Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање на испит за државен службеник

Дискусија во 'Барање работа' започната од elygj, 17 септември 2010.

  1. Ana-Marija24

    Ana-Marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    203
    Ве молам на помош за ова едно прашање,дилемата е дали е под б или с ?
    Фала

    ОБЛАСТ X


    Информатичко-комуникациски технологии (Основни поими од ИКТ, Користење на компјутерите, Ефикасно управување со компјутерите, е-Влада и е-Демократија


    30. Табела во документ во Word може да се вметне преку наредбата:

    a) Insert-->Object-->Table;
    b) Insert-->Table;
    c) Table-->Insert Table;
    d) Table-->Show Gridlines;

    извор - Прирачник за ИКТ поставен on-line на интернет локацијата на Агенција за администрација
     
  2. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134

    Област Vll-ЕУ

    31. Што е acquis communataire?

    a) Сите важечки договори и правни акти на Европската унија;
    b) наследство на европската унија;
    c) право на европската унија;

    32. Acquis communautaire е составено од?

    a) примарно законодавство, секундарно законодавство, судски одлуки, договори склучени со трети земји и конвенции помеѓу земјите членки;
    b) договорите и директивите;
    c) примарно и секундарно законодавство;

    52. Советот на ЕУ е составен од...

    a) граѓаните на земјите-членки
    b) премиери на секоја од земјите-членки
    c) министри на влади од секоја од земјите-членки

    58. Соодлучување е термин што се користи за овластувањето на Европскиот парламент да однесува закони заеднички, на исто рамниште со...

    a) Советот на министри
    b) Европскиот совет
    c) Европската комисија

    66. Основата за заштита на човековите права во Европа ја претставуваат...

    a) Европската конвенција и Европскиот суд за човекови права
    b) Повелбата за фундаменталните права и Европскиот совет
    c) Лисабонскиот договор и Европската комисија

    Само што првото прашање за acquis communautaire во различна литература се споменува и како наследство на ЕУ, меѓутоа во овој случај е првиот болдиран одговор
     
  3. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134

    30. Табела во документ во Word може да се вметне преку наредбата:

    a) Insert-->Object-->Table;
    b) Insert-->Table;
    c) Table-->Insert Table;
    d) Table-->Show Gridlines;

    Пробај на документ Insert --Table-->Insert Table (со овие команди) само што тука го нема првиот исерт што стои горе кај алатките
     
  4. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    insert - table.. е под Б точниот одговор..
     
  5. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    30. Табела во документ во Word може да се вметне преку наредбата:

    a) Insert-->Object-->Table;
    b) Insert-->Table;
    c) Table-->Insert Table;
    d) Table-->Show Gridlines;

    100% е под c)
    Некои од вас ретко отвараат Ворд..

    Едит.. Тие што мислат дека под b) е точно, нека отворат Ворд и нека кликнат на Insert па на Table и нека пишат дали им се вметнала табела во документот или им се отворил прозор кај што треба да кликнат Insert Table за да се случи чудото наречено табела во документ..
     
  6. Ana-Marija24

    Ana-Marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    203

    Знам дека точниот одговор е Insert-->Table-->Insert Table затоа точно е и под б и под с (многу е двосмислено) :( :( :(
     
  7. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    Прашањето е јасно, како се вметнува табела.. Со постапката под b) табела не се појавува во документот, значи нешто недостасува :D
    Нека не ве бунат со намерно двосмислени одговори..
     
    На Ana-Marija24 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ruzki748

    ruzki748 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Многу двосмислено прашање како и низа други. Одговорот зависи од оперативниот систем, односно во windows 93 e Insert Table; а во Windows 2007 е c) Table-->Insert Table; така претпоставувам дека точниот дговор е под С. Инаку за да положиш со максимум поени треба да гледаш на гравчиња како размислувал ТОЈ што ги правел прашањата. Со среќа на сите, јас мојата ќе си ја пробам во вторник па ќе ве известам како е. Поздравче Феминки ;)
     
  9. ruzki748

    ruzki748 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Се иавинувам ако сум напорна, но ми треба Ваша помош и за ова прашање.

    Област lV
    19. Порамнувањето во управната постапка...
    а) се запишува во записник
    b) се врши со донесување на решение
    c) го врши Управниот суд
     
  10. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342

    Член 137 од Закон за општата управна постапка

    (3) Порамнувањето се запишува во записник.
     
  11. ruzki748

    ruzki748 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Многу ти БЛАГОДАРАМ на брзиот одговор. Поздрав
     
  12. blaskovska001

    blaskovska001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво, ќе може мала помош за следниве прашања
    Област 10
    27. Кој од следниве формати преставува формат на датотека изработен во апликација за табеларно пресметување?
    a) xls
    b)doc
    c) cdr
    d) psd
    e) pdf

    Област 8
    21) Уредбата за канцалариско и архивско работење ја донесува...
    а) Влада на РМ
    б) Собрание на РМ
    ц) Државен архив на РМ

    Област 7
    72) Заеднички надлежности на ЕУи земјите- членки се во области како што се
    а) внатрешен пазар, земјоделство, енергетика
    б) правила на конкуренција, монетарната политика на евро- зоната и заедничка пазарна политика
    ц) образование, индустрија здравство

    Фала многу
     
  13. ruzki748

    ruzki748 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Прашањето 27, не ти е целосно поставено, треба да има во надополнување ,,ИЗГОТВУВАЊЕ НА ГРАФИКОНИ/ДИЈАГРАМИ- MICROSOFT EXCEL,,
    27-a, 21-а, 72-а
     
  14. ruzki748

    ruzki748 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Феминки кој е точниот одговор на ова прашање?

    Област 7-Европска унија

    51. Европскиот парламент ги претставува?
    а) граѓаните од земјите членки
    b)приоритетите на ЕУ
    c)земјите-членки
     
  15. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    "Европскиот парламент е директно избрана институција на ЕУ која ги претставува граѓаните од земјите-
    членки."
    Што е тешко да се отвори линкот на изворот и да се најде одговорот? Бар за вакви прашања..
    Сериозно не ве разбирам..
     
  16. ruzki748

    ruzki748 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    jasBia БЛАГОДАРАМ на одговорот, инаку не ми е тешко да побарам, односно 2-3 недели гњурам по законите, измените и амандманите, го имав одговорот под С) земјите-членки, но некаде по форумот наидов на размислување дека точниот одговор е под а) граѓаните од земјите-членки па затоа пишав за да го елиминирам сомнежот.
    П.С. Имам уште едно прашање од последната тема за кое се двоумам, па се плашам да го поставам да не ме карате ;) Сепак еве го:

    58. Според видот на целните корисници постојат три категории на компјутерски мрежи, кои се тие?

    a) Интернет, Windows и Office;
    b) Интранет, Интернет и Екстранет;
    c) LAN, WAN и MAN;
     
  17. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    b) Интранет, Интернет и Екстранет е точното..

    Муабетот ми беше, кога во една реченица, во изворот, го имаш "граѓаните од земјите-членки" и истиот тој понуден како одговор, зошто би ти било важно како го пишува во некој документ, што и сама не знаеш кој го одговарал?
     
  18. Ana-Marija24

    Ana-Marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    203
    Девојки ми стигна известување за полагање на Единствен психолошки тест, односно тест батерија (само на Ранг-листа од тројца науспешни кандидати). Дали има некој информација за каков тест се работи и дали тој трае и за понатамошни можности или е независен за секоја нова друга работна апликација треба да се полага наново? Во дилема сум дали да го полагам воопшто затоа што имам информации дека е наместена работната позиција (како и се тука :( ) а и поприлично е скапо - Психолошко тестирање за едно работно место чини 1.950,00 денари? Дали има некакво "фајде"?
    Ве молам за помош, фала однапред
     
  19. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    2.383

    sonce ajde te molam ako sakas pisi mi po kolku vreme te povikaja na intervju otkako go polagase ispitot za drzaven sluzbenik. Jas go polagav pred edna nedela i gi izvadov maksimum bodovite no nema nisto seuse za na intervju :( pozz
     
  20. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Психолошки тест-демек да се определи твојот психолошки профил, стандардно. Било каков психолошки тест ако си правела во животот-тоа е тоа. Не е тест на знаење, не е тест на интелигенција, нема учење...
    Важи мислам 3 години, ама само за еден тип вработување. т.е. ако си аплицирала за јавен службеник, ти се важи само за јавен, ако полагаш за државен, ти се важи само при вработување како државен...