Со оглед на тврдокорните принципи што ги имам непознато ми е чувството без труд, напор и време да стигнам до целта. Упорноста е дел од мојата истрајност на патот до успехот. Кога сум сериозно подготвена де се вложам себе си не размислувам за должината на патот, туку за вредноста и значењето на нештата. Личното задоволство нема цена штом среќата е предизвикана од вербата во себе.
Секогаш се трудам да го изберам вистинскиот пат. Дали ќе биде на полесен или потежок начин зависи од околностите - дали ќе ме чини повеќе време, повеќе пари.
Мислам дека нема потежок или полесен пат, и неможеш да бираш. Сето тоа зависи какви времиња ќе дојдат во твојот живот, па полесни иили потешки патишта сакаш неќиш ќе мораш да одиш по нив.
Сите сме горди кога успешно ќе изодиме потежок пат до некоја цел, но исто така самите се лажеме ако велиме дека не сме посакале многу пати можност за полесен пат. И под полесен пат не мислам на врски, мамење и слични методи, бидејќи не мора тоа да значи - туку нормални околности без пречки и проблеми кои несомнено фрустрираат, посебно кога ќе се спореди дека овие со нечесните методи не ги доживуваат тие нервози.
Убаво е да се заштеди на време доколку постои таква можност. Зборувам конкретно за работење а не за постапка како да речеме на пример давање мито за положување на испит. Го одбирам тој пат кој ќе донесе поквалитетен резултат.
@LanaSGirl "вистинскиот пат" е правиот збор. Тешко - лесно не постои. Во суштина на сите им е тешко, и ретко кога им е лесно нареден животот па + да можат да бираат околности а тоа е оптимистичка бајка во муабетов. Сите треба да се стремат кон вистинскиот пат ... а патот за да стасаат за да можат да проценуваат тешко/ лесно и вистинско, е тежок, или лесен, зависи на кој како му фаќа кликерчето во глава.
vo globala vo realniot zivot sekoj saka da ispee so sto pomalku trud da zeme plata a pomalku da raboti...znaci sto e mozno polesniot pat. jas bi go odbrala pravedniot pat bez razlika dali e polesniot ili poteskiot obicno poteskiot pat dava pogolemi uspesi
Секако дека полесниот. Но тоа да не биде на штета на друга особа. Во тој случај е ок. Е сеа има разни психи, мазохисти па има заразени со протестантска работна етика и тие работи. А такво животинче е чоекот, наместо да плива измислил бродови, наместо да оди пешки - возила и возови. Проблемот во вакви недефинирани обиди за општества се што работата се смета сама за себе за нешто позитивно вс. работата која носи резултати. Ако може некој да заврши работа за три часа има да седи осум бре, кој е тој да си оди дома порано ако завршил работа, има да собира ѓубре или нешто рандом...
Во животот секогаш сум одела по потешкиот пат. Буквално за се. Не оти сум сакала, така се ределе коцките.
"Потешкиот пат" и "Полесниот пат" се само опишани екстремности на статистичката не/веројатност на околностите во кој еден поединец може да се најде, чии фактори во одредени периоди на време зависат или не зависат целосно од него и неговите дејствија. Без разлика дали, од морален аспект, поединецот ќе верува дека е подобро за него да ги остварува своите желби и потреби преку сопствен труд или преку туѓ труд, тоа скоро и не е релевантно. Бидејќи со текот на времето секогаш ќе се најдат ситуации каде мораш одредени работи да ги направиш сам или тоа да го направи некој друг.
Во животот имав прилика да добијам се на лесен начин. Да побарам и да имам. И факултет завршив поприлично лесно. И во моментот ти е супер, си уживаш, не се замараш. Но, подоцна секоја препрека тешко ја минуваш. Секој труд ти изгледа преголем, секој пад престрашен. Да имам избор, би го бирала полесниот пат. Но, ретко кога имаме избор. Претежно се раѓаме преодредени. Некому му е судено едното, Некому другото. Со тоа што, ако се бориш можеш да се избориш за понатака да живееш полесно. А ако полесното ти е дадено, треба да се бориш да го задржиш или да научиш како да чекориш по потешкиот пат.
Не секогаш имаме можност да бираме дали ќе одиме по полесниот или потешкиот пат. Секој би сакал полесно и побрзо да дојде со целта, но некогаш околностите налагаат така да мора да се помине посложениот пат. Битно е да се успее!
И кажував/ се жалев на мајка ми дека во Америка само автоматски автомобили се возат, таа ми вели „Е, ти па увек сакаш л'сно да ти е". Епа сакам.
И да не го изберам потешкиот пат секогаш тој сам ме избира мене. Се што сум постигнала и добила сум го добила на потешкиот начин. Не знам што е тоа лесно и полесен начин јас.
Патот од нас зависи,не секогаш нормално,многу се важни околностите,опкружувањето,највеќе од семејството,ако нема подршка од семејство патот е потежок.
Имам ОГРОМНА поддршка од семејството. За секој нов предизвик разговарам со нив и ми помагаат. Па сите заедно избираме да го пронајдеме полесниот пат.