И најчесто се случува огласите да се однапред наместени Една моја колешка од факултет, беше да го полага државниот испит, и во ходник СЛУЧАЈНО слушнала еден од главните таму како вели на некому по телефон: „Да, да, знаеме за кои деца станува збор, нема проблем, се е средно, без гајле, работата е завршена“. Значи, уште не влезена во сала да полага, она знае дека ЗАЛУДНО дошла на испит. Тоа е тој систем кој владее во оваа наша чудесна земја МКД....
Огласот во влада само за етничките заедници е или може и македонци? Tака разбрав дека било само за нив за спроведување на Рамковниот договор.
Работно искуство за повисока позиција во државна администрација е задолжително да се стекне од државна администрација . Под работно искуство спаѓа и волонтирање исто така минимум 1 година. Знам дека е зафркнато меѓутоа е предуслов за да се аплицира. За оние места што не е потребно работно искуство обично го потенцираат тоа.
Женска денеска беше ти на интервју во Влада за Генерален Секретаријат и што прашања ти поставија ако можеш да ми кажеш зошто утре одам јас ако не ти е проблем пишими фалаа мн
Ништо посебно, ме прашаа што знам за генерален секретаријат и само што почнав ме прекинаа и си праевме можда 5 мин опуштен разговор, зошто сакам во државна институција а не во приватна, дали сум била на други интервјуа... Најопшто и најопуштено со среќа!
6-7 минуту, опуштисе не се замарај, за овие работни места мислам дека не игра голема улога интервјуто затоа и не поставуваат многу прашања
Најпрво зборот женска аут. Не верувам дека се јавиле по телефон ова прв пат го слушам во мојот живот . Од државна институција да се јават! Хехеххех филмови или некој си прави мајтап.
Да ве информирам само дека не игра улога испитот со максимум поени, другар ми беше денес на интервју,а заедно го полагавме испитот за државен службеник минатата недела, и тој го положи испитот со 24 и 21 поени за општиот и практичниот дел на испитот, и замислете тој беше повикан на интервју а јас НЕ.. И ако што и јас имав како негови поени, а не со максимум..
Како може некој да не ги прочита условите од огласот, еве не знам А листата се прави вака (а и тоа треба да го знаете чим сакате да сте ДС) збирот од успехот на факултет и поените од испитот се основни. Значи, ако имаш збир доволен за во први пет, те викаат на интервју. На интервју носиш документи кои си ги кажал во апликацијата и на лице место ти пресметуваат успех на факс (ова мора оти мнооогумина лажат за услехот и јас овие не би им доволила пак да се пријават, оти заради нив, некој друг кој не бил ЛАЖГО не бил повикан на интервју). Некои викаат дека лошо пресметале. Да, да, информатичар што не знаел да си пресмета просек. Сигурно дека ке се вработи. После те испитуваат што сакаат на интервју. Најголема грешка се прави во апикацијата, кликаат по грешка нешто од невнимание и после системот ги исклучува сам.
Јас ги знам правилата не аплицирав прв пат, но сега се уверив дека све е партија и ништо друго, а инаку како што реков, не игра улога ниту поените на испитот ниту пак просекот на факултетската диплома. Ево ви велам со минимум поени од испитот и со минимум просек имате случај што ги повикуваат на интервју. Инаку околу испитот, ако е така дека ги повикуваат само тие што се со максимум тогаш испитот нека биде со максимум поени,односно ако не добиваш максимум поени да се рачуна како неположен,а не да си играт мајтап со луѓето, инаку како што ви реков и преска, другар ми со минимум поени беше повикан на интервју.
A знаеш како поминале на тест сите кои му конкурирале и сите каков просек имале? Најдобро друга ти, чим ти е другар да ти објасни како е можно тоа.
А вие зошто работите во администрација му се пуштивте на детето така ??? Нема потреба да се лутите, не размислува само ОН така има уште неколку илјади кои го споделуваат неговиот став. Секоја чест на исклучоците кои не работат во администрација а мислат поинаку од него...Ако постојат такви... world peace everyone
Доста се лупате од земја дека нема врски за администрација секогаш имало и има. Јас работам во администрација и покрај успех на факултет и дипломи точно знам како се влегуваше и колку време претходно треба да си волонтер на истата работна позиција за да влезете на договор на неодредено време. А врските се нешто што се подразбира уште во старт со сите потребни документи. Тоа што се случува во последно време и какви неедуцирани кадри се примаат на одговорни позиции е страв да те фати од тоа со кого треба да работиш и на кого треба да му објаснуваш како оди работата која треба да му е јасна уште од прва година на факултет.
Зборуваме за партиски книшки, а не за врски нормално за да биш Дс или Ас требаат врски или непотизам којшто премногу го има. Се вработуваат деца и внуци и паравнуци на административци. Би рекла повеќе има непотизам отколку партицизам.