Јас гледав на Пинк плус и уживав во филмов, прекрасен е. Судир на едно конзервативно семејство со потекло од Кајсери со модерно и префинето семејство од Истанбул. Башка во филмов убаво може да се примети дека колку некои големи и ценети семејства можат да глумат чеснот и поштеност а со секакви мрачни работи се занимаваат. Го мразам господинот Неџип, се замислува најпаметен и најпоштен а не е. И плус има образ да го навредува семејството Ташкиран. Серијава ми се допаѓа зашто е многу модерна. Омилени ликови ми се Јешим и Зумрут анам Секоја и чест на Зумрут, вистинска госпоѓа. Уживам да ја гледам, прекрасно глуми. Јешим не е баш сјајна, ама ми е многу слатка и симпатична. Докторчето ми е најзоден во серијава. Серијава прекинаа да ја даваат на Пинк зашто ја немаа дооткупено а кога почнаа да даваат нови епизоди ја тргнаа програмата од нашата кабловска и ја заменија со некоја друга. На Канал 5 немам време никако да се погодам и да почнам да ја следам. Е сега сакам да ве прашам ако може некој да ми одговори, до кај стигнале епизодите на Канал 5 пошто коgа ја тргнаа Пинк Плус беа до таму кога Чинар со Топрак се преселија. Фала однапред. И ако некој можел некако да ја најде музиката што ја даваат кога Јешим плаче по Чинар ќе му бидам многууууууу благодарна.
Во вчерашната епизода Јешим беше со докторчето на вежби за трудници, Чинар на Топрак и подари прстен која она како гордата и наивна девојка не го прифати па Чинар и рече дека ќе ја чека колку е тоа потребно, и ништо посебно вчера не се случи.
Јас до тука некаде ги имам гледано епизодите на Пинк. Значи тамам ќе ми дојдат сега, многу ми е мило. Само се надевам на Канал 5 ќе ја дадат цела до крај серијава.
Се сеќавам кога Лале и Чинар беа во Бодрум и кога тајно се венчаа. Па тоа колку беше убаво, романтично, се блескаше. Креветчето во водата... Феноменалнооо Таа епизода си ја гледав неколку пати.
не ми се свига мене баш оваа серија мн мн,оваа умира он после со сестра и висе ми лици на шпанска одколку на турска
Серијава не сум ја гледала од почеток т.е. баш оној дел кога глумела Емина Јаховиќ. Но сега ја гледам и убава ми се чини.Иако, некои работи не ми беа баш јасни,сега малку по малку почнаа да ми се разјаснуваат. Сите во иста куќа живеат,аууууу, не се знае кој со кого е,аман! Смешно ми е што мајка му на Чинар и онаа другата не знам како се викаше за старец се караат, ко деца некои Инаку јас сакам Чинар и Топрак на крај да бидат заедно. Баш ми се убав пар, мада нема да е лошо Топрак малку да си го смени стилот на облекување И Јешим ми е убавка и тоа многу,ама многуууу ме нервирааааа Од толку мажи,од толкав град,таа се залепила баш за мажот на сестра и. Па мислам со кој памет?! И оваа мајка и па уште ја подржува, ништо не и вели. Ме нервираат они две. Досадни се,ко пијавици некои
Чинар: Откога умре Лале тој ми стана антипатичен. Незнам зошто но веќе воопшто не ми се допаѓа. Јешим наместо да си го фати докторчето, она уште по овој трча. Јешим: Не е многу позитивна, но не е ни негативна. Ми се свиѓа нејзината улога...Но ме нервира што не го приметува Џансел. Со бебето супер постапи && најбитното многу убаво пее Топрак: НЕМОЖАМ ДА ЈА СМИСЛАМ!!! Како се преправа, тоа чудо невидено!!! Многу мрзам такви луѓе и во вистинскиот живот... Икбал: Не ми се допаѓа, однесумањето и е лошо. Сите ги сака само за себе. Почнувајќи од Неџип, Чинар па дури и малата Лале. Зумрут: Мојот идол во серијава, добро се облекува, добро постапува, права госпоѓа.Кралица е!! Џансел:Од машките ми е омилен лик, добар е со Јешим , се гледа дека му се свиѓа. Навивам за он да биде со Јешим. Неџип: Не го сакам, дволичен е, лош и сака на се да има контрола... Се на се помеѓу Ташкирановци и Илгазовци навивам за Ташкирановци и + по фенси се
Не ја пратам серијава ама сега видов дека овој Чинар се заљубил во Топрак од Сестри и мило ми е зашто онаа Јешин ќе си пукне од мака Топрак кај е поарна како човек, и поубава е од неа , само облеката... Инаку не гледам зашто многу ми цепат нерв и Јешин и онаа бабана Зумрут
Само што помислив дека ќе ја даваат и втората сезона, ете ги: „Не пропуштајте ги последните епизоди од серијата...“ Теееее што телевизии ќе беа нашиве бре, абре кога ќе даваш нешто, давај до крај !!! И што сега, почнато-недовршено. За љубителите на филмов, ако сакаат да ја гледаат 2рата сезона, што на Канал 5 нема да ја даваат очигледно најдов страна кај што може да се гледаат, и се израдував ко да сум открила нов континент. http://www.viki.com/channels/6100-lale-devr-i-sesong-2
Аааааааааааа а да знаеш само мене колку ме израдува сега, ти благодарам најмногу Утре веднаш ќе вклучам да видам што како е, има ли превод... Ииииии ке се надавем дека во втората сезона Чинар и Топрак ќе си се заедно
Странава е феноменлана. Ја знам од поодамна. И јас тука си гледам некои серии, бидејки ми се буквално од синхронизацијата. Инаку страната функционирата така што ги земаат од youtube сериите на турски, па то што знае добро на турски преведува на наглиски, па друг на српски, па друг на бугарски така натака. Инаку секој може да се логира и да преведува, лесно е, па можеме и да ставиме некој превод на македонски, хм?? Инаку Spoiler Јешим и Чинар се заедно во новата сезона, Зумрут и Неџип се заедно исто, барем до таму до кај што се турциве, зашто даваат по една неделно. .
Ај бе па овие од Канал5 више преку такво!Да не фатиш серија на нивна програма! Дај боже на главниот уредник жена му да му се тргне таман пред да сврши!Е така!
Абе оваа чачкалицава шо се нафрлила по мажот од сестра и ко крлеж, Јешим била со М, јас пак ЈешиН ја викав
Се убаво, ама преводот не е целосен, на пр. англиски 11%, српски 4% Ништо не правиме со толку, јас ништо не разбирам.
Ај ако некој најде преводи за 2та сезона освен на оваа вики странава што е, со проценти, нека пушти овде линк, пребарав све живо и диво, нигде нема бре. А таман едина турска серија што толку се имам задлабочено во неа е оваа. Ти се плукнам телевизиите, никад ништо до крај не оставаат. И каков крај жити мене, со недоречени муабети, со недовршени работи. Не ги лажи луѓето, откупи 2ра сезона.