Во некој од претходните коментари прочитав дека некои двајца влегле без врски , а ти за која позиција аплицираше ? за позицијата јас што аплицирав примаат 30 , иако знам како функционира работава , ќе идам да полагам ништо не губам си ги одговорив прашањата мн брзо пола и повеќе веќе ми беа познати.
јас аплицирав за 69 нови работни места во влада па ги објавија имињата на вработените, без навреда ама пола и повеќе беа со шкљ презимиња и имиња, сепак не губиш ништо оди и полагај ќе си имаш документ наредните 2 години
^^ Имав 57 поени од 60 и не ме викнаа на разговор а една моја пријателка со 60 поени ја викнаа ама ништо
Ке оди ли некој на полагањето на 20 октомври во сабота? Огласот беше нешто за Рамковен дооговор, ама незнам дали да одам за џабе ке давам пари за превоз ,кога знам дека се е наместено сите ќе бидат со врски примени.
јас ќе одам на 21ви во недела , гледам премногу групи се , ама ќе се обидам и така ми се наученни веќе прашањата. а за врски јасно ти е веќе...
Тоа за врските јасно е како ден, ама зошто да не одиш, секако потврдата што ќе ти ја дадат ако положиш, а сигурно ќе положиш ти важи две години, ако не ништо друго во CV ќе можеш да вметнеш дека имаш положено за државен службеник. Дополнително и ако има други конкурси подоцна нема да има потреба да полагаш повторно.
Јас сум на 20-ти и многу ми е смешно дека планирам да одам, ич не верувам во вакви државни работи, материјалот ќе почнам да го учам од денес, ма да работите ми се познати, само што треба да ги научам законските промени доколку ги има. Па и сабота се паѓа, цел викенд ќе ми пропадне Има време, може и ќе се предомислам
Кажете дали некој ги има прашањата одговорени, би му била ептен благодарна. Познавам луѓе што ги продаваат одговорени за 300 ден, меѓутоа дури ни таа цена не сум во можност да ја уплатам. Доколку некој ги има ќе го замолам да ме контактира и да ми ги испрати или ако некој е заинтересирам да ви дадам контакт од дечкото што ги продава, па после некако да ги споделиме па дури и да ја поделиме цената. Ви благодарам однапред.
Девојки, гледам дека не има на голем број ( и јас сум една од тие што ќе полага на 20 - сабота). Па сакав да ви предложам дали сакате некако да ги поделиме прашањата на пр едната да ги земе тие што се однесуваат на ЕУ, другата прашањата од практичниот дел итн за на крај да ги размениме одговорите. Јас имам завршено економски и многу ми е тешко да се снајдам со прашањата поврзани со правото. Ептен се губам. Ок ако сте за кажете порано за да имаме време да се организираме .
Додека сама не си прочитам и си ги одговорам прашањата, во никој не можам да верувам дека има сто посто точни одговори, а всушност си прави бизнис. Не знам како некој така лесно купува одговори
Прашањата ги одговорив за 5 мин. и уште толку ги проверив. За 15 мин.се симнав долу веќе. Општ дел 27 од 30 Практичен дел 30 од 30 И уште се чудам кои две прашања ги имам утнато, не ми се верува, не ги ни памтам сите ама само на едно прашање за државен службеник не бев сигурна зашто и двата одговори можеа да бидат точни. Ама кога видов какви се чекаа за полагање, ми стана јасно колку ќе биде изборот според рамковен Ај нареден пат ако отидам ќе ја поништам оваа потврда и ќе полагам за максимуН. Разбрав дека после среда ќе се давале потврди, ама што како не знам, ако знае некој нека сподели, кај се зимаат потврдите, кога, како?
Јас полагав пред една година и од вкупно 10 души положивме двајца и одма ни испечатија потврди кои доле во архивата ни ги заверија...и толку ни интервју ни ништо потоа. Аплицирањето на огласите преку Агенцијата за администрација ми стана како утрински ритуал додека го пијам утринското кафе обавезно на 2-3 огласа аплицирам и ништо
Мене ми ја испратија по пошта на домашна адреса, инаку знам дека можеш да си ја подигнеш и самата од Агенција каде што полагавте (барем вака беше пред 1 година кога полагав јас )
Да ги испратат и сега така по пошта би било супер барем нема да ја мислам и ќе чекам дома да ми стигне, ама не верувам пошто девојчето тој ден ни рече дека може да поминеме после среда и таму да ги земеме. Не спомна ништо дека може и по пошта да ни стигне. Како и да е фала многу