Ти благодарам треба да почнеш да ми наплаќаш А ова со Јешим малку фантазираат. Милион бељи ќе направи, ќе се онесвестува, ќе се тутка по земја бла бла и се е во критична состојба и пак ништо не и е А значи вечер ќе биде тоа кога ќе им влета на свадбата. Сум го гледала тоа на нет, глупости живи. И пак бебето живо ќе остане...
^ Бебево, ко да му е татко Чак Норис, а не Чинар. Виша сила го држи у живот и покрај се. Таа критична бременост од сам старт има, сега и се заканува предвремено породување она циркузи праи таму, самоубиство по 6 пат сака да напраи. Ама што да праам, омилена ми е.
Не е баш у врска се серијава туку со ЈЕШИМ, имала 20 години No way, јас се изненадив. Инаку серијава ја претераа више незнам даље... Фатив малку вчера, ништо скоро не се сменило. И онаа Јешим абре оној докроон да ме погледне само абре трчам у прегретки не пак да трча по мене Што видела во мулено Чинар жити господ
^ Баш гледав, Вучко ја праша истото, што толку трча по Чинар а докторон цело време по неа. Она се изнасмеа, и го прашува Чинар истото, е зошто де толку трчам ни сама не знам. А остај тоа, со Чинар е во врска инаку во real life, за мала промена може со Џансел да се смота, ама глупи режисјори нејќат ... инаку со Топрак уопште не ми се допаѓаат ко пар, берат цветичи, возат точаци, јао мајко патетики живи. Со Јешим имаат страст бре, да се фатат, да се однесат. Можам да замислам која страст би паднало со Џансел, 6 деца ќе и напраи од возбуда.
^Oвај си одговараат Чинар и Топрак, не е он за таква жена како Јешим гледаш исти си се, он муле мутав она таква смотана. Туку Јешим е луда што се не напраи за да биде со него и пак неке... А детето хахахаха ќе да е на Чак Норис Али Јешим ептен е убава ептен и згодна и се, али разгаленетија жива... Ама смешна ми е кога му се дернува на оној смотанион торко -ШТО Е МА
^ Ау леле, се имам газано од смеење коа му збори на него. Вчера седнал во џипот нејзин, јаде тост, троши на сите страни, рокнал некоја песна со завивање, таква традиционална турска, коа виде Јешим: Што праиш бе? Гаси музиката бе, кај се наоѓаш? Значи преводот и е невозможен, го доловува ликот феноменално. Карактерот и е ужасно тежок, ко сивоња по Чинар се завлечкала, инат невиден, сака се што ќе посака да го има, ама ради преубавиот изглед и стилот не можам а да не ја симпатишам.
А тоа би значело уште 600 нови епизоди, за секоја бременост по 100, за да има време да ги прикажат турбулентните нејзини бремености Ама што и да прави, каква и да е Јешим ја прави серијата да биде интересна ... (замислете две како Топрак , од една на човек да му се слоши, а не па од две)
Аууу колку глупаво и стои карминот на Јешим ноу комент. А Јешим пие ли пие алкохол со толкав стомак. Абе ептен фантазии во серијава... Многу глупава ми се виде венчаницата на Топрак, да видиме каква ќе е кога ќе ја облече
Хахахахах ее се изнасмеав кога летна со колата Јешим знаев дека ќе направи некоја глупост она.Офф. Неподнослива ми е.Ама барем се венчаа конечно овие двајца.
Е што џабе се венчале. Мислам и јас навивам за Топрак ама Spoiler во последната епизода што ја имаат ставено на нет, Топрак е во затвор а Чинар не оди да ја посетува. Сега не разбирам турски и неможам точно да знам што е, ама штом не доаѓа веројатно не се во добри односи.
Да да знам за тоа,ќе се скараат зошто така ќе наместат Јешим и тој бившиот маж на Топрак.Чинар ќе мисли дека она имала цело време нешто со него и нема да и верува.
Спојлер, молам! Јешим драматургии направи вчера, арно ама како што е кажано погоре, жива сила не е*е, па ќе го роди детето. Туку луѓенца, Вучко кога ја опита Јешим на интервјуто за тоа дека е бремена Топрак оваа кажа дека е, и ме зачуди, од кај тоа? А и во саботата епизодата, оваа се жалеше на мачнини. Леле, уште таа фали бремена да остане.
Многу ми беше жал вчера за јешим гревче Spoiler инаку во овие турскиве што се епизоди топрак е бремена ќе иде во затвор зашо ќе го рани ситки ќе сака да ја силува, и оваа ќе го лаже чинар дека е го абортирала бебето, јешим ќе живее во вилата со чинар неџип и икбал ( старата вила на илгаз од првите епизоди пак ќе ја купат), неџип ќе се разведува од зумрут заради заканата на икбал, зумрут ќе си најде еден ама овој ќе и биде љубоморен и ќе го претепа човекот и така ...
Ама тие што се ставени на интернет епизодите не е цела серија така? Уште ќе се снима? Вака многу ми е нелогичен крајот. Spoiler А и сакам Топрак и Чинар да се смират
уште се снима моментално се до 66 епизода Spoiler во едно интервју чинар кажа дека може да има и трета сезона
Оваа е единствена турска серија што ја гледам и се убаво ама јас си чекам и чекам цело време да ја поддотераат Топрак малку, ептен е ко од времето на баба ми веќе Малку барем нека ја дотераат да заличи на нешто. Ама ко што гледам не ќе го дочекам тоа изгледа
^ Идејата на режисерите ваљда е да покажат контраст измеѓу Јешим (богата, згодна, убава, троши пари на облека, размазена) и Топрак (невина, скромна, сиромашна, доброта од човек). Прави шпанскосериски карактеристики. Епа затоа не ја сакам Топрак бре. И со тоа облеката ја запустија цела серија со таа сукњата долга,аман. А Јешим ми е срцка, луда е ептен, и ради неа фатив да ја гледам серијава, кога видов како се облака ме намами пустата.
Се роди супер Чинар, ова детето на Чак Норис Се газам од смеење Ова Јешим ни закон не ја брка, ни сообраќајка не и може ништо, има super powers Али како ќе ги заплеткаат работите алал да им е Не читам више спојлери, ама не е прва серија вака да се заебам
^ И ја прочитав еден спојлер, пуста љубопитност да видам кога ќе биде она мулено Топрак бремена. Јао вчера, две епизоди. Што им текна така? Супер Чинар е роден, Јешим као тро подобра се праи, не знам што цел има, не и личи да е така фина. Али мамоќата изгледа ја натера. Све у свему, почнуваат сега сплетките, нека е со помин.