извичниците нема потреба да ти ги сменат мислењето сепак секој си одлучува самиот што ќе гледа, а и не беа напишани со таква намера
Кажете некој што ќе се случува во новата сезона? Ме мрзи да гледам, побргу и поубаво ми е да си прочитам )
Spoiler па вака, чинар нема да се разведе од топрак ќе се смират и ќе прават свадба а на свадбата ќе влета јешим со кола и ќе биде повредена ќе ја породат на 7 месеци и бебето ќе биде машко, икбал ќе им праи проблеми на неџип и зумрут, зумрут ќе ја оперираат ќе и ја отстранат градата па ќе праи силикони,ситки и јешим пак ќе се здружат против топрак, јешим ќе биде добра кон топрак ама ќе се преправа, икбал ќе го уценува неџип дека ако не се разведе од зумрут ќе и каже дека он е крив за смртта на лале и дури ќе и прати анонимно писмо у кое ќе пишува дали знаеш кој е виновен за смртта на ќеркати па неџип за да не страда оваа ќе бара развод, после ќе и се влоши состојбата и ќе ја носат у болница и овој од грижа на совест ќе доживее срцев удар и ќе бидат у иста болница па ќе си легне зумрут до него у кревет , чинар нема да му простува на неџип ама коа ќе доживее срцев удар коа ќе го посети ќе му рече тато топрак ќе биде трудна и до таму е сеа у турција коа ќе има нешо ново ќе ви кажам
^ А болничката соба на Зумрут? Серијава малку ми ја отупеа веќе,ама ја гледам редовно ,да видам што носат Јешим и Зумрут. Најодвратни улоги во серијава ми имаат Мехмет и љубовницата таа не знам како се викаше. Се е*е со мажот на братучедка си,на најдобрата другарка,а се прави светица.Уште па цело време му викаше на Мехмет да се разведе ,и овој сега кога ја остави жената и детето оваа,не можам така да им направам,да го повредам семејство..Мислам,дај уби се! Мехмет не ми е толку одвратен колку што ми е глупав.Не знае да пресече ко маж,ептен ко пекмез ми е.
Улогите на Мехмед и Чинар се погубни за машкиот род! Не знаат машки да се справат со ниедна посериозна пречка што им стои на пат. Овој Чинар ко пуси некоја, ќе отиде ќе го нема негде во хотел, ќе го нема со денови демек он така се справува со проблемите! :up: А за Мехмед кажано е се погоре. Бре бре, не можам ни него ни Еџе да ги гледам, серка ме фаќа од нив.
мене топрак многу ме нервира толку е проста и наивна цело време изиграва увредена фуфица демек чинот ќе и падне ако ја запослил мажот и божеее, а за зумрут баш ми е жал гревче шо се не преживеа с болеста а оваа икбал уффф се сака да упропасти
Девојки не успеав да ја гледам денешната епизода. Ќе сака ли некој да ми каже дали се случи нешто важно? Топрак бремена ли е?
Ништо посебно не се деси. Цела епизода воглавно се вртеше околу Мехмед, Еџе и Рејхан. Аман досадни се! Уште не се знае дали е Топрак бремена. Испитуваат божем истражување на НАСА ко да праат. Ситки и Јешим правеа калкулации како да ја освои пак Топрак. Топрак си замина од работа пошто дозна дека ради Чинар ја вработиле, и отиде да му се пожали дека она сака сама да успее во животот, се онесвести, Чинар ја однесе во болница и тоа.
Леле Јешим не е нормална како му се обраќа на Ситки. Теле едно! Што ќе ти се, за Бајрам да не ги чуваш? Ооооо ме умре од смеење. Ова адвокатчево ко муле покварено мути игри, глуми лудило, бре бре!
хаха, сега баш ја загледав не е со сите јешим. Му дава ајфон на човек кој одвај знае што е мобилен, мислам Али едно и давам рака, јака е у пм, каква нозе, коса, облека, ма се, ептен ми е тип, топ, бомба А тоа со телето и беше врв во кариера
Искрено, ја почнав да ја гледам серијава за да ја гледам нејзе. Некој почнува да гледа серија ради некое мушко, ја па по женско почнав. Што да правам, ме зашемути со облеката. Бре што жена беше, све што облече ко вајано на нејзе и стои. Згодноќа, лепота, алал нека и е.
И мене ми е убава Јешим и убаво се облекува ама многу ме нервира бе како пијавицааа еее!!!! Стварно и Чинар многу глуп лик го направиле, целиот е таков изгубен и не му беше убаво кога и кажа да абортира, ама па Јешим ако е толку храбра што не му кажа НЕ АБОРТИРАМ И ТОЧКА. А не сега со лажење и злоба се служи. Се залепила за него како слеп за стап. Зарем ќе биде среќна ако е тој покрај неа иако сака друга. -Јас не би била! Наместо да си го фати убавото докторче, се мува каде што не и е местото и ме нервира. Инаку, и оваа серија е уште еден доказ дека среќата не се купува со пари. Богати- но несреќни.
Не ја гледам баш серијава, Јешим беше плавата а Топрак таа со црвеникава коса така Е мене таа плавата ич не ми е убава. Има осмех на коза, лоша форма на лицето и карактер доволно 'добар' да натера некој со послаби живци да ја утепа. Другата ми е некако послатка, поубава, само простичка е малку,м? И лошо се облекува. И старата, мајка и на Лале. Грозна ми е некако.. Очувана жена, се гледа, но сепак ми е грда. Како да не знае колку години има, не е елегантна.
Ако мислиш на мајка му на Чинар и ако за тебе некоја од нив двете има врска со елеганција... Ноу комент. Ме натера на гугл да барам која беше Икбал. Мене ми се исти, само што мајка му на Чинар не си го вади збрчканото месо сите да го гледаат. Мајка и на Лале колку сака нека се расоблекува, не и личи на годините и грда ми е на лице. И Икбал да се соблече ист циркус ќе бидат. А ако треба да бирам мајка како едната или другата, сигурно ја бирам Икбал. Посветена е на семејството ако ништо друго. Од она што го знам од серијата Зумрут ми е пример за стара роспијетина која не сака и не знае да се грижи за своите деца. Толку.
: o Е да не ми кажеше, ќе мислев дека двете работи се правопропорционални За нејзиниот циркус кој го викаш елеганција и споредбата со Икбал во тој поглед веќе си кажав мислење. После само се надоврзав така што направив споредба и на карактерно ниво. Последен пат, Зумрут за мене не е убава и не се однесува ниту облекува во склоп со годините, ти беше таа што ја замеша Икбал. Јас велам дека далеку од тоа двете да се елегантни, само Икбал барем си знае колку години има. А елегантна жена за мене е нешто сосема трето.
E...V...I...L, Кај најде да ги споредуваш Зумрут и Икбал, или Јешим и Топрак. Јешим и Зумрут се гром, и став и облека и тело. Убави жени се, факт е, ма каков вкус и да имаш, овие две, а посебно Јешим се убави. Икбал и елеганција, како магаре и козметика. Како трупче што се движи е, и далеку од тоа дека е подобра мајка од Зумрут. Икбал е полоша, завидлива и припроста жена, и лошо би било да се разголи, само тоа не .