Не можеш директно на оглас да се пријавиш, мислам може ама нема да те примат.. инаку треба стаж на работното место 2-3-5 години и после пуштаат оглас.. има хиерархија.. самостоен референт, помлад соработник, соработник, советник, раководител и тн...
Нема секаде бараат.. за советник треба мислам 5 години стаж во администрација да имаш, различно е за сите.. единствено она самостоен референт ама и за до тоа прво со договор на дело 1 година мислам треба да си во администрација.
Не ме зафркавај.. 3 години стаж имам во струката оти не можам да се пријавам на ниеден оглас.. ако е така оди вработи се уште утре.. братучед мој 2 години одеше со договор на дело за да биде помлад соработник.. тие огласите се пуштени за веќе внатрешни луѓе.
Глупости пишуваш. Прочитај ги закон за административни службеници и закон за вработени во јавен сектор.
Па не би се согласила, тоа е твое искуство. Точно е за некои институции дека се веќе однапред планирани луѓе, ама има и такви кај шо успеале да влезат и без врски или книшка, лично познавам неколку. Така да има улога и среќата и кај пробуваш да аплицираш. А за помлад соработник тие се условите читни малце закон.
И колку е платата за помлад соработник 29.000 ? која е идејата со 3 год стаж помлад соработник за 29.000.. немаш за кирија скопје да платиш.. за самостоен референт то е со средно училиште им даваат минимална плата..
Па зависи каде ама 29.000,00 не е, не знам од кај ти е цифрава. По министерствава ги зголемија 35.000,00 се, а има и институции и до кај 40.000.00 што доаѓаат. Пак ќе кажам пошто очигледно збунет си нешто, не треба искуство за помлад соработник тоа е почетно ниво. Не знам зашто пак стаж спомнуваш. Мој совет отвори закон ќе ти стане многу појасно
Не ме ни интересира.. онака од искуство на луѓе пишав.. не ја давам мојава фирма за ниедно министерство..
Така на мој познати му напрајле.. еве ви кажав братучедот 2 год со договор на дело одеше за помлад соработник и плата од 28.990 му даваја.. и на тој огласо бидеќи се пријавил некој друг го поништуваја па после избори пак и керефека на квадрат.
Здраво, да прашам во врска со полагањето за државен службеник,дали се полагаат општите прашања за стручниот испит во одредена институција или се паѓаат прашања од посебен дел, за било која позиција и за англиски јазик кое ниво се полага со завршено високо образование
Дали некој ќе може да ми кажи државјанството што се приложува може да биде постаро од 6 месеци и дали покрај историјатот на вработувања од аврм задолжително треба да се приложат и изјавите од фирмите кај што сме работеле? Благодарам
Се полага опш дел, посебен се полага само во одредени институции/обласи. На АА ги има цитирано точно за кои и ги има и прашањата: Б.I. Прашања за испит за царински службеник Б. II.Прашања од област релевантна за работата на финансиската инспекција во јавниот сектор која ја врши Министерството за финансии Б. III. Прашања од областа која е релевантна за управниот и инспекцискиот надзор кој го врши Министерството за култура Б. IV. Прашања од областа која е релевантна за работењето на Државниот управен инспекторат Б. V. Прашања од областа која е релевантна за работењето на Државниот просветен инспекторат Б. VI. Прашања од областа која е релевантна за работењето на Државниот инспекторат за животна средина Б. VII. Прашања од областа која е релевантна за работењето на Ревизорското тело за ревизија на ИПА Б. VIII.Прашања од областа која е релевантна за работењето на Државниот инспекторат за шумарство и ловство Б. IX. Прашања од областа која е релевантна за работењето на Државниот инспекторат за транспорт Б. X. Прашања од областа која е релевантна за работењето на Државната ревизија Б. XI. Прашања од областа која е релевантна за работењето на Дипломатијата Б. XII. Прашања за испит за даночен службеник