Да, тие се прашањата. Точна адреса на агенцијата: ул. “Јуриј Гагарин“ бр.15 Скопје (во зградата на Министерството за економија).
Moze nekoj da mi pisi po kolku dena od denot na polaganje na ispitot za drzaven sluzbenik vikaat na intervju
Во Капиштец е, после Зебра па трговскиот Беверли и уште продолжуваш право па ја преминуваш улицата и одма овде е од лево, ќе ја познаеш зградата.
Не, далеку е од Буњаковец.. Ако мислеше на Беверли, и тој не е баш тука.. Од Буњаковец по Партизанска треба да отидеш до Рузвелтова па лево по неа до министерство..
Улицата што е меѓу Зебра и овде се Интермецо, Воденица само по неа право накај Козле кога се оди. Нема да го промашиш од лево е зградата ќе ја препознаеш.
Здраво девојки, читав по форумов би сакала да ве прашам дали некоја од вас ја викнале на психо тест (што веројатно следи после интервјуто).. каков е тој психо тест, колку трае, на кој начин, дали е тежок?? Ви благодарам
Психотестот содржи прашања за тебе, од типот: Дали сакате да работите? Дали сакате да работите со други луѓе? Дали сте често нервозни? и така значи ништо страшно си одговараш лично за себе и за својт карактер. Донт вори
од последна 23, ќе се завртиш и одиш само право,10мин од левата страна ти е министерство за економија таму е и агенцијата, сега во истата зграда е и министерство за правда. (прашај го шоферот ќе ти каже)
Да ве прашам нешто најискрено Дали сите вие што сте аплицирале преку агенција за администрација или преку некој друг онлине оглас , и сте биле викнати да го полагате испитот за државен службеник , дали некој е вработен така ? Или сте барале и врски за да ве вработат на посакуваното место ?
Еве јас иако го положив и сега треба да одам на интервју, верувам дека тоа е сето чиста формалност, џабе шетање.. Мислам дека на интервју кога ќе влезам од мене ќе очекуваат да кажам кој ме праќа.. Јас најдобро некој виц да им раскажам, да не се досадуваат
Ми стигна порака за полагање на испитот за државен службеник. За три дена може да се спремам за испитот Ги симнав прашањата од општиот дел што се со 10 поглавја. Тоа е општиот дел, така? Кој е тој стручен дел? Дали се уплаќа за полагањето нешто? Простете, тотална збрка сум. Се мислам дали да почнам да учам, дали воопшто да полагам
зошто за три дена? порано стигнува известувањето за полагање.. опстиот дел е тој, а стручниот дел ти се прашања од информатичка област (има прирачник) и околу 50 или 60 прашања не се сеќавам баш. не се уплаќа ништо одиш само со лична карта, а за три дена не се спрема и да ги имаш одговорено, малку време е, а ако ги одговараш сигурно ќе ти требаат едно 2 до 3 недели заедно со учење, комплетно
Денес ми стигна порака дека треба да полагам во понеделник. Значи воопшто и да не почнувам да се подготвувам.
незнам колку добро го познаваш правото, ако си правник обиди се, иако има многу измени во законите и стварно е обемен материјалот. пробај полагај може за поминување ќе поминеш, но ако ги немаш сите поени на двата дела нема да те повикаат на интервју. ако полагаш сега можеш да преполагап за максимум поени после 60 дена (или 90 да не беше) иначе потврдата ти важи 2 год.
Ако не се појавам сега, може да ми го земаат тоа во предвид за идни огласи, па да не добивам известувања за полагања?
Јас го спремав во 3 дена и го положив.. И не е точно дека без максимум не те викале на интервју, еве и со 24 поени ме викна.. Пробај, ништо не губиш.