Непотизмот не игра никаква улога ако немаш партиска книшка. Точно се знае дека и познанството со целата составена комисија е неполезно ако имаат допис од надлежното министерство кој треба да се прими. На општински состанок на ВМРО е следното: - Потребен е таков и таков кадар за тие работни позиции. - Дали следните активни членови се подобни бидејќи трчале на митинг, избори, гласови бла бла. - Дали се согласуваме истите да се изберат? Толку. И истото лице влегува во првите тројца кои треба да бидат во потесен круг и се избира истото лице што е предлог на штаб од ВМРО. А лицата се најчесто невидени лејки со тенденција кон малоумност.
devojki stignaa rezultatite za konkursot vo generalen sekretarijat i sms mi stigna za psiholoski test za utre , i zamislete kolku lugje ima na spisokot i site tie treba da platat po 1950 denari , za da na kraj pak se bide namesteno
И јас сум на ранг листата, уствари комисијата и ми кажа дека ќе бидам и ми рекоа понатака знаеш кај треба да бараш помош ајде @dzivdzy може и колешки ќе бидеме! Со среќа
Pa jas nemam nikakva pomos se mislam dali voopsto da polagam,nekako pred nova godina da frkneme 2000 i samite rekle deka treba pomos
Девојки ми стигна маил за полагање на испитов, а сепак го имам полагано и тоа со максимум и тоа прв пат така ми стигна. Зошто? Мислете мозно е грешка во компјутерската селекција или има некои нови правила. Вас ви се има случено??????? #help
Лоооооооллллллл колку убаво го вклопи ова. Чка, вака би требало да е. Реално, знаеш како е? Зависно од кој град си, те прашуваат дали го знаеш одговорниот од кадровска служба во штабот, и ти нафрлаат само имиња, дали го знаеш овај, дали го знаеш онај....ни едно прашање поврзано со работата која треба да ја работиш. Толку негативно искуство имам со државниве вработувања, моментално чекаме одговор дома на една жалба па најверојатно ќе се тужиме пошо невозможно е ова шо се дешава.
И јас да ти кажам немам некоја помош ама ете ќе си се надевам на некое чудо инаку знам како е сега пред празнициве да си платиш 2000 денари за ништо, ама имај во предвид дека тоа ти важи 3 години! Поздрав
Молам некој да ми помогне да дојдам до одговорените прашања од испитот за државни службеници. Патем, ме интересира нешто околу термините за полагање, од она што сега го гледам на страницата за држ. службеници не можам да се снајдам: дадени се датуми за полагање според огласите на кои се аплицирало, но што е со датуми за некој кој сеуште не аплицирал на некој оглас а сака оди да полага? Каде се датумите?
Не може да полагаш ако немаш аплицирано на ниеден оглас. А за прашањата ти советувам да си ги одговориш сама, тоа е единствен начин да бидеш сигурна во нивната вистинитост. Екстра совет: ако немаш некој кој ќе ти гарантира дека си примена уште пред огласот, не се ни труди да полагаш.
Сакаш ама нема, треба да аплицираш за да полагаш. Не те навредувам ама како сакаш да полагаш, а да не аплицираш не ми е јасно!?
E вака, ај прво среќна Нова 2015 и се најдобро, Далеронке и Вертиго. Пред 2 години аплицирав на некој оглас и знам дека требаше да полагам, ги земав од некого прашањата со одговорите ама во меѓувреме се изнервирав пошто дознав за кого е наместен огласот и не се појавив. И така некако како замаглено ми остана во главата...Се си мислам дека тогаш датумите беа општо одредени за сите кои аплицирале некаде а не вака по групи како што е сега на страницата. Можеби грешам. И сега као некој ми рече ај положи го испитот па демек ќе видиме...затоа ми е конфузно. Во меѓувреме материјалите ги вратив и така. Инаку, никогаш не сум работела државна служба, таа се чини е за привилегираното пучанство, ама п ај викам, да фрлам пушка уште овој пат...ете така стојат работите, оттука конфузијата(башка Нова го. се славеше вчера, хаха). Значи, сама да си ги најдам одговорите од уставов во пдф? Можеби е најдобро така, убаво велиш Вертиго. Инаку не, немам ветување...само предлог за обид. Затоа и се откажав тогаш. Поздрав.
Наместо закон за народен правобранител од страницата со испитни прашања се даунлодира оној за јавен обвинител...Можеле бар да се потрудат малку повеќе. Се ,ачам пола саат околу некои прашања, повторно и повторно го симнувам изворот наведен како народен правобранител а оно...
Здраво феминки! Би ценела доколку некоја од вас би ми објаснила при пресметувањето на просекот од факултет и освоените поени од испитот дали се води сметка за тоа на кој факултет е стекнат тој просек. Затоа што инаку би било крајно нелогично некој со просек 9 од да речеме родови студии или дефектологија да се вреднува исто со некој со просек 9 од економски или правен факултет.
Ако планираш да поминуваш низ постапката за избор за државни службеници најпаметно ти е да се збогуваш со здравата логика. Просекот носи ист број бодови без оглед на кој факултет па и без оглед на кој универзитет е стекнат. Максимум поени од просек се 10, што значи дека едно згрешено прашање од испитот (1,5поени) а имаш просек 9,5 те става на ранг листата подолу од студент со просек 8,00 кој добил макс од испитот.
Можеби е некоја грешка, бидејќи при аплицирање на секој оглас си стои напомена дека тие што го положиле со максимум поени нема да бидат повикувани на испит.
Се измачив тотално трагајќи по одговорите ама навистина сакам да се обидам (шансите за државна работа ми се помножени со нула, но ете, обид). Заглавив на многу прашања, ама за почеток... 75) Управниот спор се поведува во рок … a) во рок од 6 месеци од денот на доставувањето на управниот акт до странката b) од 30 дена од денот на доставувањето на управнито акт до странката c) од 60 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката извор - Закон за општа управна постапка 76) Инспекциските надзори во управната постапка се вршат... a) по службена должност и поднесени преставки, предлози и иницијативи од граѓаните b) само по службена должност c) само по претставки, предлози и иницијативи поднеси од граѓаните извор - Закон за општа управна постапка 77) Упраниот спор може да се поведе против управниот акт донесен... a) во прв степен b) во втор степен кој станал правосилен ? c) во втор степен, како и против првостепен управен акт, против кој нема место за жалба во управната постапка? извор - Закон за општа управна постапка 7 За извршениот инспекциски надзор на управната постапка советникот инспектор составува... a) записник со наод за утврдената состојба, со предлог мерки за отстранувањето на недостатоците во работата на органот b) записник со наод за утврдената состојба, а отстранувањето на недостатоците во работата на органот го наредува со решение во кое се утврдени роковите за нивното отстранување c) записник со наод за утврдената состојба а за отстранувањето на надостатоците во работата на органот донесува упаство извор - Закон за општа управна постапка