Форумџика на годината

Полагање на испит за државен службеник

Дискусија во 'Барање работа' започната од elygj, 17 септември 2010.

  1. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.940
    Допаѓања:
    48.128
    Пол:
    Женски
    го положив испитот сега на 4ти октомври со вкупно 57 поени но ништо не се случи, не ме известија .... ме интересира дали со оваа потврда можам да аплицирам и за други работни места??
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Да, можеш во рок од 2 години, после истек на 2 години пак полагаш, ама ако сакаш можеш пак да го полагаш ако сакаш максимум поени, ама пред полагањето потпишуваш изјава дека се откажуваш од претходните поени што си ги освоил. И јас планирам така, ако се пријавам некој нареден пат,дека имам 57, зашто тие и со максимум поени не ги викаат сите на интервју а не па ако изгубиш два-три, само некои изговори имаат а и тестот не ми е веродостоен, остава простор за манипулации, може друг да полага наместо тебе а и од вработените некој може да полага наместо тебе, само внесува матичен број ништо друго, дури ни на крајните резултати нема никаков податок за тебе, доволно е само да си пријавен за некое работно место и да те викнат на испит. Колку се дуваа дека напраиле демек којзнае што со тоа полагање електронски и дека имало строги критериуми, к*р имаат критериуми, основен критериум им е рамковен и дебелите врски.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  3. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    13.065
    Девојки, дали некоја од вас добри порака дека на ден 30.10.2012 ќе се организира интервју во просториите на Владата на РМ?

    И дајте ве молам уште еднаш ако има некој што ги земал тие потврди за положен испит ( зборам за ова последна група што полагаше сега на 20.10) нека не извести да не идеме за џабе до таму пошто навистина ми е далеку.

    Фала.
     
  4. ivanak

    ivanak Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    13
    Не сум добила порака за интервју ,ти доби?? Инаку сега ќе одам да си ја подигнам потврдата , па ќе ти пишам.
     
  5. ivanak

    ivanak Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    13
    Бев денес, ќе се качиш на 7ми кат каде што полагавме таму ти ја печатат и доле во архива ти ставаат печат. за 5 мин ќе завршиш работа. Поздрав
     
    На deliza му/ѝ се допаѓа ова.
  6. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    13.065
    Фала многу Ивана што не заборави да ме известиш. Иначе бев и јас, си ја земав само ептен глупо што за една таква потврда ти треба да отвориш 3 врати: едниот само ќе ја испечати, другиот ќе ти даде потпис и третиот печат :x

    И едно друго нешто ми остави впечаток..Имав 55.5 поени а на потврдата пишува дека и од двата дела си имам максимум поени :rofl: ..Тоа го видов откако излегов, може едно исто им го даваат на сите |( ( само ЕМБГ менуваат) или па што знам може некоја случајна грешка беше.
     
  7. ivanak

    ivanak Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    13
    Си имала среќа. Не даваат на сите со максимум бодови , мене ми дадоа со толку колку што си полозив , исто и другарка ми . Провери си ги сите информации на листот , да не ти утнале нешто , ако не тогаш со среќа во потрага на др работно место , може макс. бодовите ќе ти помогнат :)
     
  8. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    13.065
    Да да Ivana, ги проверив и личните податоци и се беше во ред. Нека е за арно, што да речам друго :) ..Со среќа и тебе :) .
     
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.940
    Допаѓања:
    48.128
    Пол:
    Женски
    Но зошто тогаш кога се пријавувам за ново работно место на веб страната ми стига потака на маил датум за полагање? или тоа е само формалност?
     
  10. Phenix

    Phenix Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ме интересира дали интервјуто се спроведува веднаш по полагањето на испитот или во друг ден ? Ви благодарам !
     
  11. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Ајде да ве прашам вие што имате положено, ве викнале на интервју? И општо дали викаат да дојдеш на интервју? Какви прашања поставуваат? Ако бил некој ве молам да ми каже, и јас треба да полагам неделава па сакав да прашам некој тука да каже ако сака, за да знам дали ќе се исплати полагањево.

    И ако викаат на интервју баш ме интересира какви прашања поставуваат. Зошто до сега не прочитав дека некој пишал како е на интервју. Фала однапред.
     
    На Dionis му/ѝ се допаѓа ова.
  12. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    13.065
    Мене ме викнаа на интервју една недела (или нешто помалку) од денот кога го положив испитот за државен службеник. Имав аплицирано за позицијата помлад соработник за стратегија, планирање и следење во конкурсот што беше објавен од страна на ССРД. Интервјуто беше одржано во просториите на Владата на РМ и не траеше повеќе од 5 мин а не прашуваа кај и што сме завршиле, дали имаме некакво работно искуство, кои странски јазици ги владееме, што знаеме за Охридскиот рамковен договор ( кога е потпишан, која беше целта, колку анекси има итн)..Значи ништо страшно и ништо невообичаено. Ни рекоа дека за тоа кој ќе биде примен ќе не известат за една недела преку нивната веб страна но сигурно дека треба да бидеш ептен глуп за да им веруваш :D ...Тоа сигурно ќе се знае пред изборите :D
     
    На Dionis, ivanak и Emma89 им се допаѓа ова.
  13. ivanak

    ivanak Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    13
    значи сепак максимум поените ти помогнаа за интервју :) со среќа
     
    На deliza му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ScorpionGirl

    ScorpionGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво,
    јас треба да полагам испит за државен службеник, сега на 05,12. Пред две недели ми стигна известувањето, прво бев убедена за успех, но некако како доаѓа времето се повеќе губам надеж. На страната има вкупно 676 прашања. Сите морам да ги знам... ???? ајде да ги исклучиме прашања за информатика, бидејќи тие се од моја област, ама останатите... ??? Има три категории на прашања од секоја област: прашања, нови прашања и нови прашања од 01.12.12. Ако знае некој нешто нека дава надеж
     
  15. NoU-NoLove

    NoU-NoLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    151
    Па да,треба сите да ги знаеш,не знаеш која комбинација ке ти ја извади компјутерот.Потруди се да најдеш одговорени прашања,лесно се учат. :hai:
     
  16. ScorpionGirl

    ScorpionGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    јас сама ги одговорив сите, али мене ми се тешки :( бидејќи никогаш не ме интересирало вакво нешто : Народниот правобранител се избира со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници....
     
  17. FloraMB

    FloraMB Активен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
  18. Aylin123

    Aylin123 Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20
    Ако може некој да ми каже дали на испитот се паѓаат само од прашањата или може да се падне и дополнителни прашања од материјалот за учење што е на страната на адс.гов.мк ?
     
  19. gajtan

    gajtan Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ако знае некој да ми каже јас имам положено за државен службеник пред еден месец, конкурирав за други работни места и ми стигна мејл да полагам на 27.12, дали треба повторно да полагам или ке ми важат претходните бодови ?
     
  20. Aylin123

    Aylin123 Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20
    Колку што имам информации не можеш да полагаш пак, туку ќе ти важат поените од минатото полгање. Доколку на првиот испит не си извадила максимум поени тогаш имаш право да полагаш дури после 90 дена