Јас мислам не,јас полагав пред 2 месеци премногу е лесно,животни ситуации и како би рагирала. Како што кажа се е наместено,јас ги лупнав парите не ми ни пратија сертификат а ми казаа дека сум положила. Дали знаете кој го спроведува ова тестирање?
Девојки јас утре го полагам испитот, па е интересира следново: Агенцијата се наога во министерството за економија на 7ми кат и со мене треба да носам само лична карта и дали сертификатот го издаваат веднаш по испитот и треба да се чека или како? поздрав и се извинувам ако сум напорна ))
^ Да, таму се наоѓа, нема шанси да го утнеш затоа што верувам дека ќе има многу луѓе за полагање. Секогаш е голема гужва, освен тоа не почнуваат на време, па ништо чудно да не почнеш со испитот во закажаниот термин (јас конкретно влегов после 45 минути ми се чини). Потврдата ти ја даваат веднаш. После полагањето одиш во канцеларија број 9, даваш лична карта и чекаш да ти ја испечатат.
Testot go polagav na 15-ti a za na intervju mi pratija sms na 22-ri, intervjuto bese na 27-mi i cekas 3h poveke od vremeto sto ti zakazale a intervjuto trae necela min kako se vikas, sto imas zavrseno,rab iskustvo i poznavanje na kompjuteri i tolku barem za ovaj oglas tolku bese za dr neznam. Pozz
имам едно прашање: пред еден месец полагав испит за државен службеник и ми дадоа потврда за положен испит, но вчера ми стигна меил за еден друг оглас на кој се пријавив претходно, со кој ме известуваат за време и место за полагање. дали треба да полагам пак, зашто знам дека потврдата важи 2 години или што треба да правам.....стварно не ми е јасно, ако може некој кој знае да пише. ви благодарам
Нема потреба да полагаш повторно ако си задоволна со поените,ако не можеш повторно да полагаш но само доколку поминале 90 дена од првото полагање.
после полагањето имаш уште една селекција од 5-те најдобри, па одиш на интервју, од интервјуто има уште една селекција од 3 најдобри, па одиш на тестирање психолошко. а за психолошкото тестирање по порака или по маил известуваат? и во кој период од денот се полага, знам само дека во петок се спроведува тестирањето. цел ден или во нормално работно време до 4и 30
Во однос на ова прашање еве и јас да кажам мое мислење, бидејќи и јас полагав и поради ова прашање немам 30 бода туку 28.5. Гледам погоре во темата некој вика под б некој под ц. Јас го одговорив под б така да не ми беше земано како точен одговор, така да под ц е точниот одговор .И да се сложувам некој погоре имаше пишано во зависност за кој ворд сатнува збор во прашањето тоа не е наведено, и мислам дека на одговорот под ц забоавиле да додадат инсерт . Како и да е сега не се замарам мн бидејќи не ме повикаа на интервју 30. Табела во документ во Word може да се вметне преку наредбата: a) Insert-->Object-->Table; b) Insert-->Table; c) Table-->Insert Table; d) Table-->Show Gridlines;
Здраво феминки еве и јас да се пофалам Го полагав испитот вчера и положив со максимум поени на двата дела. Да ве известам дека прашањата им се ажурирани по 13.07.2013 година, така да точните одговори се според новите измени. Доколку Ви треба помош, тука сум и расположена за помош и консултација. Поздрав на сите
Јас полагав испит за државен службеник ми се чини беше во ноември, во Влада на РМ, во генерален секретаријат. Го положив со само едно утнато прашање од општиот дел и понатаму, нели не влегов во наредни селекциони кругови. Не знам зошто се пријавувам сега пак, исто во Влада, можеби ме привлече она дека ќе примаат 139 извршители, па ќе може некако без врски и партиска книшка да влезам. Што знам, може за џабе пак ќе го спремам...
Феминки кажете ми ако освојам 30 бода на двата теста сигурно ќе ме викнат на интервју? И како се полагаат тестовите, прво едниот се решава (ми рекоа давале 40 прашања) па после одма другиот (колку прашања даваат на вториот тест)?
Положив за јавен службеник, и сега треба другата недела да полагам за лиценца за во градинка. Не е баш место за во овој дел ама нека кажи некој од Скопје како се полага компјутерски или писмено, какви се прашањата, дали оценувањето е строго итн.
Девојки, имам положено психолошка тест батерија пред некој месец, меѓутоа сега аплицирав за друг оглас, и утре е плагањето на тест батеријата, меѓутоа не ми стигна никакво известување. Знаете ли дали треба некаде да ја однесам мојата потврда од претходно положениот тест, или тие си водат евиденција и сами ќе ја достават потврдата до органот за кој сум аплицирала? Фала ви.
Како што јас сум информирана... на итервју ги викаат најдобрите 5 ( ако се однесува за 1 работно место) т.е. имаат освоено максимум поени од двата дела и тука има удел и факултетот, сеа незнам како бодуваат, дали по просекот... битно во рангирањето не влегуваат само поените од овој испит туку и од факултетот. Ако бидеш во тие 5 ќе те известат следниот ден. Тестот се полага на компијутер и заедно ти се дадени сите 40 прашања поделени во два дела, односно 20 прашања за општ дел и 20 прашања за информатичкиот дел или практичниот дел како што го викаат. И тоа е се. Имаш дадено време од 30 минути ако не се лажам... А сертификатот од положениот испит ти важи за 2 години, па ако не те викнат за ова место, понатаму можеш пак да си аплицираш но нема потреба да полагаш пак, автоматски ќе те има дека ти е положено.
јас се регистрирав на www.najdirabota.com.mk а незнам како да се пријавам на огласот за вработување за да бидам повикана на полагање за јавен службеник....ако некој знае нека каже како да се пријавам на огласот за работа
Ќе отвориш на АГЕНЦИЈА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА потоа на полето ВРАБОТИ СЕ па ќе одбереш ЈАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ќе побараш кој е активен оглас и кој ти одговара согласно кфалификациите ,потоа одиш на АПЛИЦИРАЈ ќе ги поплниш сите полиња и тоа е тоа.Доколку ја поминеш административната порака ќе те известат за времето на полагање,потоа ДЕБЕЛИ ВРСКИ за да те вработат.Накратко тоа е постапката