Полагање на испит за државен службеник

Дискусија во 'Барање работа' започната од elygj, 17 септември 2010.

  1. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    Дечки секој што бил да полага испит ќе биде повикан на интервју, но ако треба да вработат 50 луѓе а се пријавиле 500 и од тие околу 300 можеби се со извадени максимални поени и од тестови и од успех. Така одма отпаѓате од конкуренција, за тоа полагајте си го испитот додека не ги извадите максималните поени, така веројатноста за да се добие некое место е многу поголема.
    Што ако ве повикаат на интервју а на местото за кое конкурирате има уште 15 повикани кои имаат 30 поени од испитот и сите од успех, значи ете одма можат да ве елиминираат што е и нормално, меѓутоа кога си ги имате поените одма е подруго.
     
  2. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    Нема да ти претставува проблем тоа, секогаш кога ќе се пријавиш ќе те викнат. Но ако веќе се имаш пријавено оди на полагање барем види ги прашањата, и почни да учиш. Не може да чекате да ве викнат на полагање и тогаш да почнете да учите, треба со време да се почне со учење.
     
  3. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Почнав да ги барам одговорите и првата област скоро ја поминав.

    Внимавајте многу од одговорите на прашањата ако ги барате според посочениот извор на Агенцијата, нема да ви бидат точни. Што зборувам? Пр. според Изборен законик посочен од Агенцијата во РМ има 9 изборни единици, а според новиот Изборен законик (пречистен текст) на Државна изборна комисија во РМ има 6 изборни единици. И за други прашања имаше иста ситуација, треба да се внимава. И голем дел од прашањата ги нема во посочените извори треба да се бараат по амандманите.

    Решив да не полагам сега, пошто нема теоретски шанси да ги најдам одговорите до понеделник, а не пак и да ги научам. Не планирам да се брукам (и така имам испити на постдипломски периодов).
     
  4. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    Трите изборни единици во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија, се додаваат на 6те што се на територијата на РМ, сепак 9 е точен одговор.
     
  5. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Баш се замислив за ова прашање.

    Вели:
    Во Република Македонија се уврдуваат изборни единици:

    a) 85 (осумдесет и пет во кои е вклучен и Градот Скопје);
    b) 9 (девет);
    c) 6 (шест);

    6 или 9 се, а и некој друг нека сподели како го има одговорено?
     
  6. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    Не знам што те буни.. Јасно е напишано

    Член 175
    Во Република Македонија се утврдуваат девет изборни единици.
     
  7. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    6 изборни единици се.. еве како се групирани http://www.sec.mk/arhiva/2009_pretsedat ... &Itemid=15
     
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Ова е од 2009, имаа измени од тогаш.
     
  9. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342

    За спроведување на гласањето за избор на тројца пратеници се утврдуваат три изборни единици,
    и тоа:
    - Изборна единица број 7 за гласање на државјаните на Република Македонија кои се на привремена
    работа или престој во Европа и Африка со избирачките места, односно ДКП во тие земји,
    - Изборна единица број 8 за гласање на државјаните на Република Македонија кои се на привремена
    работа или престој во Северна и Јуж на Америка со избирачките места, односно ДКП во тие земји и
    - Изборна единица број 9 за гласање на државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во Австралија и Азија со избирачките места, односно ДКП во тие земји.

    Извор http://aa.mk/WBStorage/Files/izboren_zakonik.pdf
     
    На Lina24 и Li0ness им се допаѓа ова.
  10. sonce81

    sonce81 Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    I mene me viknaa na intervju a nemav maksimum poeni i ne se nadevav posto mi rekoa deka oglasot bil za nekoi sto veke rabotele, pa mozi nekoj da mi kazi kako pominal na intervju dali e mnogu ,,strasno,, :) pozz
     
  11. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    да, ама 6 изборни единици се во Р.Македонија, а овие 3 се за во европа и африка, северна и јужна америка и австралија и азија.. а прашањето Вели:
    Во Република Македонија се уврдуваат изборни единици:
    тоа малк ме буни... има некои вака зезнати прашања..
     
  12. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    Lina24, и тие 3 се изборни единици УТВРДЕНИ ВО РМ..
    Прочитај го законикот, или бар тој член..
     
  13. ruzki748

    ruzki748 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Точниот одговор е 9 ИЕ, поздрав
     
  14. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134

    Фала најмногу :*
     
  15. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Девојки, тие што го полагале испитот, како се спроведува практичниот дел на компјутер или исто ќе биде со заокружување?
     
  16. Bile3

    Bile3 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Пректичниот дел се сости од прашања од Област X.
    На испитот има 20 прашања од законите и 20 прашања(практичен дел) на заокружување од Област X. :)
     
    На snegulkabela му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ruzki748

    ruzki748 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Феминки ве молам за помош!!! На страната на агенцијата на СИМУЛАЦИИ ми дава постојано исти 10 прашања од кои некои не се во прашањата кои се објавени на страната, а и понудените одговори се различни, е сега ги одговарам тие 10 прашања според закон и измени и никако не можам да добијам повеќе од 27 поени, незнам што е работата????? Дали системот не работи или...... Ве молам споделете искуства! Поздравче до сите
     
  18. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    таа симулација е стара сигурно 2 години, и јас го забележав истото. на испитот не даваат прашања кои ги нема во материјалот, така да не се нервирај ;)
     
  19. ruzki748

    ruzki748 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Здраво феминки повторно јас :О Ве молам помош околу овие прашања се двоумам:

    Област ll
    3. За имунитетот на Претседателот на Владата на Република Македонија одлучува...

    a) Уставниот суд на Република Македонија
    b) Собранието на Република Македонија
    c) Владата на Република Македонија

    Област lV-УПравна постапка

    19. Порамнувањето во управната постапка ...
    a) се запишува во записник
    b) се врши со донесување на решение
    c) го врши Управниот суд

    70) Со каков акт органот на државната управа одлучува за прашања што се однесуваат на управната постапка

    a) со упатство
    b) со заклучок
    c) со решение

    Област Vll-ЕУ

    31. Што е acquis communataire?

    a) Сите важечки договори и правни акти на Европската унија;
    b) наследство на европската унија;
    c) право на европската унија;

    32. Acquis communautaire е составено од?

    a) примарно законодавство, секундарно законодавство, судски одлуки, договори склучени со трети земји и конвенции помеѓу земјите членки;
    b) договорите и директивите;
    c) примарно и секундарно законодавство;

    52. Советот на ЕУ е составен од...

    a) граѓаните на земјите-членки
    b) премиери на секоја од земјите-членки
    c) министри на влади од секоја од земјите-членки

    58. Соодлучување е термин што се користи за овластувањето на Европскиот парламент да однесува закони заеднички, на исто рамниште со...

    a) Советот на министри
    b) Европскиот совет
    c) Европската комисија

    66. Основата за заштита на човековите права во Европа ја претставуваат...

    a) Европската конвенција и Европскиот суд за човекови права
    b) Повелбата за фундаменталните права и Европскиот совет
    c) Лисабонскиот договор и Европската комисија

    Се извинувам на долгиот пост,но утре полагам а се двоумам околу прашањава, ве молам споделете ваше размислување. Фала на сите поззз
     
  20. Ana-Marija24

    Ana-Marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    204
    Овие први три прашања се сигурно точни а од областа ЕУ ги неам најдено. Се надевам ти помогнав колку-толку. Со среќа