1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање на колоквиум

Дискусија во 'Образование' започната од xxx-ba, 1 октомври 2013.

  1. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    300
    Ако има ваква тема, слободно избришете го ова.
    Ова ми е прва година на факултет и сеуште некако се приспособувам на сите новитети :D Сега за сега се трудам да учам редовно и добро ми оди учењето. Само има едно нешто што ме мачи - полагање колоквиуми (или испит, сеедно). Нормално дека уште од почетокот се стремам да полагам за 10ка и така и си ја почнав годинава, но кога ги слушам од страна сите постари колеги и колешки, губам желба за било што и само се надевам дека воопшто ќе положам. Не знам дали сеуште не можам да сфатам како одат работите, ама јас мислев дека ако си учиш доволно можеш да положиш со 10ка (како во средно ако си научил за 5ка дека ќе добиеш 5), а слушам дека повеќето се трескаат од земја кога ќе положат со 6ка, само бидејќи (конечно) положиле. Толку ли е тешко да се положи еден колоквиум или испит? Што е тоа што треба да го правам за да положам? Си учам најнормално и како што реков, се стремам за повисока оцена но кога ги гледам сите дека така лесно паѓаат на испити, сфаќам дека сигурно постои нешто што јас не го разбирам тука и дека не е толку едноставно да се положи испит. Што треба да сфатам во врска со ова? :( :^)
     
  2. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.689
    Пол:
    Женски
    Ах драга! Како прво не споредувај 5 во средно и 10 на факултет, а доволно учење не е ДОВОЛНО за 10. Да бидеме реални за 10 треба многу повеќе. Убаво е тоа што учиш редовно (само ќе видиме до кога :lol: ), само не се залетувај од старт за десетки. Главен приоритет нека ти биде да положиш, а оценките, ако си научила како што треба сами ќе си дојдат. Учи си ти како досега, па после прва колоквиумска, односно после резултатите, ќе видиш реално како стојат работите (да не те разочарувам јас :lol: ), па ќе можеш да увидиш што погрешно си правела во текот на учењето, што треба да смениш итн.

    Не знам на кој факултет си, но бидејќи од факултет до факултет има огромна разлика, мислам дека прашањево подобро би ти било да го пишеш во тема соодветна на факултетот каде што студираш, па девојките подобро ќе те насочат.
     
  3. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    300
    Е па колку е тоа доволно учење за 10 :| ? Оф леле... сега уште толку ми се намали мотвација хаха.. инаку сум на филозофски факултет, психологија. Што е тоа што е толку тешко за воопшто да се положи колоквиум? :worried:
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Не слушај секакви муабети - има секакви професори тоа е факт, НО знаењето секогаш си излегува на виделина кога-тогаш.
    Не е воопшто тешко да се положи колоквиум со солидни бодови ако се учи континуирано и со разбирање, ама од старт тргни си ја помислата „учам за десетка“.
    Учи за да научиш, десетката ќе си дојде сама во индексот ако материјата си ја совладала успешно. :)
    Патем, најслатки се оние десетки кои доаѓаат онака на „непланирано“. Не на ненаучено, ами баш неочекувано. :)
     
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Најдобро нешто што можеш да направиш за да имаш 10 ки е да учиш многу и да престанеш да ги слушаш другите. Факт е дека мал број од студентите учат редовно,уште помалку со разбирање. И следствено на тоа имаат слаби оценки/едвај положуваат. Така што после најлесно е да се обвини професорот,демек со врски става оценки и слично.

    Учи и никого не слушај за ништо. Повторувај многу.Ептен е точна поговорката повторувањето е мајка на знаењето.Немој еднаш да прочиташ и тоа да е тоа.

    Не викам дека нема чукнати професори што ќе ти скратат оценка.Ама во 99% од случаите добиваш колку што си научил.

    И уште еден совет, се полагај си на колоквиуми. Зависи на кој факултет си,можно е да имаш задолжителни испити,ама во секој случај ќе ти е полесно ако исчистиш дел од материјалот на колоквиум.
     
  6. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Никогаш неможеш да бидеш сигурна дека знаеш за 10 и токму поради тоа ти препорачувам да не одиш со таа помисла за да не се разочараш ако добиеш 7. За жал на факс таа е реалноста.
    Ти учи си и понатака редовно тоа е супер, али некоја појасна претстава што и како се случува ќе имаш после први колоквиуми, ќе знаеш на кој принцип е како што, па ќе можеш и подобро да го спремаш.
    И уште нешто учењето за 5 во средно, и учењето за 5 на факс е исто :D За 10 дупло повеќе :D Се шалам, искрено имам две 10 до сега а баш за тие предмети учев помалку одколку за други што имам 8..
     
  7. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    300
    Фала ви многу :) Зборев и со моите, ми го кажаа истото, да не се замарам толку што ќе добијам туку да продолжам да си учам. Се опуштив сега малку :D
     
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Не знам дали сум единствена, но мене поприлично тешко ми оди снаоѓањето на факултетов! :!:
    Расположливост на премногу материјал, а премалку време за сетиот да се научи..
    Значи буквално се чувствувам како сето време на планетава да треба да го искористам на учење. Да станам, одам на факс, се вратам јадам и учам.
    Тука ќе спадне и фактот дека нема да се има повеќе било каков социјален живот, а за некаква сериозна врска и да не правиме муабет бидејки тоа изгледа како невозможна мисија.
    Се чудам како сте завршиле.. Мислам јака ви душа на тие што добивате 8-ци и 10-ки, капа ви симнувам најсериозно! :bow: :nod:

    П.С. И некој да ми објасни подетално, што се случува ако евентуално паднеш на колоквиум? Ќе гледам тоа да не се случи, ќе учам колку можам ама сепак би сакала да знам.. :|
    Благодарам однапред.
     
  9. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Valerin не се секирај ако паднеш на сите- имаш уште две шанси да полагаш т.е. уште две сесии...

    xxx-ba, што се однесува до твоите 10-ки: колку што се учи за 5ка во средно, толку на факултет се учи на две- три предавања (просечно на сите факултети е така). :) Второ, не можеш да појдеш на испит или колоквиум и да кажеш научив за 10-ка, всушност ти можеби си научила за 10-ка ама по некоја случајност (независно дали не му е денот на професорот, дали тој мисли дека не си ја напишала суштината, можеби мисли дека си препишувала и многу други разлози) добиваш 8-ка и ете ти разочарување... Учи ама не се надевај премногу, која е оценката- таа е, некогаш со мнооогу учење ќе добиеш 7, а некогаш со многу малку труд 9... Сето тоа е релативно... :) :)

    Ми текна една приказна од филозофски факултет, можеби точна, можеби не- не ме држете за збор: На прашањето на испит: "Зошто?" студентот одговара "Зошто да не" и станува асистент... :) :)
     
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Јас после првава колоквиумска недела која ни помина пред некое извесно време, всушност сфатив колку сум направила грешка при изборов на вториов факултет.
    Колоквиумите ги положив и тоа со гранични бодови без оглед на тоа колку претходно ја имав сфатено сериозно работата и учев, очигледно не било доволно ниту за 7-мица. |(
    Само еден предмет паднав, и тој треба да го полагам сега во јануари, а можно е и уште некој да полагам доколку не седнам да научам. :|
    Проблем е што на нашиов факултет нема казнени сесии, туку директно си одиш на испит, и ако и испитот не го положиш одиш со презапишување.
    Башка немаме ниту релевантни извори на книги, туку нашата работа е истражувачка што значи дека сами треба да се снаоѓаме за материјал, (по еден предмет да консултираме 3-4 книги) и да го бараме зрнцето во сеното што дополнително ја отежнува работата.
    Многу сум разочарана. Се чувствувам психички опаднато, и факултетов не ме прави воопшто среќна личност.

    Моите сепак се задоволни, па ми велат Валерин оправдано ти е, ова веќе не е средно училиште за да професорите бидат што е можно повеќе коректни при оценувањето. И веројатно се во право, меѓутоа јас многу се разочарав од себе си бидејќи се познавам себе си и знам дека можам да вложам многу повеќе доколку сакам, ама ете не ми се допаѓа материјата, премногу е логички сложена, додека јас сум повеќе насочена кон креативна работа што истовремено значи дека овде нема да можам да го вложам својот максимум. :|
     
  11. Leonida2

    Leonida2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    28
    истото и мене ми се случва и осекам голем голем притисок.... :| незнам ни од кај да почнам ни како да учам едноставно се блокирав ... прв колоквиум ке ми биди следниот четврток па ако можи од некое искуство да ми кажите како сте поминале и како да седнам да учам толку голема материја .... |(