Ја имам гледано 3-4 пати и стварно не ми е јасно каде е Лале... И зошто сестра и му се пушта на мажот од Лале, кој што сега гледам е со Топрак???
Лалее почина а Јешим му се пушташе на Чинар уште од почетокот и сега Јешим е бремена од Чинар а пак Топрак му е жена на Чинар.
А на Пинк нели играше Лале, малку поназад беа од Канал5, таму ќе ја даваат и 2ра сезона или и тие ко кај нас? Знае некоја?
Играше на Пинк во Србија ама исто како кај нас, само првата сезона. Втората не ја даваат. Канал 5 ги пркеинува сите серии, од утре ја нема ни Изборот на Лара.
На Пинк-плус игра Лале моментално ама се поназад неколку епизоди. Денеска ја гледав во 14сатот, епизодата беше кога Неџип ќе биде во болница.
Девојки барав барав на нет и никако да најдам....ајде можеби вие сте поснаодливи сакам слика од Топрак и Чинар во дресови, кога беа на утакмица, многу ми беа слатки тогаш,заљубени,насмеани..... Ако некој случајно најде нека ми постира ве молам. А да, и песната од најавата.
Еве јас пак на темава, ко заболена по серијава. Песната ја најдов, а слика не, но на вториот линк на 0:13 има слика од нив двајца во дресови, ако можеш да ја го сецнеш тој дел, мислам дека може али не знам како. http://www.youtube.com/watch?v=5OHjUzMyX3E http://www.youtube.com/watch?v=pddG0wev ... re=related
Ааааааааааа девојки ви благодарам најмногу и на двете Некој ќе ми се смее што толку се радувам за една обична слика и една песна, ама мене баш ми значи. Многу ми се слатки. Глеј Топрак колку е среќна и Чинар колку заљубено ја гледа Мерак... Повторно благодарам
Јас си гледам така без превод па сама си ги поврзувам работите. Всушност главно Топрак и Чинар си ги гледам, сакам да знам со нив што ќе биде. Другото мотам Сега ќе си ја пуштам третата епизода
Луѓе не сум баш во тек со настаниве . Последна епизода што ја гледав беше ко си замина Топрак и ? Немојте да ми кажете дека тука ја сецнаа . Значи втора сезона нема останавме на пола да знаев не ја гледав еее неспособни овие од канал 5 значи . ДРВА !!!
Ја сецнаа Венди и тоа на најинтересното нели Топрак се врати во родното место и прво Јешим беше кај неа да ја моли да не се врати. А потоа и Чинар отиде да ја моли и баш кога требаше она да му одговори,ја прекинаа..... Многу ме нервираат така, да не знаеме на што сме еее, исто така не ја покажаа и реакцијата на Рејхан кога ги виде сопругот и Еџе.
Канал 5 се тотални дебили. "Џанан"-на пола ја оставија,"Поле на лалињата"-на пола.Па добро бе ако не сте способни да ги докупите тогаш воопшто и не ги купувајте сериите.Не ја лажете публиката.