Се полага ако поминеш прва фаза - административна селекција, но тука највеќе паѓаат како неуредни. Треба да имаш 100% пополнет профил, а без сертификати како ќе го пополниш, најдобро е да си ставиш се што ти бара.
Не мора јас се имам пријавено на неколку огласи предходните години се полага на денот заедно со стручен тест и англиски,значи без сертификат за англиски апликацијата е уредна.
Дали некој ги има одговорени прашањата за испит општ и посебен дел ? И англиски за средно ниво ? Ќе бидам премногу благодарна доколку некој ми прати
Да беше така лесно секој ќе полагаше испит за јавен/државен службеник. Мојот или било чив труд и одземање време е бесценето и треба така да го гледате. 500+ прашања сама сум ги барала, сама сум читала закони и членови. Зошто мислиш дека некој ќе се сожали и ќе ти прати одговорени прашања, пошто тебе те мрзи?
Ја претераа. Форумов е добро место да се споделат совети од различен вид, а не да се "делат одговори" на прашања на мрзливи полагачи ..
Прашав доколку некој има и сака да сподели, не ми треба ,,попување`` ни очекувам некој да ме сожалува, ниту па твоето мислење дали ме мрзи да одговарам.. Има и луѓе што не ставаат се на кантар и праќаат со најдобра намера. Исто како што јас сум испраќала материјали од факултет, проектни итн. па не очекував ништо за возврат. Можи слободно да ги одмините прашањата, комплексите и вишокот на време можите и на др место да ги решите
Фатила што фатила "врски", а сега ѝ треба и некој да ѝ ги "одговори прашањата" ..потоа се чудиме зошто администрацијата трпи најмногу критики ..
Најдете и вие врски никој не ви брани, пуста љубомора.. И како што реков не си кревајте за џабе притисок за теми што немате одговор
А дали доколку не се внесе тоа поле профилот 100 % ќе биде пополнет или нема да биде? Зошто и тоа го бара!
Prasanjata barem kje gi najdam sama i so vrski i bez vrski. Do tolku barem. A za vakvi kako vas nemam komentar. Zatoa ni e administracijata so nepismeni vraboteni.
Профилот ми е со комплетност од 90%, а имам внесено и државјанство,лекарско уверение,диплома и извештај од АВРМ за историјат на вработувања. Што е уште потребно да биде 100%? Ако знае некој нека сподели.
Пишува дека фали за јазик само прашањето ми е дали треба да ми биде 100% за да аплицирам на оглас. Бидејќи немам за јазик дали е тоа проблем бидејќи нели сега се полага на лице место во агенцијата.
Не е потребно доволно е 90 само доколку фали за јазик,тоа не е потребно слободно аплицирај само сите останати документи да ги имаш прикачено и апликацијата ќе ти биди уредна.