Секогаш потешкиот, без исклучок. Не знам, но како да ме задоволува тешкото и комплицираното и како да обожавам работи до кои тешко се доаѓа. Мазохист.
Искрено, не сакам воопшто да одам низ потешкиот пат. Сакам сѐ што ќе наумам и сѐ за кое ќе се нафатам да се одвива лесно и брзо. Ако веќе мора, не може поинаку, го применувам потешкиот начин, ама само доколку плодовите се загарантирани и доколку е вклучен некаков аванс исто така. Зашто сум гледала луѓе со труд и со мака кај завршувале, додека оние најсреќните се всушност истите на кои убавите нешта им дошле лесно, а и рано во животот.
По потешкиот пат. Вложениот труд и маката ќе те натераат да го цениш и чуваш тоа што си го постигнал.
Ме замисли со прашањево. Сфатив дека не можеш да знаеш дали си тргнал по потешкиот или полесниот. Си избрал еден и само за него можеш да кажеш дали ти бил лесен/тежок. Оној другиот не си го изодил. Може изгледал лесно, ама секоја планина своја тежина си има. Дури не го изодиш и тој не можеш да судиш дали бил полесен или потежок
Јас ипак мислам дека зависи до интелигенцијата на човекот некој може се тешко да му оде и се по потежок пат па на крајо пак ништо и се да изгубе а некој и по лесен пат може многу да добие
По ,,оној пат-мојот пат " од кој нема да зависам од друг или да морам да барам помош за да го реализирам зацртаното
Секоја ситуација може да биде тешка кога се правите дека незнаете а всушност го можете тоа да го надминете поради што тој тежок пат ќе не научи на што можно полесно да произлегува на крајот од патот. Затоа кога ги одбирам патиштата измеѓу лесен и тежок го избирам лесното во тешкото за да го овозможам и тешкото да се претвори во полесно. Кога ќе успеам да го поминам тешкото сфаќам дека е вредно да се помини и си кажувам дека сега како награда го добивам полесниот пат. Не се откажувајте од тешкото ако гледате дека го можете и во најмала рака ќе можете да го поминете патот.
Сум одел и по двата. Но кога би требал да бирам би го избрал потешкиот. Кога ќе стигнеш на целта после поминувањето на потешкиот пат се осеќаш ко да си освоил тврдина. И таа тврдина ќе ја цениш многу повеќе за разлика од другата што некој ќе ти ја подари и ќе стигнеш до неа лесно.