1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Политиката и нејзиното влијание врз различните сфери на животот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lady Phoenix, 7 декември 2016.

  1. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Предизборен период е, па не е чудно, а и неизбежно е политиката да се начне како тема во секојдневните разговори.

    Дали политиката влијае врз целокупниот живот на луѓето кои живеат тука - излишно е да се прашува. Директно или индиректно, навлезена е во секоја сфера од животот на обичниот граѓанин.

    Но, какво е нејзиното влијание во вашите животи? Сте се соочиле ли со понуда за партиско вработување? Или познавате некој таков? Дали го оправдувате тоа? Дали сте расипале пријателство со личност врз основа на различни политички убедувања? Дали нешто треба да се смени? Што е тоа? На каков начин? И уште многу прашања.


    Во темава можете да дискутирате за овие работи преку лични и туѓи примери. Да си го искажете (не)задоволството.

    Повелете.
     
    На Captain-Omni, theowndemon, Bender Rodriguez и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Јас знам девојка со средно текстилно се вработи во администрација само поради тоа што е од ромска националност. Зема над 30.000 денари и лета од самодоверба. Не е в ред и против сум да се вработуваат по Рамковен. Многу е неправедно. Од друга страна имам братучетка со 10 просек работи хонорарно за 8000.
     
    На Matotheja, Feminka192, anaja1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Како и колку влијае, можеме да заклучиме од самото тоа што и мали деца можеш да ги чуеш како зборат за Груевски и Заев. Јас како дете не знаев ниту една партија, ниту еден политичар, освен Киро Глигоров, зашто го учевме во школо како претседател на Македонија. Кога дома цело време се збори за политика, ништо чудно и децата да научат и да почнат да зборат за тоа.

    Еднаш кога гуглав статии за Македонија, најчесто напишани од странци за тоа како ја доживеале, имаше еден напишано нешто во стил: They drink a lot of rakija and always talk about politics.
    На некој странец можеби му е чудно што тој не си ги знае политичарите во неговата земја, а ние можеме да ги наброиме со име и презиме сите пратеници, и бивши и сегашни, сите градоначалници, па сега дури и заменици министри, технички, дополнителни, или не знам какви сè други. Дури и личната биографија им ја знаеме.

    Кога ќе размислам, скоро и да нема кафе-муабет средба на која барем малку не се начнала ваква тема. Да прашам некого што има ново, обично добивам одговор: - Ништо бе, еве, се мачам ко жив ѓаол, нема работа, нон стоп аплицирам на огласи, ама ништо, еве никој не ми се јавил... или - Еве бе, не сум се свртел дома, по цел ден ме викаат, ми ѕвонат на телефон, викендов не бев тука и пак ми пишуваат пораки да одам, а што да правам, немам решение веќе петта година... или - Што да правам, еве да ти кажам право малку ми е напорно деновиве, многу е ладно, а знаеш јас по цел ден надвор, вчера бев ноќна смена, измрзнав жив, а газдата знаеш дека не плаќа ноќен труд...

    И после ваков одговор за што да правиме муабет? За тоа дека отвориле Lindt продавница во Скопје? Секогаш се обидувам колку што можам да ги избегнувам тие теми, да зборуваме за нешто убаво, за нешто надежно, а да не е бугарски пасош. Еднаш дури преку глава ми дојде од еден те исти муабет, викам луѓе дај кажете нешто друго, доста веќе политика, стварно ќе станам и ќе си одам. После тоа пола саат зборевме за кактуси. Ете толку.
     
    На mileystar, Feminka192, Captain-Omni и 16 други им се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Политичари се луѓе шо за време на изборна кампања те молат да ги вработиш,за после да ти се курчат дека тие ќе те вработат тебе

    Од фб
     
    На realGirl, theowndemon, MiloMalo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Колкаво влијание и експанзија имаат темите на муабет околу политика овој период (околу избориве), се гледа и по тоа што јас како заколнат хејтер на политиката - почнав да читам, па дури и напишав по нешто во тие теми тука на форумов :D :bandit:
    Шала настрана, се информирам за настаните, имам некакво мислење ама во живо муабетите за политика секогаш ќе ме замараат. А навистина ги има - на факултет, на кафе, по автобуси... :worried:

    Политичка заслепеност не оправдувам во никој случај, ниту пак вработување со партиска книшка на работно место за кое личноста нема адекватни способности и квалификации - и никој не може да ме разубеди во тоа.

    А најжално ми е тоа сериозно расипување на пријателски односи поради партии и фактот што стварно постојат такви случаи, ниту сум можела да го сфатам тоа, ниту пак ќе можам некогаш... :tmi:
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Мене лично, политиката не ми расипала никаков однос со некој. Барем не некој кој ми значи, на други не сум обрнала внимание. Всушност, мене не ми сметало и не ми смета да се дружам со некој кој различно од мене гледа на политиката, се додека тој кон мене се однесува добро и ме почитува. Имам пријатели кои гласаат за различни партии но не изнесуваат никаков став на таа тема. Политика ретко се споменува меѓу нас и тоа јас ако одлучам да ја спомнам. :lol: Што се однесува до партиските вработувања, тие биле и ќе бидат секогаш присутни, кој и да е на власт.
     
  7. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Најболната тема на нашето општество, и форумско и рл општество.

    Имам пријатели кои не можат да просперираат ради партии, имам пријатели кои просперирале ради други партии на времето, па сега шират демагогии за недемократија додека пијат скап Џек Даниелс и возат џипови, имам пријатели кои не знаат да седнат на маса и да разговараат за што било друго освен за политика...

    Политички опседнатите фаци се комбинација од јеховини сведоци, хербалајф продавачи и Лајонес убедувачи. Да не ти влезат у муабет, бегај што подалеку.

    Муабет за театар, спорт, култура нешто, лични успеси, достигнувања, подвизи... слабичко, а и да ги има онда мора некоја финта да се спомне со Гујо или Зајко во зависност од тоа кој на која партија е наклонет.

    Ама добро, јас така поодамна сум прифатил дека просечниот граѓанин нема капацитет да разбере дека политиката е бизнис, па избегнувам комуникација со луѓе генерално, освен со оној мал процент луѓе кои actually имаат живот и можеш да збориш со нив за фини нешта.

    Некогаш со пријатели зборевме за филозофии, за глобални проблеми, за идеи за подобро општество, се расправавме за различните погледи на светот, но на крајот кога ќе се начукавме не се каравме за професионални докажани крадци како Никола, Зоран, Али и Зијадин, туку за тоа дали гзот на келнерката од Пјаца или онаа од Салун е подобар. Можеби е така зашто имавме секс, за разлика од денешниве млади кои политиката ги ебе секој ден на суво. :tmi:
     
    На Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  8. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Политиката има силно влијание врз животот на одредени поединци, партиски активисти, кои во одреден период се високо позиционирани на пиедесталот, но потоа како бумеранг паѓаат на дното. Останатите или бадијала трчале и се бореле за некој бенефит плус, или некои едноставно седеле “во сенка”, затоа останале ненаградени.
    Најубаво е кога политиката нема никакво влијание врз животот на поединецот.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Најубаво е кога поради политиката и благодарение на неа си на висока позиција и ќе се налапаш лесни парички + останати бенефити, да не се лажеме поинаку.
    Дневнополитички разговори во живо избегнувам, зашто повеќето луѓе тресат глупости и на крај ќе им се изнасмеам.