Полиберален секс, денес или пред триесет години?

Discussion in 'Секс' started by saren_petel, Feb 26, 2018.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Joined:
    Feb 15, 2012
    Messages:
    4,165
    Likes Received:
    20,584
    Gender:
    Female
    Се додека само жените ви се на тапет во темава, за жените правите муабет, како менувале партнери, ширеле нозе, се е**** со секој мувач, а мажите не ги ни коментирате, и не е ни важно дали имале една, две, пет шест, заклучокот е дека се е исто како пред 30 години. Не е важно дали е полиберален сексот или не, важно е дека народот е сеуште затуцан :D
     
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2012
    Messages:
    11,784
    Likes Received:
    187,446
    Gender:
    Female
    Пред 30 години се десила сексуалната револуција. А за пред 50+ ..кога само би можеле плевните, шталите и полињата со пченки да проговорат. 8)

    Добро бе, дур цитирате библија истовремено мрзите шиптари, грци, бугари, педери, луѓе со поише од 2 сексуални партнери, американци, неверници, кучето од комшијата на 2ри кај стрината од вујна ви, и тоа во секоја тема имате потреба да го потенцирате.. Се што е надвор од некоја ваша ирационална замисла е ни помалку ни повеќе - болест. Коментарите ви врескаат од фрустрации, и очајно се обидувате да докажете на себе си дека ви е најубаво, оти од страна гледано мизерни сте. Многу.
     
    hermosa, Lolo5, Bozica1980 and 7 others like this.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,329
    Во светот, сексуалната револуција се случи во 60тите, со хипи движењето, експериментирање со дроги, комуни, слободно изразување на сексуалноста и, секако: Водете љубов, а не војна.

    Кај нас, таа револуција, се 'напрега' да се случи веќе добри 40 години (20 покасно од напредниот свет), и сеуште се прпелка во своите зачетоци. По се' изгледа дека балканците покасно ги разбираат некои работи, но секако, побрзо од Казахстан или Индија...

    Сеуште се нема 'превртено' работава и сексуалната револуција да се избори за својата оригинална идеја за слободно изразување на човечката сексуалност. И светот запре некако. Некои патријархални пориви, и ден-денес се сеприсутни и во најнапредните земји. Но, тоа е што е. Во римското царство, било сосема нормално сопружници да разменуваат парнери во огромни оргии кои траеле со денови, денес имаме многу мал процент од популацијата која се приклонува кон свингерство (пример).

    Рамноправност и вистинска слобода, може да доживееме, единствено кога ќе ги снема термините за жените како: Невина, шири нозе, растурена е, се еба со секој, легнува итн...
    И мажите биваат исто: невини, со раширени нозе, растурени, се ебаат со секој, биваат легнати.

    И треба да се зборува за сексуалноста. Отворено и искрено. Од петици. Посебно жените, пошто, сакале ние да признаеме или не, сеуште сме оцрнувани заради нашата сексуалност и сеуште сме една мерна единица (барем) подолу од мажот.

    Го сакам сексот - и мажите го сакаат. Уживам во сексот- и мажите уживаат. Ако ми се присака, имам секс на прв состанок - мажи биле тие кои имале ИСТО секс на прв состанок со мене, бројот на моите сексуални партнери е двоцифрен - познавам мажи кои имаат двоцифрен број на партнери, сакам фелацио - и мажите сакаат, ме искористи за секс - јас него го искористив за секс... итн.

    Да не редам уште милион примери, ќе ја разберите пораката: Ако за едни постапки, ние жените сме осудувани, а мажите за истите фалени, тогаш нема еднаквост и либерализацијата е сеуште премлада.
     
    Last edited: May 26, 2018
    doubleg, Mr.X, jacqueline.s and 13 others like this.