Денес полагав јас и ме се падна бас ова прашање и го одговорив гресно нормално зашто мислев дека е под ц но не е така да за другите да знаат дека е под а најверојатно A воедно и сакам да прашам дали ќе може сега да се пријавам за полагање на јавен службеник тоа нема никаква врска со резултатите што сум ги постигнала за државен службеник не треба да чекам 3 месеци за да се пријавам на оглас за јавен службеник или ке треба дали знае некој да ми каже
Не можеш да знаеш коа си го згрешила. Иначе, можеш секогаш да се пријавуваш, нема што да изгубиш и можеш да преполагаш ако си незадовона од резултатите (нормално на друг оглас) ама треба претходно да кажеш дека го поништуваш претходното полагање.
Да не може да бидам сигурна ама нема кое друго да биде за тоа и уште едно не бев сигурна . Значи сега може да се пријавам повторно за полагање на дрзавен службеник послем 3 месеци со изјава дека се откажувам од резултатите а за јавен службеник кога ке има оглас нема никаква врска резултатите од дрзавниот слузбеник
Ионака после 3 месеци ќе нема веќе државни и јавни туку 2 во 1 Сите ќе бидат административни службеници според новиот Закон кој стапува на сила од февруари 2015 година.Закон за административни службеници Сл, весник 27/14
Оф леле колку измени ќе има!!! Најди го закончето на веб страната на Собрание.мк или на Право.орг. Читни малку.
Здраво, сакам да ве замолам за одговор на едно прашање: 37. Од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници на Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија, не е дозволено... a) отуѓување на државен капитал и потпишување на колективни договори b) исплаќање на социјална помош c) исплаќање на студентски и ученички стипендии Дали знае некој кој одговор го прифаќа Агенцијата, затоа што и под а) и под b) е точно.
Лицето кое првпат се вработува, а нема да го положи стручниот испит... а) му се продолжува времетраењето на пробната работа б)му се продолжува приправничкиот стаж ц) му престанува вработувањето во државната служба Кое е точен одговор?
Ова е според законот за државни службеници член 14 став 6 На државниот службеник- приправник кој нема да го положи приправничкиот испит, работниот однос му престанува. Значи Ц)
Има ли некој на листата од 436 што треба да полагаме психолошки тест? Ова зборам за рамковен договор. Искочи листата на 29.10 а сеуште нема никакво известување
Ако може помош женски и за овие прашања... Буџетски корисници имаат право да преземаат обврски или да направат расходи до: а) 10% над лимитот на одобрените средства б)лимитот на одобрените средства в) 5% над лимитот на одобрените средства Годишниот финансиски план по квартали за користење на средства по сметки, буџетските корисници од централната власт го доставуваат до Министерството за финансии во рок од: а) 25 дена б) 15 дена в) 30 дена
Девојки ќе ми треба мала помош! Утре полагам, но сум заглавена на неколку прашања... за некои не сум сигурна, а некои воопшто не успеав да ги најдам! Многу ќе ми значи ако некој бар до вечер ми даде одговор.... 21. За решавање во управна постапка во втор степен, Владата на Република Македонија образува 12 комисии a) точно b) неточно 10. Кој дава согласност на актите за организација и систематизација на работните места во општинската администрација: a) Агенцијата за администрација; b) Министерството за локална самоуправа; 48.Државниот службеник кој не е задоволен од оценувањето има право на приговор до.... a) Комисијата за преиспитување на оценката, формирана во органот во кој е вработен b) Агенцијата за администрација c) Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен 72) По жалбата на решение донесено на управна постапка, второстепениот орган мора да се произнесе... a) најдоцна во рок од еден месец сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок b) најдоцна во рок од два месеци сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок c) најдоцна во рок од 15 дена сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок 76) Инспекциските надзори во управната постапка се вршат... a) по службена должност и поднесени преставки, предлози и иницијативи од граѓаните b) само по службена должност c) само по претставки, предлози и иницијативи поднеси од граѓаните 42. Во случај на потешки последици од елементарни непогоди, во смисла на Законот за заштита и спасување, на државниот службеник му се исплатува еднократна парична помош во висина на: a) три просечни месечни нето плати на државниот службеник b) една последна исплатена просечна месечна нето плата во органот каде што е вработен c) две просечни месечни нето плати на државниот службеник 9. Кое е официјалното мото на Европската унија? a) Обединети во различностите; b) Толеранцијата меѓу заедниците; c) Недискриминацијата меѓу граѓаните 13. Кој ги склучува меѓународните договори на Заедницата? a) Советот на Европската унија и Европскиот парламент; b) Европскиот парламент и Европската Комисија; c) Европската Комисија и Советот на Европската унија; 29. Кои од досегашните тековни програми се заменуваат со ИПА? a) CARDS, ISPA, PHARE и SAPARD; b) ReSPA, IPARD и PHARE; c) CARDARD, ReSPA, SARDS и FARE;
21 -b) неточно , 10-Агенцијата за администрација; 48-a) Комисијата за преиспитување на оценката, формирана во органот во кој е вработен , 72 b) најдоцна во рок од два месеци сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок , 76 a) по службена должност и поднесени преставки, предлози и иницијативи од граѓаните , 42 b) една последна исплатена просечна месечна нето плата во органот каде што е вработен 9 a) Обединети во различностите; 13 c) Европската Комисија и Советот на Европската унија; 29 a) CARDS, ISPA, PHARE и SAPARD; Мене вака ми се одговорени
48 си грешка (2) Државниот службеник кој не е задоволен од оцената од став (1) на овој член може да поднесе приговор до Агенцијата, во рок од 15 дена од денот на врачувањето на решението.
јас го најдов одговоророт според изворот што е наведен од член 80 Државниот службеник кој не е задоволен со оцената од ставот (1) на овој член,може во рок од осум дена од денот на оценувањето да поднесе приговор до комисијата за преиспитување на оцената формирана од министерот ,односно функционерот кој раководи со органот од членот 3 став (2) на овој закон. Затоа мислам дека е под а
Здраво на сите , сакам да прашам кој полагал овој месец или претходниот за држ.службеници ? Дали е наместена работата? Дали се само овие прашања за учење : http://www.ads.gov.mk/prashanja-za-ispit-materijal.nspx ? Ве молам кој полагал во најскоро време од месец, два да ми раскаже како поминал,што прашања му се паднале, и каков е тој обајснете Ве молам психолошки тест ?
Здраво на сите , сакам да прашам кој полагал овој месец или претходниот за држ.службеници ? Дали е наместена работата? Дали се само овие прашањата за учење : http://www.ads.gov.mk/prashanja-za-ispit-materijal.nspx ? Ве молам кој полагал во најскоро време од месец, два да ми раскаже како поминал,што прашања му се паднале, и каков е тој обајснете Ве молам психолошки тест ?