Па денеска е бар лесно , преку четгпт да ги одговориш или се сакате на готово .... Јас така ги одговорив , ми ги провери право лице ми рече точни се, така да седни и одговарај, точно ги решава четгпт
па и тоа ѝ е тешко, се регистрирала na forumov само за да ги бара "одговорите", најубаво уште да има некој директно да појде да полага наместо неа, и да ѝ кажат на крај дека е примена, ама па како ќе иде на работа после, ај па и тогаш сигурно ќе се јави пак тука, ќе ѝ помогнеме некако ..
Само културно прашав, намалете малку со комплексите и фрустрациите. Одговорени ми се прашањата, чисто сакав споредба да направам, бидејќи немам многу време, со бебе сум кое нема кој фа ми го чува. Ама па не знам ни зошто ви се објаснувам. Мизерија тешка!
Не ми се верува дека некој ги наплатува одговорите , јас да ми иде право , овде ќе ги прикачам одговорите сите да се снајдат и да си ги решат прашањата , секако дека не треба на готово да се чека, но што доколку не ми иде право ? И не може секој секогаш се да знае , кога веќе плаќаме документи и живееме во ваква корумпирана држава во дојде до одговори на прашања ? На факултет проектни сум им правела на колеги кои немале пц дома , никогаш не им побарав денар , чест на исклучоците кои ги нема ,очигледно ,мене би ми било срам на некому да не помогнам или да барам 500 ден за одговори на прашања , кој како сака нека ме сфати ,во животот треба да се помогне , барем јас поубаво се чуствувам. П.с ако сака некој англиски ниско ниво мислам и средно ги имам одговорено ,би му ги пратила .
Ако некој полагал во изминатиов период да сподели дали се паѓаат прашања од посебниот дел и дали воопшто треба да се учи или само тие 577 прашања од општиот дел?
Posebniot del e za vo odredena insticija primer za vo ujp imas poseben del za danocni sluzbenici i treba da go naucis i posebniot del i za danocni sluzbenici
Зависи од местото и позицијата каде се аплицира. За работни места во УЈП,ДЗР,Царина,МНР(убаво е посочено на сајтот на АА)треба да се учат и од посебниот дел. Инаку се тие 577 што треба да се учат за останатите позиции.
Да. Јас мислам на е-маил ги имам средно ниво одговорено може и овде да ги прикачам да ги побарам да бидат достапни до сите а не да се кријат одговори, смешно малце
По колку прашања има во стручниот дел а колку во делот за јазик? Патем кој е точен одговор на 360-то 261-во и 535-то? Благодарам однапред
Се изнасмеав , кој да купи кој продава , добро луѓе не приметивте дека под секој дел од прашањата имате устав и линк од каде се прашањата , само треба да прочитате и да ги одговорите ? Не сте ми јасни , иако не полагам , вчера отворив и ги видов , буквално за секое прашање има одговор, само треба да се прочита
Поздрав, дали сертификати за англиски и познавање на работа со компјутер треба да се прикачат на профилот, и од каде се обезбедуваат?
Треба моите се од YES (курс за англиски јазик) , контактирај ги и прашај што треба за да земеш јас мислам само ги платив пред две години , ваљда ми важат сеуште
Почнаа партиските вработувања ајдеее јашааа барајте одговори во штабче Ние без врски така си останавме со сертификатите во раце хихихи Ајде партијаши, идни државни службеници навалете
И ти да имаше врски , ќе бараше , зашто да не , секој се снаоѓа , не знам што толку ...туку и без врски имам слушано дека плаќале да ги вработуваат