За со високо образование кои прашања се паѓаат од англиски јазик средно или високо ниво или комбинирани? Благодарам
За доставување на документи за трета фаза може било кога или мора на денот на интервјуто, сооглед на тоа дека во мејлот пишува најдоцна до терминот за интервјуто?
Дечки, што мислите на пример имате врски ама не ви идат прашањата никако не можете да положите , може врската тука нешто да среди или тешко ? ( Ќе Ве замолам без непотребни коментари )
Пред самото интервју, претходно треба да се пополни образец во кој се наведуваат приложените документи (се што било прикачено за конкретниот оглас, доколку ви недостасува некој завршува постапката тука не одите на интервју)
Државјанството може да биде постаро не е проблем, без историјат од аврсм ќе те дисфалификуваат. Еве каде е најбитниот проблем, доколку во историјатот ти пишува звање администратор тоа значи дека не е прецизирано со какво образование сте работеле на тоа место па тогаш е важно потврдата од работодавецот да биде нагласено со какво образование сте стекнале искуство. Во ваквиот случај ако конкурирате со всс без потврди од работодавец НЕМА да ви се смета за искуство со всс туку се смета за искуство со ссс.
В04- Пом.сор.- без раб.искуство В03 - Соработник - 1 г.раб.иск. В02 - Виш сор. - 2 г.раб.иск. В01 - Советник - 3 г.раб.иск. И 10 год.да сте работеле со ссс вие немате искуство со всс. Тоа се гледа од историјатот, се зависи како ви е заведено звањето и датата на дипломирање. Ако е непрецизно се бараат дополнителни документи со кои ќе се потврди раб.искуство со всс.
Не, мора да се положи. Потоа најдобрите пет идат на третата фаза-интервјуто. Затоа е битно со што поголем број на бодови да се положи.
Државјанство било кое, лек.ув.(од трудова медицина)-1 год.важи, потврда дека нема забрана за професија,дејност или должност-6 месеци, сите докумени треба да се оригинал или заверени на нотар дека се верни на оригиналот.
Дали кога веќе еднаш ми е положен испитот и пишува дека важи една година во рамки на таа година кога аплицирам на други огласи дали по автоматизам се превзема дека имам положено??
Излезе ли дека може да се полага... Некој да ме упати како и каде да се пријавам, колку чини, материјал се што треба
На prijava.aa треба да имаш профил и следиш огласи се пријавуваш зависи за кое ниво сакаш да аплицираш. Не кошта ништо, прашањата исто ги имаш на страната за адм. службеник и за адм. управување за раководител
Да, по автоматизам се превзема дека го имаш положено. На агенцијата за администрација си креираш профил, таму се пишува што треба да прикачеш, после на оглас се пријавуваш според твоето образование
Важи дека е така. Познаничка, даде само документи и оп примена ,мислиш прашања полагаше? Хаха смешки.
Да прашам сите што имате полагано, од каде ви се сертификати за компјутери и јазик? Дали има некој посебно што е признаен или било кој и каде може да се полага?