Какво е вашето мислење, дали и сега е така, дали баш СИТЕ огласи кои се спроведуваат преку Агенцијата за администрација се "наместени", или сепак има (било каква) шанса да се дојде до интервју, односно да се вработи кандидат без било каква "врска" или "позадина", што мислите а? Дали доколку е така, на тоа сепак влијае фактот дека сега е веќе послабо изразен интересот за станување на административен службеник? Што мислите, би се пријавиле ли сепак??
Лекарското уверение мора да биде од здравстена установа - ординација по медицина на трудот. Што се однесува до уверението, моето е прикачено на профилот на Агенцијата и е од 2000, а сепак апликацијата за конкретни огласи е означена за УРЕДНА, и преминувам во втора фаза.
Мора да се аплицира на конкретен оглас на aa.mk, најпрво треба да уредиш профил со прикачување на докази за исполнување на услови, па по аплицирањето на конкретен оглас, ако ја поминеш фазата на административна селекција (40 бода), во рок од 15 дена преминуваш во втора фаза - полагање на испит за административни службеници, на кој може да освоиш максимум 40 бода. Третата фаза е интервју, тоа ти носи максимум 20 бода.
Мене ми е вака речиси една недела, не можам да пристапам. Ниту на официјалната страница, ниту на prijava.aa за мојот личен профил
И јас сакам ама незнам како е кога прашував пред некоја година не добив ништо конкретно како одговор.. Ни цена ни ништо?
Направи профил на страницата и пополни го 100%, гледај лекарско уверение да ти биде не постаро од 6 месеци од лекар специјалист - медицина на трудот, работно искуство од Агенција за вработување, итн., следи огласи и аплицирај.
Ако имаш вишок време и пари да плаќаш документи, замарајте се, без врски ништо луѓе, знам девојка која се реши со највисок степен на поени и ништо.
Проверува ли АА референци од други фирми кај што сме работеле? Се јавуваат/ги контактираат? Ми дадоа отказ од претходнава работа бидејќи ги пријавив во трудова инспекција за противзаконски работи што правеа, па ако се јават да прашаат за тоа каков работник сум била, сигурна сум дека би изнакажале лаги со цел да ми наштетат. Инаку се пријавив на еден од огласите за држ.службеник, па чекам термин за полагање.