Фала многу за помошта. Навистина ме збуни ова шо ми кажаа дека прашањата од практичниот дел се однесувале на работното место, а такви прашања јас не можев да најдам. Ти благодарам уште еднаш, сега ми е полесно
Мене ме интересира дали некоја од сите што пишувате тука и се посреќило и веќе почнала да работи на огласот кај што аплицирала (нели после завршување на сите полагања). Сите до еден што ги прашав, максимум на интервју ги викнале и толку. Има ли некој/некоја што се вработила на местото што аплицирала?
Лично искуство не,досега имам аплицирано не знам колку пати и го имам положено тестот и никогаш не ме повикаа на интервју.а пак камоли да ме вработе ја
Ако имаш општ и практичен дел тогаш прашањата од практичен ти се баш од областа на конкретното работно место.
Дали може некој да ми каже каде можам да ги најдам прашањата за полагање, сум пратила апликација за еден оглас на аа/пријава.мк, а не знам за кој, сум го баталила ливчето кај што ги запишувам и ми стигна ваква порака ;;испитот за оглас бр. тој и тој ќе се одржи на ден тој и тој во 14.00 во Агенција за администрација. Задолжително понесете важечка лична карта или пасош. Ниту знам што сум пратила, ниту знам кај да ги барам прашањата, претпоставувам дека има некој дел со општи прашања, нит па агенцијава знам кај е, прв пат ќе одам. Ве молам за помош
Да мила85, тие се прашањата. Нејсе, здраво феминки! Јас сум ваш читател со години но до сега не сум се осмелила да ги спротивставам моите мислења со вашите Би сакала да прашам нешто. Дали некоја од вас има аплицирано повеќе од еднаш на исти оглас за вработување во државна служба на кој има повеќе работни позиции. Имено, пред некоја недела аплицирав за три работни позиции но сега сакам да аплицирам за уште некоја (пониска) бидејќи огласот уште трае. Се јавив во Агенцијата за Администрација и ми рекоа дека може да аплицирам неограничен број пати но сепак сакам да знам дали некој има такво искуство и дали сега треба да ги штиклирам само новите позиции или и претходните. Да не ми се поништи претходната апликација со тоа? Вашите одговори ќе ми бидат од голема корист.
Здраво на сите, ве пратам подолго време меѓутоа сега решив да го споделам своето лично искуство и револт за тие што ги интересира во врска со процедурата за вработување на државен службеник. Имено во скоро време бев пријавена на еден од огласите, испитот го положив со максимум поени од двата дела. Воедно имав максимум поени и од образованието стекнато на државен универзитет. Поради исполнување на сите потребни услови уредно бев повикана на интервју и истото го поминав најсолидно и во најдобар ред, па следно бев повикана на психолошко тестирање. Иако од самиот почеток бев скептична за целиот процес, не се откажував и сакав да си ја испробам среќата. Слушав претходни искуства дека местата се наместени на ваквите огласи и верував во тоа, но морам да признаам дека лично се уверив во истото и крајно се разочарав од целокупната манипулација што се случува пред очите на сите. Најголемиот доказ за тоа беше кога на интервјуто беа повикани две особи од кои едната повозрасна особа (која што буквално не знаеше да управува со глувчето, а не верувам и дека имаше факултетско образование, а камоли просек) падна на испитот, а тоа го видов со сопствени очи во компјутерот, бидејќи беше во моја близина. Истото го потврди и комисијата која му укажа дека не го положи испитот и не треба да чека потврда. Меѓутоа очигледно не знаеле во тој момент за која особа (наместена) се работи, па да внимаваат да не слушнат/видат другите. Другата особа иако лично не видов како помина на тестот, подолго време се задржа во канцеларијата за потврди и излезе по претпоставка со фалсификувана потврда. Истите моментално се вработени на работните места. После ова што го поминав и искусив не верувам дека следен пат би се пријавувала на ваквите огласи кои очигледно 99% се претходно наместени. Немам слушнато дека некој се вработил без врски или коруптивни методи, можеби имало и такви случаи, но веројатно се премногу ретки. Сега воошто не верувам во транспаретноста на целиот процес, иако се воведуваат секакви селекции и испити со цел да се изберат најдобрите кандидати, тоа очигледно е само привидно маскирање на реалноста. Можеби бев малку подолга во изјаснувањето, но сакав да го споделам искуството доколку некој се чуди што не бил повикан или избран за работното место иако имал максимум од возможниот максимум во секој поглед. Поздрав до сите и со среќа, иако другото повеќе ќе ви треба.
аплицирав скоро 1 година на сите мозни огласи за јавен службеник (нормално за моето образование) затоа што ми рекоа дека можам да се аплицирам без разлика дали огласот е во мојот град.....еве после 1 година и преку 10 апликации конечно добив потврден одговор.....меѓутоа она што неможам да го сватам е како од кога ке положам (дај боже) би се пријавила за огласот во мојот град.....дали на истиот принцип би аплицирала..дали пак треба да полагам...или само да се појавам таму кога ке е полагањето со потврда....навистина тој дел не ми е јасен....ве молам ако некоја од вас е повеќе информирана нека ми одговори,,,
Феминки, дали некој има полагано за сертификат ECDL CORE ? Нека сподели искуства и материјали...за вработување бараат од агенцијата за администрација.
да Вертиго можеш. сум аплицирала и јас неколку пати така . денес за едно па утре за друго али сето тоа ЏАБЕ
а башме интереситра кои се тие други прашања...затоа што бев на полагање и совен тие што се на страната на агенцијата немаше други прашања...освен јавните службеници што треба да ги прочешлаат и прашањата од државни службеници....ништо друго од страна нема...барем немаше на мојот тест и на тие што плагаа истиот ден со мене..поздрав
Здраво феминки,би ве замолила за помош околу следната дилема: 49. Бришењето на политичките партии од Единствениот судски регистар на политички партии се објавува: a) на огласната табла на Основен суд Скопје II- Скопје b) во „Службен весник на РМ“ и во најмалку две јавни гласила, од кои едно е на службен јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во РМ c) во „Службен весник на РМ“ Според законот за политички партии и б и в се точни: Член 39 (1) Решенијата за упис, односно правосилното решение за бришење на политичката партија од Судскиот регистар, се објавуваат во мСлужбен весник на Република Македони- јао. Член 11 ( Бришењето на политичката партија од судскиот регистар и од Единствениот судски регистар на политички партии се објавуваат во “Службен весник на Република Македонија” (и во најмалку две јавни гласила од кои едно е на службен јазик различен од македонскиот, кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија), во рок од 15 дена од денот на бришењето на политичката партија од судскиот регистар.