Многу често пред 3-та фаза праќаат таква порака,а понекогаш и пред прва фаза за жал. Ова со полагањата и фазите очигледно е само за пред народ да се покаже дека има кандидати и дека се полага.
Јасно е како ден, дека оглас се отвара на веќе најдени кандидати т.с кандидати ставени на листа од партија. Нека се избројат тие што не се вработени преку партија!
Ima slucai, se pusta oglas, pa potoa objavuvaat na Agencija za administracija deka ne izbrale kandidat za toa i toa mesto.
А зашто да не изберат кандидат, тоа не е приватна фирма на мајка им и татко им, ако кандидатот ги исполнува сите услови треба да направат избор од најдобриот од пријавените, башка се се учи и секој може да научи за работата. Ама они се понашаат дека институциите се на нивната партија, така изгледа.
За жал критериумите им се такви,воопшто и не прават селекција по основ на компетенции,знаења,стручност и сертификати,така што залудно е и положениот испит со максимум бодови кога е тешко да се стигне до интервју а не па до вработување. Од друга страна и приватните фирми се доста пребирливи и таму кај повеќето селекцијата им трае со месеци,не се добива повратен одговор и таму за подобрите позиции е преку врски,пријатели,познаници(секако чест на исклучоци) но и приватните фирми во многу области не знаат да го ценат добриот работник така што за жал ситуацијата е навистина неповолна.Многу луѓе со врски се и во приватниот сектор а повторно се нестручни и несоодветни.
Системот е така скроен. Не ги сака тие со знаење, ги сака тие што немаат знаење. Оти тогаш се краде, се опустошува уште толку. Тој што знае, што си почитува закон, што има морални вредности нема да се дразне да прави како сите. Ќе сака некој ред да стави, епа редот и крадењето не одат заедно.
Rabotam vo mala firma kako administrator. Daleku od licnite ocekuvanja koi si gi imav zacrtano, daleku od obrazovanieto. No sto e toa e mora da se raboti
Откога ќе се аплицира и поднесат документи во некоја институција после колку време известуваат дали си примен или не? И дали ги враќаат документите?
Има процедура од пријавување онлине на prijava.aa.mk до полагање испит и поминување интервју. Има случаеви каде што на некому без врски му се има посреќено поготово оние огласи кои се со средно образование гимназија итн.
Здраво дали ако се аплицира на оглас со високо образование треба да се прикачат и сведителства од средно образование?
Не, какво образование е наведено во условите, такви документи. Не се надевајте многу на огласите кои се пуштаат овој период во државни и јавни установи. Мислам на осми август се распишуваат избори и до тогаш гледаат да ги завршат вработувањата и партиски да вработат. Списоци, телефони, врски, секогаш било вака кај нас. После одработуваш за партија, работиш по волјата на тој што те вработил. Дури и во приватните фирми е партиски. Тоа многу демотивира, разочарува, принудува среќата да ја бараш далеку од овде. Ако сте сеуште без обврски (семејство, деца, кредити, хипотеки) најдете си ја среќата каде што ќе ви се вреднува трудот. Работете нешто што ве исполнува.
Колку прашања има на испитот за стручен дел а колку за странски јазик? Дали се чека сите да завршат со едниот тест за да почне другиот или веднаш по завршување на стручен дел се вклучува тестот за странски јазик?
@skyfly 5 на испитот за стручен дел има 32 прашања, а на тој за странски јазик има 30 прашања. Не се чека сите да завршат со едниот дел, туку индивидуално откако се завршува со едниот се оди на другиот.
Здраво.Бидејќи се распишаа изборите на 09.08.2025 год.а утре имам закажано полагање на испит за административен службеник дали ќе се стопира и стави во мирување и тоа бидејќи немам добиено порака конкретно за утрешниот испит.Ви благодарам