https://www.youtube.com/watch?v=Oqy3erb_F2A фрагман од новата сезона ќе почне на 21 септември, што мислите кој умрел ? зашто зумрут не е 1000%
Претпоставувам Игбал пошто она објави дека нема да учествува ви 4 сезона. Инаку Султан, тетката на Топрак од “Сестри“ доаѓа во серијата бидеќи “сестри“( Љубов до небо - Yer gok ask) заврши во јуни.
Јас престанав да ја гледам серијата откако Јешим умре, но утеха ми е новата серија во која игра Серенај и е римејк на американската О.C или Округот Оринџ. Го толкува ликот на Мариса, а симптоматично е што и нејзиниот лик заврши трагично во серијата, не знам како се нафаќа. Убавица. Spoiler Страната на ФБ со англиски превод се вика Medcezir" - "Tide" for English speakers, кој сака да ја пронајде.
ма катастрофа.....неџип ја пукаше зумрут и наместо да ја остави да цркне он ја спаси...наместо во срце изгледа и пукаше во левиот силикон кој зумрут го стави одкога и ја извадоа градата....она иде во лондон со керим...поминуваат 3 месеци....топрак е три месеци во кома од сообракајката.....мајка и шереф од многу плачење добива мозочен удар а ремзи се разболува и се вракаат во ургуп....умира игбал, а нечип со презивеани 20 инфаркти ја закопува и додека оџата ја пее овој плаќа детектив да ја најде каде се крие зумрут....разговорот го слуша чинар и многу му е лут и му дава пиштол кога ке ја најде да ја доврши работата со зумрут....зумрут дознава за игбал и решава да се врати во турска....султан доаѓа во истамбул веднаш што дознава за топрак и мноху се лути на сите од илгаз семејството....топрак се буди после 3 месеци и не го познава чинар тука ја бара својата сестра и тетка.... според новиот трајлер чинар и топрак пополека се “запознаваат“, ама изгледа султан ке ја земе топрак под своја контрола и ке и ја наполни главата против чинар и она го брка од соба па после чинар ја киднапира од болница. инаку таа сулатан го уништи цело семејство Ханџиоглу во серијата Yer gok ask или по наше Сестри. Ги мафташе хава и топрак и ги натера двете да се заљубат во јусуф, ама таа хава беше опасна лажовчина како татко и и успеа да се вери со него и ја избрка на веридбатаа топрак од куката. ...таа тогаш се ожени со чинар со формален брак....сутран не само нивните туку и својот живот го уништи од сплеткарење, видовте скарана е со синот и си го растури бракот со тој решид кој беше фин човек....сите ги умре од ханџиоглу и на крај успеа да им ја земе куката,а кога остана сама ја запали...сега тешко на топрак, којзнае што ке и направи....не можам да замислам серијата да заврши а топрак и чинар разделени....во филот се појавува нов лик а тоа е докторот.... ке вдиеме како ке биде понатака...
фрагмент од 119 епз. https://www.youtube.com/watch?v=fgsR7K0a2Lw Чинар - Топрак: Нека ова биде клучот до твоето, а ти заклучиме во срцето и недозволувај никој да влезе твоето срце освен мене ..... Топрак: Таму има еден човек, висок човек, вели дека мојот сопруг, кој е овој човек таму .... Султан - Чинар: Ако сакате да влезете во оваа соба ке морате да ме убиете .... Д-р - Чинар: Невозможно е за г-ѓа Топрак да се чувствува безбедно кога таа е сама со вас ..... Зумрут - Неџип: Ќе ти дадам задоцнување од само два дена .... Топрак - Чинар: Ти реков да излезеш од тука ... Чинар - Топрак: Ти ми вети дека ќе останеме заедно до нашата смрт ..... Топрак: Ве молам помогнете ..... Султан - Неџип: Јас ќе се погрижам за Чинар ....
замислете што ќе биде коа ќе почнат да се расправаат зумрут и султан со своите трикови, пошо игбал ја нема сеа, гледав интевју и двеве изјавуваат дека ќе биде бомбастична сезона, султан рече -ќе и го дотерам паметот на зумрут, а па зумрут вика дека ќе има трикови против султан , двете ми се совршено јаќи ликови цврсти и борбени праат се за целта. Да не знае некој дали зумрут остана стварно инвалид или се е игра за неџип да ја сожалува ?
јас мислам дека глуми...објасни како може ранета во градите од левата страна каде што стои срцето да остане инвалид во количка...или во турска серија може и то да се случи
Е да, не глуми, стварно е инвалид. До сега не сум знаела дека ако те погодат во левиот силикон се останува инвалид
и јас ја гледам сеуште амаа веќе многу глупости се случија , неџип срцев удар по 10101010101 пат аххха, а чинаров па у затвор ...
Епа изгледа срчка ќе го фати од кога ке разбере дека Чинар ја признал вината дека он пукал во Зумрут,или можеби дека ја видел Зумрут како оди или можеби од секирација ако разбере дека Зумрут ја бутна Муневер по скали. Во преходните епизоди Зумрут рече дека нашла и сведок дека е Чинар а не Неџип. Баш ме чуди кој е сведокот. А за Муневер ми е жал, она беше бремена, може ке го изгуби бебето а можеби и ке умре...којзнае што смислиле. Јас се заинаетив и решив да ја гледам до крај.
и јас ќе ја гледМ до крај рекоа дека има уште 5 епизоди т.е 135 епизода е финале така да ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека нешто ќе и се случи на зумрут зошто гледав на нејзиниот профил како објавува видео од снимањето и ќе ги сопре полиција со фуат ... кој знае што ќе смисли пак, мозокот и работи 300 на саат сите ги сврте наопаку а топрак е бремена пак чинар сигурно ќе биде 1-2 епизоди во затвор после ќе излезе, неџип ќе оздрави, на зумрут ќе и се случи нешто мозе и да си го одземе животот како јешим ... се е можно
Виде ли бе што им направи...Ццццц....Кутрата Муневер беше бремена...Шермин гуска, ке ја задавеше а она пак ја крие. Еднаш така се заеба ,Ситки ја напушти и еве сега пак. Психијатарот на Топрак со психички проблеми...не и кажа дека е бремена, се заљубил во Топрак оти му личи на неговата ,која ја изгубил, и сега се здружи со Зумрут. И сега во следната епизода, гледав на новиот трајлер, ја прават Топрак луда. Зумрут ја уценува Топрак да го откачи и да го остави Чинар ако сака она да го извади од затвор и затоа Топрак ке му каже на Чинар кога ке отиде на посета дека веке не е сама.А зумрут и докторов сведочат дека се скренала од умот и уште има психички проблеми од порано. Сега само Султан му е мајката. Ако она успее да ја реши .....доколку Зумрут не ја реши незе. Оној па размазано богаташко смрделе Керем, решил да се одмазди за мајкау па го предаде пиштолот.Па нели знае дека мајка му му ја упропасти свадбата, пукаше да ја убие Топрак а успеа да и го убие само бебето и требало уште тој да ја исправува направената грешка оти никој не одговарл за пукањето во мајка му.И Азра му кажа дека ке му ја растури фамилијата на Чинар ама он упорен, смрдле, кога го избрка мајка му од дома и кога реши да се жени Чинар го прибра и тој му ја организираше свадбата.Се надевам дека после толку перипетии, серијава ке заврши со среќен крај за Топрак и Чинар.
знам амаа и зумрут па и до негде е у право бе заради чинарон си изгуби 2 ќерки, јас сакам среќен крај за зумрут и неџип зашто и заради зумрут ја гледам серијава, жената е врв имаа неверојатен талент за глумење глумицата
Е зашто заради Чинарот ги изгуби...па Лале умре во сообраќана несрека инаку со Чинар многу се сакаа, дури Чинар сакаше да се убие коа таа загина...а таа Јешим беше психопат....прво сакаше и на сестра и да и го земе мажот без страм и перде а потоа на пијано му се наметна на Чинар и остана бремена...умре и не свати дека Чинар не ја сака...тој заради незе да ја откачи отиде и на невидено ја зеде Топрак, ама таа исто како мајка и, триста чуда направи и на ктај цркна од лутина дека не успеа да ја засака. Дури и Зумрут кога бараше донација од Топрак за лечење на детето и призна демек: немој да се лутиш она има психички проблем и треба да се лечи.... А Зумрут, жена без морал, три деца од три различни мажи,курва која се омажила за богат човек и изигрува елита, гази се пред себе, се омажи со сватот, цело време и додека беше Лале жива знаше дека Јешим сака да и го земе мажот и ја криеше пред Лале. Лале умре и не дозна на што све е спремна сестра и. За талентот на глумење не зборам, и јас се согласувам со тебе. Јас ја гледам содржината и кога гледам негативен лик не можам да ја подржам и засакам како лик затоа што добро глуми.Мене ми е одвратна. Муневер умира а она наместо брза помош ја шутка со нога и ја остави да умре на скалите и тоа бремена, а курвата за Неџип и неговиот милионити инфаркт се утепа од плачење.