Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање на испит за државен службеник

Дискусија во 'Барање работа' започната од elygj, 17 септември 2010.

  1. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    ^^ Каде го најде ова прашање??

    Едит:
    Помислив дека сум прескокнала некое прашање на страната.
    Барав, вакво нема.

    Останува истото прашање, неколку пати поставено претходно, стварно не знам од каде излезе новово..

    3. Според Уставот на Република Македонија, суверенитетот е:

    a) граѓански и повеќенационален;
    b) неделив, неотуѓив и непренослив;
    c) национален;
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.601
    Пол:
    Женски
    Како може да не е повеќенационален кога самото променување на преамбулата поради амандманите значи дека се почитуваат правата односно се изедначуваат со другите националности-албанци, бошњаци, срби итн..значи се однесува на повеќе нации, а тоа дека е граѓански произлегува од чл.2
    Дури и кога ми е даден одговорот од збор до збор, пак проверувам дали има логика, така и со ова прашање, секогаш сакам да ги поврзам работите.
    Очекувам и да е направена утка (намерна или ненамерна) за да збуни највеќе, а сигурно одговорот зависи од начинот на поставеното прашање. Ова нема да е прва двосмисленост и бесмисленост на некое прашање од понудените, бидејќи наназад во темава ги имам одговарано, помеѓу останатите, и прашањата од ЕУ, каде што имаше прашање каде ниту еден од понудените одговори не беше точен.
    Тоа не ме изненадува, бидејќи наспроти она што го кажа мислам Cka дека на огласите за државни службеници се вработувала само интелигенцијата со највисок просек, од погрешно поставени прашања за еден толку важен испит може да се види колку се интелигентни (не зборам за ова прашање за суверенитетот туку за тие од ЕУ). Кога се спрема материјал со прашања за таков важен и елиминаторен испит, треба 10 пати да го провериш секое прашање и секоја измена од законот и од правилата во ЕУ, многу е битно да си во тек со настаните.
    Ме интерсира дали има некој од фемина да положил со максимум поени и да се вработи (или со помалку поени и да се вработи).
    Се сеќавам дека и илипили беше на интервју, ама не знам што направи, дали се вработи?

    Е вака беше поставено прашањето пред да ги направат промените од лани, и тогаш точниот одговор беше-граѓански и повеќенационален, што значи понудениот одговор во измените, како е дефиниран во чл.1, би требало да е трик одговор. Бидејќи од тие три одговора во претходните прашања од пред една година, само тој беше точен-граѓански и повеќенационален, значи дека и во случајот со изменетите одговори пак е тој точен иако постои опција да е неделив, неотуѓив и непренослив (но тој одговор е стриктен за конкретното прашање како тој е определен во чл.1 а не каков е според Уставот во глобала)
    Значи разликата е таа-како е дефиниран во чл.1 и КАКОВ е според Уставот.
     
  3. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    Е шо сеа.. Пица сакаш? :D
    Сабајле полагам, знам дека ќе паднам на општ дел, ама бар ова Прашање нека ми падне :)
     
  4. kavadar4anka

    kavadar4anka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    4.388
    Пол:
    Женски
    jas mislam deka mnogu retko nekoj pagja :)... krsi noga, ke polozis!
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.601
    Пол:
    Женски
    Е не, ќе те фарбам :rofl: , Капричиоза ама не таква на слика како што преовладува во СП
    Знам дека си ги читала одговорите, а и сите точни одговори (освен ова спорново) ги имаше постирано за симнување една феминка, заборавив која беше, ама ако пребараш по темава ќе ги најдеш. Ги проверував повеќето, испадна дека и се точни, освен ова со суверенитетот.
    Само оди релаксирано и читај си ги прашањата до кога да те викнат за полагање, ама заборави ја тремата или стравот, ако те фати паника ќе се блокираш. Ќе се чудиш колку брзо се решаваат прашањата, ако барем ги имаш прочитано одговорите неколку пати. Со среќа.
     
  6. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    Прашањата ги имав симнато и ги прочитав само до област 2.. Денес отидов порано, демек да читам, и до 10.30 не почнавме, и ми текна дека не ги ни префрлив ни во телефон за да ги читам..
    Повеќе од пола од општ дел немав поим што е :D одговарав на тепка и по некаква логика, и положив со 24 а, сигурна бев дека ќе паднам.. Вториот дел го поминав со 30.
    Само малку чудна ситуација беше, преполно луѓе, сите колеги, си прават муабет.. Ај си викам не се за истото дојдени.. Имаше 30тина луѓе постари од 40-50.. Додека ги чекавме потврдите еден од тие ми кажа дека тие сите биле вработени, ова им било само задолжително да го полагаат, и дека во огласот немало да се примаат нови вработени..
    Сте имале некое вакво искуство?

    Едит:
    Уште да ме вработат и добиваш пица најголема и најубава :P
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.601
    Пол:
    Женски
    ^^
    Испитот за државни службеници се полага на две години, се гледа дека не си го прочитала законот за државни службеници :D а ти добро си поминала со оглед на тоа дека не си ги прочитала законите :lol:
    Ај сега фаќај врски за да те вработат, без тоа тешко.
    Како јас ќе јадам пица најубава на свет :rofl:
     
  8. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    се да бидеш во најдобрите 5, за на интервју. најдобрите 5 се со најмногу освоени поени на испитот и просек (по правило треба да е вака) од 5те најдбори после интервју дополнителни поени се добиваат па селекција на 3. 3те најдобри полагаат тест па дополнителни поени. сума сумарум најдобриот се вработува. (ама по правило) во меѓувреме некоја подебела врскичка дирекно од министерство (ако аплицираш за министерство) и да си партиски ако немаш вистински човек да крене слушалка на вистинско место и да го каже твоето име и презиме, ѓабе е од уво на уво од врата на врата. иначе да, таа е процедурата за до работно место... а пици сите ќе јадеме, да успееме што повеќе од нас да се вработат! со среќа на сите
     
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Ова неколку пати го кажувам тука, дека веќе работат луѓе кога има огласи (95% од огласите се формални). Инаку, кога веќе ќе се вработиш нема потреба да го полагаш на две години...
    И пак ќе речам-сепак, борете се, може ќе имате среќа и ќе бидете во тие 5% ненаместени огласи.
    А кога веќе учите, мој совет, пробајте да земете некој квалитетен сертификат, се наоѓа и за во МК, уште повеќе за во странство (сертификати и искуство, дури и како волонтер, ќе ви вредат повеќе и од МК диплома еден ден).
    Со среќа на сите :)
     
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Испитот за државни службеници може да го полага секој кој се пријавил навреме за огласот за работа. Положениот испит трае две години, и значи после тоа може да се аплицира на сите огласи за државни службеници, нормално доколку на испитот ви се извадени максималните поени. Доколку полагате и не ги извадите сите поени за ваше добро е да си полагате дури не ги извадите максималните поени, бидејќи нели има конкуренција и сегогаш први се оние со најголем број на поени.
    Значи прво се полага општиот дел, а доколку бидете вработени после се полага и практичен односно стручен испит.
    Материјалите и прашањата можат да се најдат на агенцијата за вработување. Прашањата се од областа на правото, Уставно право, Управно право, Управна постапка. Значи содржината на Уставот, донесување на Закони, Парламент, начин на гласање во него, Влада, состав и ограни, Претседател негови ингеренции и слично.
    Им посакувам среќа на сите што се пријавуваат и немојте да бидете обесхрабрени, кој се труди и добива.
     
  11. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    Баш заради тоа и ме буни ситуацијава..
    Ако веќе е вработен, и задолжително Мора да полага на 2 години, зошто побогу тоа треба да се направи преку Јавен Оглас за Слободно работно место??
     
  12. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Не треба... Друга е ситуацијата-луѓето работат, ама да кажеме на договор или на определено или некоја друга форма на привремено вработување. Ако им се трансформира на неопределено време раб. однос, се огласува местото и потоа пак ќе си го примат истиот човек, ама треба да ја помине процедурата за да биде се по закон. Втората варијанта е дека конкурира за друго раб. место во истата установа, кажано му е дека ќе го добие, ама исто-мора да се испочитува процедурата, посебно нели што има вработени уште пред овој закон, па не полагале вакви испити. Има и др. опции, да не набројувам. А местата најчесто се огласуваат заради почитување на процедурата, за да не може после да се искомплицира работата.
     
  13. Lenitta

    Lenitta Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    А да не ги има некој одговорите на прашањата за полагање на испитот за државен службеник?
    Благодарам :)
     
  14. razvigorce

    razvigorce Нов член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Zdravo :) ,nova sum na forumov i sakav da ve zamolam za edna informacija.Dali nekoj e povikan za polaganje na ispitot za drzaven sluzbenik za oglasot na Drzaven arhiv na R.M. koj treba da se odrzi na 27 mi ovoj mesec? Blagodaram odnapred :)
     
  15. Bile3

    Bile3 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Zdravo devojki
    Bi sakala da ve prasam dali nekoja od vas ja viknale na intervju i kakvi prasanja postavuvaat - strucni ili opsti?
    Blagodaram :)
     
  16. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    На интервју се општи прашања, за тебе за образование, за искуство работно и слично, ништо страшно.
     
  17. Bile3

    Bile3 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2

    Fala za odgovorot :)
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ikomil

    ikomil Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    здраво. сакам да прашам дали има повикано некој на интервју за огласот 213/2013 за во министерството за труд и социјална политика. и дали повикувањето е со порака како за испитот. фала.
     
  19. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    јас бев на интервју во министерството минатиот четврток на 16.01. пред мене имаше околу 20 кандидати и сите различно ги прашуваа, мене лично ми поставија 5, 6 прашања општи, за образование за каква личност сум (опиши се ми вика) и дел од работни односи законот. ведри насмеани беа сите од комисијата и се надевам дека добро поминав. од тогаш нема никакво известување. а за интервјуто ме известија по маил
     
  20. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Девојки, имам две прашања во врска со испитот за државен службеник.
    Прво: дали прашањата за испитот ги симнавте од овој линк http://ads.gov.mk/default.asp?ItemID=2B7EAAD70521EC4EAF38C63B03770CC3 најдолу на страната?

    Второ, каде точно се наоѓа Агенцијата за администрација?

    Фала најмногу :)