Политиката на Соединетите Американски Држави (САД) е една од највлијателните во светот. Одлуките што ги носат американските политичари имаат далекусежни последици, не само за нивните граѓани, туку и за глобалната стабилност, економијата и меѓународните односи. Од борбата против климатските промени, преку односите со глобалните сили како Кина и Русија, па сè до геополитичките предизвици на Блискиот Исток, американската политика игра клучна улога во обликувањето на денешниот свет. Оваа тема отвора простор за дискусија околу тоа како одредени политички одлуки на САД влијаат на другите земји и кои се позитивните или негативните последици од тоа. Што мислите? Дали светот е зависен од американските политики, или можеби веќе се создаваат нови центри на моќ кои ја менуваат оваа динамика? Дали американската политика ги фаворизира глобалните интереси или само сопствените? Дали САД е „глобален полицаец“ или контролор чија единствена цел е да доминира за да ги искористува другите? Каква улога треба или не треба да игра во иднина за да се постигне поголема рамнотежа во светот? * Напомена: Во дискусијата не е дозволена употреба на навредливи зборови, како „конзерви“ и „транџи“, или било кои други изрази кои спаѓаат во говор на омраза!
Светот долго време бил зависен од американската политика поради глобалната економска и воена доминација на САД. Меѓутоа, со брзиот развој на земји како Кина, Индија и други регионални сили, се создаваат нови центри на моќ. Ова наметнува нови геополитички предизвици за САД и создава можности за нови глобални партнерства. Иако САД останува силен играч, новите центри на моќ постепено ја менуваат динамиката на глобалната политика. Американската политика има тенденција да ги промовира сопствените интереси, но во многу случаи пред останатиот свет тие се претставуваат како глобални интереси. На пример, САД често тврди дека се залага за демократија и човекови права на глобално ниво, но кога тоа се судира со националните интереси, како што се економските интереси или безбедносната стратегија, приоритетот ја менува насоката. Политиките во Блискиот Исток, како што се инвазијата во Ирак, често се оправдуваат со безбедносни и антитерористички аргументи, но исто така служат за заштита на американските економски интереси, особено во однос на енергетските ресурси. САД сака да се претствува како „глобален полицаец“ чија цел од остварување на демократијата, но од другите оваа улога не се доживува како таква со оглед на американските интервенции во туѓи конфликти. Тоа покажува дека целта на САД е искористување на туѓите ресурси за да ги надокнади сопствените. За да се постигне поголема рамнотежа во светот, САД треба да го преиспита својот пристап кон глобалната политика и да се фокусира на повеќе мултилатерални стратегии. Поголема флексибилност и признание на различните политички и економски модели може да ја намали тензијата и да води кон побалансиран светски поредок.
Let the chaos begin! *Македонија е премногу сиромашна за овие муабети ама раја сака да е важна и у тек со светските теми.
Од кога мислев темава да ја отворам ама ме претече ти па ај ја да ја сефтосам. Ќе зборувам за Трамп, најактуелно е најинтересно за муабет правање, другото за надворешната политика знаеме дека тие сечат и последниот збор е во нив. Јас како човек кој на политичкиот компас се наоѓа на левата страна кога е во прашање економијата, додека пак на културолошката оска повеќе се наоѓам на десната страна, поточно традиционализам и на некој начин конзерватизам, на изборите од ноември го поддржував Трамп (што многу лесно може да се види во претходната тема) и навистина мислам дека човек како Трамп под итно и беше потребен на се полибералната велесила. Либерализмот во Америка дојде до тоа ниво што е сосема нормално да видиш некој Венецуалец кај што силува дете и да се понашаш ко да е секојдневие или па тригодишно дете да го убедуваш дека бракот помеѓу мајка му и татко му всушност не е правилен и веќе застарена мода (доколку не бил тој брак и еден од родителите бил во врска со човек од ист пол, дете не би ни постоело - парадокс) и дека тој сам треба да си одлучи што ќе биде. Да се разбереме не сум за такви бракови и воопшто такви врски ама ако им е убаво на луѓето немам ништо против, нека тераат, ама што му ја труеш главата на детето уште од градинка? А доколку на истото дете му се рече дека треба да биде тоа што е и дека не може да одлучува тоа што ќе биде, одма предрасуди па и може в апсана да те стават. Доколку нешто не се промени во овие 4 години и министерот за образование (не знам кој им е) не донесе некои реформи, за 15 години велесилата ќе стане ЛЏБТКЈУ+ нација поради мода, со што и ќе стане држава на пензионери. Штом мнозината луѓе се од ЛЏБТКЈУ+ кјомунити, нема кој да раѓа деца. Е сега друго мене ме загрижува, зарем не е малку чудно и несвојствено толкава толпа луѓе како едвај да чекаше да дојде братот и да ги "спаси"? Потсеќа многу на периодот во Германија 1933 кога на Хитлер му течеа мед и млеко од уста за само неколку години подоцна да се најдат во центарот на пеколот. Потсеќа малку и на некои антихрист теории за кои се зборуваше уште пред 6/7 години. Да се надеваме на најдобриот исход и дека од второнаведеново нема ништо да се случи и дека златното доба на Америка допрва и претстои. Кога сме кај војните голем оптимист сум, уште пред да влезе во белата куќа војната во Палестина заврши и се оствари тоа што од одамна го имаше речено: "I want people to stop dying". Сега треба уште да се сретнат со другиот брат Путин најверојатно во Белград, претпоставувам летово или и по рано. Ајде па ќе видиме што ќе се случува. *Дур го напишам мислењето ме претекоа, сепак не сефтосувам ја
Светот многу одамна е зависен од Америка. И никогаш нема да може да се тргне од таа зависност. Освен ако не запалат цела држава па да изгори во пожар. Нема шанса за нов центар на моќ. Сите зборат за Кина, ама Кина е комунизам. Платите на 80% од населението се прениски за тие да бидат голем играч на светска сцена. Русија флекса, блефира јако. Јесте дека има нуклеарки. И што? И други држави имаат. Не им е целта нуклеарна. Третина население им се алкохоличари. А алкохоличар не може да стане светска сила. Индија исто како Русија. Премногу население, кое голем дел е пресиромашно за да изгради држава која ќе е светска сила. Другите не ги коментирам. Саудиска Арабија од дедоларизација и брикс, денес вика ќе инвестира 600 милијарди во УСА. Премногу зависат од нафтата што ја продаваат на западот за тие некому да му диктираат нешто. Последно од пред некој саат, побара Трамп од НАТО да одделат 5% од буџетот за воена опрема. Плус Дрил Бејби Дрил. Три дена од инаугурацијата, веќе цел свет го раздрма и тоа јако. Нека му ја мислат тие што сакаат трета светска. Ќе ја добијат со Трамп. Трамп сам ќе направи дедоларизација, ама нема да изгледа како што бриксовците ја замислуваа. Ќе биде шах мат ситуација. Според мое мислење, изборот на Трамп е добар за економијата на Америка, ама сме многу поблиску до светска војна сега, отколку било кога претходно. Ќе го чекам Путин дали ќе се осмели да се закани со притискање на црвеното копче. Со Бајден и Харис, под рака со европските лидери, Х пати се закани, црташе црвени линии. Да видиме кој е поголема будала сега, дали ќе има булито храброст да застане пред Трамп и да се заканува Ова е партија покер. Досега сите блефираа со картите што ги имаа на маса. Ама ова е нова тура, нов играч седна. Како што изгледа ситуацијата, изгледа ги има најдобрите карти в рака. Може и тој блефира со јак настап. Ама си знаат другите што карти имаат. Го чекаме моментот кога сите ќе ги отворат картите на маса. Дали бриксовци ќе ги остават на маса и ќе останат во игра или ќе стиснат FOLD и ќе се предадат сега и ќе чекаат на нова партија покер да се игра. Ама таа игра, ќе се игра за 20 години. Трамп сака и трет мандат, ќе менува закон сега. Дали ако стиснат фолд бриксовци сега и чекаат нова партија... Дали ќе дочекаат да седат на иста маса, или ќе ги станат од главна маса Времето ќе покаже. Едно се знае, не чека светла иднина. Дали мир во светот или нуклерна војна, сите ќе не огрее
Ех, ништо ново под сонцето. Секако дека одлуките на некој поголем ќе влијаат врз некој помал. Секој си изиграва полицаец кај што може, во околина и сфери на влијание. Русија во своја околина, Кина во своја, Индија во своја, САД кај што им се може, и тако даље. Секако дека економските одлуки на неколку големи и стабилни економии ќе влијаат врз малите гребатори како нас. Економски Кина тешко ви скоро време нешто ќе биде наметната врз другите, оти е изолиран пазар и економија затворена за светот поради социјалистичкиот систем. Кој саглам човек ќе вложува во кинеска фирма кога утре државата може да ја национализира? Додека САД се отворена економија за секој на планетава. Така да на крајот од денот битно е да се дружиме.
https://idiokratija.com/nedavne-vesti/kalifornija-zeli-da-se-otcepi-od-sjedinjenih-americkih-drzava Калифорнија планира референдум за отцепување во 2028 година. Доколку тоа се случи, плав претседател и плаво мнозинство во домот демократите ќе можат само да сонуваат.
Ова би се случило само ако Трамп успее да ја воведе диктатурата што ја планира. Па и вака и така би немале син претседател. Најдобро е тогаш сините земји да се повлечат од федерацијата според мене.
Шо бе така ? Југославија ќе и се случува на мурика ? ај ај ајјјјј Ами не е ни почнато уште мореее.. ццц сега ме замисли
Ова не е можно без измена на Калифорнискиот и Федералниот Устав. А, да го протнат некако и Калифорнија да излезе, толку ќе биде од САД.
Ако излезе Калифорнија, ќе излезе и Тексас и Флорида и Њу Јорк, сите тие се држави што можат сами да опстојуваат.
Нема веќе хемиска кастрација на деца во САД, деца прелажани од родовите активисти дека биле родени во „погрешно тело“.
Ова не ја забранува родовата грижа за децата, туку само ја отежнува. (Само првиот дел од најпоследната реченица во постот му содржи битна информација.) Буквално сите овие извршни наредби се ограничени врз кои домени од државата можат да дејствуваат, ама тука ги најавувате како да се некаква забрана во ефект низ цел САД. Исто така, не се забранети транс жени во женски спортови.