Да прашам,вие што полагавте за државен службеник дали имавте прашања за јавен службеник и обратно? Прашувам да не губам време ако не треба...
34. Кој од овие акти не е примарно законодавство на Европската унија? a) договорите; b) регулативите; c) судската практика на Европскиот суд на правдата; извор - „Европа од А до Ш“ - прирачник за европска интеграција 35. Кој од овие акти не е секундарно законодавство на Европската унија? a) директивите; b) регулативите; c) договорите; извор - „Европа од А до Ш“ - прирачник за европска интеграција Ве молам за точни одговори
Дали ја сакаш пролета? Да , Не , Можеби Често ме боли главата? Да, Не , Можеби Често знам да претерам во јадењето... Да , Не , Можеби Ги сакам сите луѓе.....Да , Не , Можеби Не мразам никого ... Да, Не, Можеби ...не се зезам тоа се прашањата Или пак може да ти дадат да ја довршиш низата ...Ако си полагала за возачка знаеш на што мислам.
38. За обезбедување на доказите во текот на управната постапка ... a) надлежен е органот што ја води постапката b) се грижи странката по чие барање е поведена постапката c) надлежно е вештото лице a? b?
Еј и да 3. За имунитетот на Претседателот на Владата на Република Македонија одлучува... a) Уставниот суд на Република Македонија b) Собранието на Република Македонија c) Владата на Република Македонија Собрание , Влада? Е вие ми се прашања, не им е се ажурирано. Имаат промени, а прашањата на страната им се исти. И имаат прашања без точен одговор. 12 или 11 комисии. Директоратите итн итн.
ок, фала. и да оти ваму вика влада а не собрание? http://mioa.gov.mk/files/pdf/dokume...LADATA_NA_REPUBLIKA_MAKEDONIJA_SV-59-2000.pdf Претседателот на владата и министрите уживаат имунитет. За нивниот имунитет одлучува Владата. Еве и од википедиа. А на странава на АА што е ставен документот пишува собрание. и сеа шо да одговорам пример на испит лол
ние сто полагавме за јавен службеник имавме неколку прашања од државен...за обратно не сум сигурна....ама ако можис научи си ги....ако си научила 700 за уште 20 нема да ти е проблем....мој совет...и со среќа
здраво феминки.... би сакала да ве прашам дали некоја од вас има слушнато за некој нов закон за задолжително поседување на диплома ТОЕФЕЛ или др.меѓународен сертификат за познавање на јазик .... за било кое работно место....значи малку ми е нелогично и сум скептична ама ме убедуваа дека покрај општите услови што треба да ги исполнуваме од сега и таква диполома била задолжителна..поздрав
Точно, до 13 февруари 2017 сите ќе морат да достават до работоводниот орган на установата доказ за познавање на странски јазик (англиски, француски или германски) издаден од официјален европски тестатор или меѓународна институција и за познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење, соодветни на категоријата и нивото на нивното работно место (освен оние кои ќе треба да одат во пензија во рок од 10 години од денот на започнување на примена на законот одн. од 12.03.2014 год.) Во спротивно, работникот ќе биде прераспореден на работно место на едно ниво пониско од нивото на кое бил во моментот на стапување во сила на законот, освен вработените кои биле распоредени на работно место на влезно ниво на кој ќе му биде намалена платата во износ од 10%. Каталог на работни места во јавен сектор http://www.mioa.gov.mk/files/dokumenti/KATALOG_NA_RABOTNI_MESTA_2015.pdf
мене пак нешто не ми е јасно...мислам таквите сертификати се пред се скапи и тешко да ги добиеш...и зошто на пример на неговател или воспитувач би му требале баш такви дипломи....во ред е да имаме некакво познавање од странски јазик ама тоа да е услов некако ми е несватливо....прво ни воведоа лиценци...па полагање за јавен/државен службеник па сега и ова..и цел живот во учење да го поминиме...мислам ако е стварно така тогаш е катастрофа невидена....