За познавање јазик од филолошки, да полагаш таму, па ќе ти дадат документ кој важи една година. А за компјутерски програми не би знаела да ти кажам.
Од Yes international курс за јазици е , издаваат за англиски и за канцелариско/ работење и пц вештини како едно го рачунаат..2.000ден се двете заедно. Дали со врски мора да се полагаат прашањава односно ако имате врски и не ги положите , може да ве примат ?
Јас полагав пред една недела за адм службеник за високо ниво мене лучно лесни ми беа прашањата а за анг па ептен боза. Врски за полагање сигурна сум дека нема пошо се снима просторијата имаше и 7,8 члена комисија и една жена од администрација што цело време кружеше па дури и да се свртиш лево десно опоменуваат
Со 15 ништо не правиш, 32 се стручен дел и 32 анг и сите различни бодови носат, рандом се паѓаат зависи на кој комјутер ќе седнеш не се исти прашањата кај сите колку што знам. Тебе ако ти рекле на кој компјутер да седнеш па ти паднале тие што ти ги дале
Ако тие прашања од агенцијата ви биле тешки, и да замислам дека 99% по институциите не знаат да ги решат без да им бидат дадени одговори, тогаш не се чудам што сета неписмена багра е напикана по администрација, институции и агенции.
Да, ми беа тешки и обемни бидејќи не сум правник и не работам право каде што сум моментално, нема потреба за навреди
И јас не сум правник, ама не ми беа тешки прашањата, морав да полагам за да можам да конкурирам за работа во ЈЗУ. Ако имаш здрава логика и општи познавања од повеќе области, може да го поминеш тестот без проблем. Ама секако за џабе се полага без партија и врски, не примаат ако не ги исполнуваш тие критериуми и да имаш 100 од 100 поени. Искуството ми покажало дека вработените по администрација, институции и агенции се неписмени, не зборам на памет. Лично познавам луѓе што се на завидни позиции во државно, просто проширена реченица не знаат да склопат. И од мојата бранша за жал се такви. Ако ти се пронајде, што да речам, извини.
Искрено, повеќе се плашам од ’писменоста‘ на лекарите кога пишуваат дијагнози и извештаи, отколку од административци на кои не им идат правни прашања. Наместо да се грижиш за туѓите кариери, поработи малку на сопствената фрустрација комплексот на повисока вредност не се лечи со обид на понижување на другите.
Немам никаков комплекс на повисока вредност, сите исто ги третирам. Ама верувам дека смеам да кажам што ми пречи - фрустрирана сум оти неписмени и неспособни луѓе се на одговорни позиции, и поради тоа државата пропаѓа, со неа и народот. А тоа ако те навредува тебе, не е мој проблем. Затоа што факт е дека неработници и неписмени луѓе (чест на исклучоци - двајца без тројца) се напикани секаде и не си ја вршат работата како што треба. Барем секојдневно сме сведоци на истото колку е системот нефункционален поради неажурноста и неспособноста на партиските послушници. Ниту лажам, ниту навредувам, ја кажувам вистината. А таа знае да боли понекогаш.
Тоа е, кој како ќе се снајде ништо не е фер во животот па ни ова. Ниту се пронајдов уште помалце да се навредам од нешто не е од вчера ова што се случува .Позџ
Partija ne smee da bide kriterium za vrabotuvanje, osobeno vo zdravstvo i vo obrazovanie. Zatoa imame i nepismeni lekari, osobeno drzavno. Strucnite doktori zaminuvaat.
Zdravo dali mozi da mi kazite koe nivo na angliski se polaga na vakov oglas? ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки, Економија и бизнис најмалку 1 (една) година работно искуство во струката
Знам како иде вработувањето во државава, но дали постои бар некој што успеал да влезе без какви било врски преку огласиве на агенцијава за администрација?
Тоа тешко,честопати ако има некој што е без врски и што ќе стигне до интервју ќе стигне порака дека огласот се прекинува од институцијата и така се додека не влезе тој што треба.