборуваш позитивно или негативно за власта), па човек губи волја воопшто да дискутира.
    Темава за државни службеници ја помешавме со политика, иако е политички поврзана не би требало да ја претвораме во политички дуели.

    Овде на форумов е залудно човек и да спомне политика во било каков контекст, значи џабе е што јас си пишувам и против сите кога ќе се најде некој (мнозинство) што ќе ми рече дека сум од кај власта зашто сум пишувала лошо за сдсм. Значи и да сум убила висок политички функционер јас сеуште ќе бидам од власта зашто во меѓувреме сум пцуела друг политичар од сдсм.
     
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Abeja, прво, не ти личи така да ми се обраќаш. Искрено, читав до она „загорена си“ и престанав. Моето ниво е малку поинакво.
    И не, не сум загорена по никој, ама за жал, (во оваа средина тоа е тажно) прилично сум интелигентна и градам свое мислење, а тоа на многумина им пречи. Јас не зависам од партијата, од никоја, па не загорувам како вас, кои се гребете и клечите, некој од што толку му дал Господ, некој од што нема друг избор.
    Јас, за среќа, имам :)
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    17.611
    Пол:
    Женски
    Штета што не си прочитала до крај, бидејќи ако не си прочитала не си дознала што сакав да кажам.
    Ама така е најлесно," јас тебе можам да ти пишувам што сакам ама ти мене ако се осмелиш да ми напишеш одма те скролам" :rofl:
    Поради тоа не може да постои никаква дискусија во тема политика, бидејќи не може некој да напише нешто без да биде нападнат, па за жал не може ни во тема за работа-и тука мора да смисли што да каже за да не случајно не му се допадне тоа на друг форумџија.
    Ако се навратиш само малку поназад во темава ќе видиш дека јас започнав со свое мислење а ти мораше да нападнеш со контра мислење, а зошто? Само затоа што тебе не ти се допаѓа како јас размислувам и сакаш сите да мислат исто како тебе. Епа тоа никаде го нема.
    Одам да си ги наострам ноктите за да можам појако да гребам.
     
  11. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    феминки, полагав денес и положив со максимум и на двата дела. ми се погодија прашањата, само за едно се двоумев за пензинско и инвалидско осигурување. сите прашања беа исто поставени како и во тестови, само одговорите не беа по ист редослед. Наредно нешто што треба да чекам е да видам дали ќе бидам во петте најдобри за на интервју, потоа во трите најдобри за на психолошки тест,.... натаму... е за натамуу сигурно ќе треба некоја врска (добро познато е тоа) ама не губам надеж никогаш не се знае. На другарка ми братучедка, влезе во влада во секретаријат заа европски прашања без ниту една врска и без искуство иначе има англиски јазик, со некој албански плус. поздрав и секое добро!
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    Abeja,
    Ако веќе одиме по таа логика, прашањата не се едно по друго, меѓу нив има прашање точно за тоа што ти сакаш да го дадеш како одговор..

    1. Како е определен суверенитетот во член 1 став (2) од Уставот Република Македонија:
    a) неделив, неотуѓив и непренослив;
    b) променлив, деллив и непренослив;
    c) неделив, променлив и неотуѓив;

    2.Суверенитетот произлегува и им припаѓа на:
    a) Уставот;
    b) граѓаните;
    c) законите;

    3. Според Уставот на Република Македонија, суверенитетот е:
    a) граѓански и повеќенационален;
    b) неделив, неотуѓив и непренослив;
    c) национален;


    Бидејќи третото прашање убаво е поставено, што Е суверенитетот, според мене одговорот е под b)
    А Член 2 што мислиш дека не сум го прочитала објаснува дека суверенитетот произлегува и им припаѓа на граѓаните, а тоа го одговара прашањето 2.
    Повеќенационален како термин не го сретнав во цел устав.
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    17.611
    Пол:
    Женски
    ^^ Не мора да го сретнеш повеќенационален како термин, самите амандмани на Уставот се однесуваат токму на различните националности, права на малцинствата итн..
    Ако во понудените одговори ги има двата одговори и според член 1 и според чл.2 тоа значи дека и двата одговори се точни. Затоа мислам дека порано (пред да се направат промените во прашањата од лани) кога се бараше одговорот-граѓански и повеќенационален, го немаше како опција одговорот според член 1.
    Прашањето еднаш е поставено да се одговори според чл.1 а друг пат според Уставот, па како сакате така одговорете го, пак ќе зависи од нив како го имаат одговорено во компјутер. Јас кога полагав го имаше ова прашање но не во комбинација со одговорот според член 1.
    Како е одговорено во системот може да каже само некој што полагал и положил со по 30 поени од двата дела и да го имал истото прашање.

    Кога ти се обратив на тебе дека не си го прочитала, не мислев сериозно туку како шала на она што ти ми го кажа на мене jasBia ;)

    Преамбула на Уставот:
     
  14. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    Се замолува некој/a со 30 поени од општ дел, што го имал/a прашањево, да каже како го одговорил/a :)
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    17.611
    Пол:
    Женски
    ^^ За да не си ги нарушуваме меѓусоседските односи за едно прашањце :rofl:

    Јас се извежбав пак и сега сакам пак да го полагам, нема врска што ми трае уште потврдата, ама па сега нема нови огласи кои што би ми одговарале а до избори којзнае дали ќе има уште една тура на огласи.
     
    На jasBia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    вака се како што се одговорени! како може да е повеќенационален, самиот збор национален ви укажува на тоа дека е на повеќе нации! а не е. значи уставот на РМ НЕ Е ПОВЕЌЕНАЦИОНАЛЕН.
     
  17. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    Не бе, какво нарушување меѓусоседски односи.. Кој е во право добива пица :) А како ќе дознаеме кој е во право појма немам..
    Јас информатичар по струка, везе немам од толкување на членови и амандмани, ама некако прашањето ми изгледа премногу едноставно поставено за да бара толку заклучоци за да се одговори..
    Дај бе луѓе, каде сте тие вчера и денес што полагавте??
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Мислам дека работата е во следново:

    Член 2
    Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните...

    А граѓани на РМ се од различни националности, запишани во Уставот:

    ... граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија

    Односно, суверениетот произлегува од граѓаните кои се од повеќе нации, ergo...
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    ако е определ суверенитетот како
    a) неделив, неотуѓив и непренослив; тогаш се надоврзува на прашањето (во целост исто)
    Според Уставот на Република Македонија, суверенитетот е:
    a) граѓански и повеќенационален;
    b) неделив, неотуѓив и непренослив;
    c) национален;

    секако дека и ова ќе биде под Б

    незнам што не ви е јасно овде толку многу..
     
    На jasBia му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Мислам дека прашањето е поинаку поставено...

    3. Според Уставот на Република Македонија, суверенитетот е:

    a) граѓански и повеќенационален;
    b) својствен само за органите на државната управа;
    c) национален

    Од овие понудени одговори точен е оној под а, другиве секако не се...

    Веројатно дебатата е околу вака поставеното прашање, инаку јасно е што е точно.
     
    На Abeja и violetblue им се допаѓа ова.